Ознака: градба

Кривична за 62-годишна жена поради „бесправна градба“ во Пештани

Post Views: 0 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.А. (62) на привремена работа во Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба”. Пријавената, на сопствена катарстарска парцела во селото Пештани, без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган и спротивно на другите одредби од Законот за градење, изградила објект за домување. При инспекциски надзор извршен на 05.01.2022 година, овластен градежен инспектор при општина Охрид, донел решение за отстранување на градбата – информираат од...

Continue reading

Во Трпејца констатирани по една бесправна градба и узурпација на државно земјиште во Националниот парк Галичица

Post Views: 0 Една бесправна градба и една узурпација на државно земјиште во НП Галичица констатирале во 2020 службите од оваа Национална установа. Андон Бојаџи од НП, напоменува дека во рамките на паркот во континуитет се случуваат бесправни активности како што се изградба на објекти, но и на балкони или потпорни ѕидови. „Чуварите на НП прават записник за констатација дека на некоја парцела има градежни активности. Установата подготвува извештај со заклучоци и препораки. Поглемиот дел од извештаите ги правам јас и барам редовно институцијата да се обрати до Градежниот инспекторат...

Continue reading

koloseum

Ќе остане ли Рим без Колосеум?

Post Views: 16 На Колосеумот, една од најпознатите градби во светот и симбол на италијанската престолнина, му се заканува опасност да се сруши, доколку властите го реализираат својот план во негова близина да изградат метро-станица, предупредува здружението за заштита на културното наследство “Наша Италија“. Според зборовите на претседателот на ова здружение, Карло Рипа ди Меане, поради ископувањата во непосредна близина на Колосеумот, темелите на таа градба би можеле да попуштат. Меане и неговото здружение бараат од судот да се забрани изградбата на станицата на метрото кај Колосеумот,...

Continue reading

Стационарот за бездомни кучиња ќе профункционира кога ќе престане мораториумот за градба

Post Views: 2 Започнувањето со работа на  стационарот  за згрижување на  бездомни кучиња  тапка во место заради административни  процедури. Проблем е изработката на локална  урбанистичката документација,  која  е стопирана поради воведениот мораториум  за издавање дозволи за градба. Според диркеторот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски  единствено се чека дозволата за отпочнување со работа,  која ја издава Агенцијата за ветеринарство  за што е  потребен  документ дека земјиштето е во сопственост на Комуналец. Останатото е се` подготвено. Набавени се возила, обезбедени вакцини...

Continue reading

Dik Pound

Допинг има и во „белиот спорт“

Post Views: 8 По допинг скандалот со Ленс Армстронг, кој до темели го потресе светот на велосипедизмот, на ред би можел да дојде тенисот. Имено, Дик Паунд, поранешниот шеф на Светската антидопинг агенција, верува дека и ’белиот спорт’ има проблеми со допингот. Армстронг призна дека сите седум титули на ’Тур Д’Франс’ ги освоил со помош на допинг, а Паунд не крие дека се сомнева дека такви работи се случуваат и во тенисот.Како пример тој ја наведува физичката градба на денешните тенисери во однос на оние кои играле во осумдесеттите години од минатиот век. „Беше многу забавно на Вимблдон...

Continue reading

Заев: Не треба да се гради Али пашината џамија ако нема одобрение за градба

Post Views: 0 Без одобрение за градба, не може да се гради, никаков објект, категоричен премиерот на РМ Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа, дали е запознат со реконструкцијата на Али Пашината џамија која се гради и покрај забелешките на надлежните институции кои констатираа прекршувања на прописи и други незаконитости. „Ако нема одобрение за градба не треба да се гради. Ако не постапи општинскиот инспекторат за градежништво ќе постапи државниот инспекторат. Во Македонија важат законите и тие мора да ги почитуваат сите. Јас исклучително испраќам порака да се почитуваат...

Continue reading

industriska

Струга доби индустриска зонa

Post Views: 9 За два месеци во Струга ќе никне новата индустриска зона. На потегот од река Сатеска до аеродромот, северно од магистралниот пат, на површина од 31 хектар се прават завршните подготовки за сервирање на овој плац на можните инвеститори. Раководителот на Секторот за урбанизам Натмир Неџипи, кажа до каде се подготовките околу завршната документација за трговско индустриската развојна зона на подрачјето на општина Струга. „Иначе документацијата ја работат фирми од Скопје, кај нас поднесено е барање за потребната документација, со нив е излезено на терен, целата консултација...

Continue reading

11 одобренија за градба издала Општина Охрид во декември минатата година

Post Views: 0 Единаесет одобренија за градба издала општина Охрид во месец декември, минатата година. Според видот на инвеститорот, со одобренија се стекнале 10 физички лица и 1 деловен субјект, со предвидена вредност на објектите од 44.337 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2021 година, во земјава се издадени 378 одобренија за градење, што е за 23.9 % повеќе во однос на истиот месец од 2020 година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 228 се наменети за објекти од високоградба, 42 за објекти од нискоградба и 108 за објекти за реконструкција. Од...

Continue reading

Adora

Адора Инженеринг со вредни награди за купувачите на стан

Post Views: 6 Под слоганот 100 % МАКЕДОНСКА КВАЛИТЕТНА ГРАДБА, Адора Инженеринг на препознатлив штанд се претставува на 4-тиот Меѓународен саем на недвижности и инвестиции RealExpo 2014, кој беше отворен денес на скопскиот саем во рамките на 11-тиот Саем за градежништво. Саемот го отвори заменик претседателот на владата на Република Македонија и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, а најпосетен беше штандот на Адора Инженеринг. Сите купувачи на стан на саемот со останатите купувачи во текот на годинава, влегуваат во наградната игра за добивање на најнов модел автомобил ПОЛО,...

Continue reading

Државниот инспекторат за градежништво побара да се поништи одобрението за градба на хотел во Лагадин, од општината тврдат се е легално

Post Views: 0 Локалната самоуправа и понатаму тврди дека нема ништо незаконско во изградбата на хотелот во Лагадин, иако Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам достави барање за поништување на одобрението за градба на спорниот хотел. На локацијата каде што од пред два месеци започнаа градежните работи за изградба на спорниот хотел во Лагадин. Денеска на градилиштето имаше градежни активности. Дали на оваа локација ќе продолжи градењето на хотелот зависи како ќе се постапи по барањето на ДИГУ доставено до општината за поништување на одобрението за градба. Од општината не...

Continue reading

Доцни изградбата на Домот за стари лица во Охрид, се чека одобрение за градба

Post Views: 5 Изградбата на Домот за стари лица во Охрид сеуште тапка во место. На локацијата во населбата Далјан, каде што треба да се гради овој дом,  нема никакви градежни активности. Изградбата  беше најавувана дека ќе стартува во 2016 година, согласно договорот со кој купувачот беше обврзан  во рок од 12 месеци да обезбеди одобрение за градба, а во рок од 4 години да го изгради објектот согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено. Градоначалникот Никола Бакрачески доцнењето го лоцира кај инвеститорот АД „Илинден„, кој го купи градежното земјиште во 2015 година. Укажува...

Continue reading

Доцни изградбата на Домот за стари лица во Охрид, инвеститорот АД Илинден сеуште нема одобрение за градба

Post Views: 5 Изградбата на Домот за стари лица во Охрид сеуште тапка во место. На локацијата во населбата Далјан каде што треба да се гради Домот нема никакви градежни активности.Изградбата  беше најавувана  дека ќе стартува  во 2016 година  според договорот со кој купувачот беше обврзан  во рок од 12 месеци да обезбеди одобрение за градба, а во рок од 4 години да го изгради објектот согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено. Градоначалникот Никола Бакрачески доцнењето го лоцира кај инвеститорот АД Илинден кој го купи градежното земјиште во 2015 година. Укажува дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top