Ознака: градба

Дали ќе се обнови разурнатата црква во Октиси?

Post Views: 1 Православното население од село Октиси-Струшко, со последни сили се бори повторно да ја добие својата урната црква, Св.Димитрија. Нивниот последен апел го послуша ВМРО-Народна партија која лично се обрати до владата и до министерството за транспорт и врски да ја исправи оваа неправда-како што велат тие. Поради лошата состојба во која се наоѓала црквата св.Димитрија, жителите на Октиси решиле да ја обноват. Откако ја добиле дозволата за градба односно реконструкција, тие ја урнале оваа црква. Но решението за градба кое го добиле од Министерството за транспорт и врски,...

Continue reading

dzamija

Џамијата во Горна Белица, не може да се легализира

Post Views: 4 „Подобро да не ги отвараме картите. Религијата нека остане света и до крај да ја почитуваме. Во спротивно, можат сериозно да се затегнат конците на религиско поле“. Ова е пораката на градоначалнкот на Струга Рамиз Мерко, за предметот на дивоизградената џамија во Горна Белица. Но, ова е спротивно од она што беше кажано во неодамнешната изјава на Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Тој децидно кажа што се може да се легализира, а во тој дел воопшто не мислеше и на џамијата во Горна Белица.“Можам да ви кажам дека џамијата во Горна Белица нема да подлежи...

Continue reading

carsija

Во охридската чаршија безправно се гради во близина на Али Пашината џамија

Post Views: 0 Во охридската чаршија на две локации  се гради. Во близина на Али пашината џамија кај Чинарот отстранети се времени објекти за што граѓаните реагираат дека се подготвува теренот за градење. Во Амамот пак, се преземаат градежни зафати на дуќан поради што граѓаните се прашуваат дали смее да се менува ликот на трговскиот центар граден според идејно решение. Директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска за ТВМ вели дека  и за двата зафати не се побарани конзерваторски услови со кој заводот дава одобрение што е дозволено, а што не да се прави на објектите.  Додава...

Continue reading

sednica plaosnik

На локалитетот Плаошник ќе никнат зацртаните објекти

Post Views: 1 Предлог Заклучок за усвојување на Информацијата за реализацијата на деталниот урбанистички план кај локалитетот Плаошник отвори широка дебата помеѓу охридските советници на денешната 38 седница на Совет. Дејан Блажески советникот на ЛДП обвини дека освен политичко експозе на градоначалникот не виделе никаква релевантна информација за Плаошник и како сето тоа ќе се одрази врз Охрид. „Почитувани видовте дека безидејни се, видовте дека зборуваат дека возобновуваат нешто а напротив градат гротескни градби, видовте дека манипулираат со најниските чуства на луѓето а тоа се...

Continue reading

блато

Од МЗ Рача ја поздравуваат иницијативата за урбанизација на „Студенчишта“

Post Views: 2 „Jа информираме јавноста дека сопствениците на земјиштето во У З 17.1 и Месната Заедница од Рача  се согласуваат и ја поздравуваат иницијативата за урбанизација на овај дел од Охрид.“Јавно  искажеме поддршка и согласноста  за урбанизација на нашите приватни имоти затоа што никој нема право да ни го одземе правото на урбанизација на земјиште на кое нема ни б од блато.Застануваме зад  носењето на Генералниот урбанистички план  што се однесува за овој дел од Охрид , затоа што со сегашниот  кој е донесен во 2006 година, нашите имоти се блокирани  во однос на остварувањето...

Continue reading

urbana oprema

Урбаната опрема-жешка тема на петочната седница на Совет

Post Views: 1 Поставувањето на урбана опрема за 2015та година ќе биде една од жешките теми на петочната 37 седница на Советот на општина Охрид. Советниците ќе се произнесат и по однос на неизбежните предлог одлуки од сферата на урбанизмот. Од нив, се чини најинтересна е онаа за дефинирање на границите на централното градско подрачје. Ова, според претставници од Секторот за урбанизам го налагаат Законите за градба и за градежно земјиште, бидејќи, од тоа, дали објектот или земјиштето се наоѓа во централно градско подрачје ќе зависи и бројот на паркинг места при добивање одобрение за...

Continue reading

Има место за црква во Октиси

Post Views: 4 Никој нема право да оттуѓи имот од МПЦ. Во Октиси ќе се гради светиот храм-црквата „Св. Димитрија“. По половина година од немилиот настан на 15-ти ноември, кога за време на поставувањето на темелите за црквата Св. Димитрија градежниот инспектор од Струга, а по налог на градоначалникот Рамиз Мерко, ги стопира активностите, донесено е извршно решение од страна на Министерството за транспорт и врски. Според хронолошкиот приказ на сите настани поврзани за возобновувањето на црквата Св. Димитрија, Отец Зоран Попоски вели дека овој Божји храм првично бил возобновен 1971...

Continue reading

damboj iznenering

Квалитетот, тајна за успехот на градежната компанија Дамбој инженеринг

Post Views: 53 Добар архитектонски план, употреба на најквалитетни материјали, современа технологија и пред се поволни цени. Ова според Благоја Карадакоски, косопственик на градежната фирма Дамбој инженеринг се препознатливите карактеристики кои со години ги чуваат во врвот на оваа индустрија. Карадакоски смета дека Охрид, како туристичка дестинација има одлични локации за градба, но дека самото тоа прави за повисока цена на становите. Побарувачката вели дека ја има, но дека најголемиот дел од заинтересираните сепак доаѓаат од другите градови од земјава. А оние што ги купуваат нивните...

Continue reading

општина

Локална: СДСМ е отсутна од случувањата во Охрид

Post Views: 0 Реакција од Локалната самоуправа на изнесеното на прес конференцијата на OO на СДСМ. Реакцијата Ви ја пренесуваме во целост: СДСМ Охрид продолжува упорно да прави репризи на своите јавни настапи и прес конференции и со нив да покажува отсутност од случувањата во градот и администрацијата, и да поставува исти прашања на кои и самата го знае одговорот бидејќи нивните советници добиваат одговори за се што ќе пројават итнерес, па така и за овие прашања.Во оваа партија добро  знаат дека градбата на новата автобуска и домот за стари лица се во фаза на добивање на сите потребни...

Continue reading

parking kuba

Се уредува паркингот кај „Студенчишта“

Post Views: 2 Започнаа активностите за уредување на паркинг просторот наспроти Центарот за обука на вода во непосредна близина на мостот кај каналот “Студенчишта“ со кој  стопанисува ЈП “Билјанини извори.“  Активностите ги реализираат охридските јавни претпријатија “Ниско градба“ и “Градски гробишта“. Паркингот се очекува да биде ставен во употреба на крајот од оваа недела и ќе биде наменет за паркирање на околу 60-ина автомобили, информираат од Локалната Самоуправа. Паркирањето ќе изнесува 30 денари за час. Добро е што просторот се уредува затоа што од пред една недела граѓаните...

Continue reading

zatvor

Затворот Идризово ќе биде урнат, ќе се гради нов

Post Views: 9 Затворите во земјава ќе бидат целосно реновирани, според најстрогите европски стандарди. Зградата на најголемиот затвор во државата „Идризово“ ќе биде урната и на нејзино место ќе се изгради нова зграда, според најсовремените европски стандарди на 43.000 квадратни метри со капацитет за 1.510 лица. Административниот совет на Банката за развој при Советот на Европа и одобри заем на Македонија во износ од 46 милиони евра, а вкупниот износ за проектот реконструкција на казнено-поправните институции ќе чини 52 милиони евра. Македонската влада ќе обезбеди 2,5 милиони евра...

Continue reading

mizo investicii

Детали за двете германски инвестиции што треба да вработат 1800 охриѓани

Post Views: 7 На денешната прес конференција на кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, изнесени повеќе детали околу двете најавени германски инвестиции кои би требало да се реализираат во градов. Според Директорот на Дирекцијата за слободни економски зони, Виктор Мизо, ова е знак дека веќе започнува целиот ланец на компании и нивни добавувачи да доаѓаат во Македонија. Мизо смета дека со изградбата на слободната економска зона во охридско-струшкиот регион, ќе значи доаѓање и на други компании во градов. Тој информираше дека претставници и од втората германска компанија која најавила...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top