Ознака: Гоце

narkomani duvlo

Во нас. Гоце Делчев ново дувло на наркомани

Post Views: 27 На влезот од нас Гоце Делчев никна уште едно собиралиште на зависници од дроги.  Станува збор за објектот кој некогаш беше продавница на Охридска Трговија, а потоа на Напредок. Овој објект кој е цврста градба иако од надвор е во добра состојба, внатрешноста е нешто сосема друго. Расфрлани шишиња, шприцеви, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни. Се обративме во СВР Охрид со цел да откриеме што секторот превзема со цел да им помогне на жителите од населбата Гоце Делчев. Од таму добивме уверување дека во рамките на нивните редовни активности ќе обрнат внимание...

Continue reading

gubre

Наместо во својот двор, некои охриѓани ѓубрето го фрлаат кај комшиите

Post Views: 4 На несовесни граѓани пракса им стана ѓубрето наместо во својот, да го одлагаат пред ќуќата на комшиите.  Ристо Карадимчески раскажува дека за овој проблем се обидува решение да најде веќе две години, но освен ветување од надлежните органи, нама ништо друго. „Алармирав до надлежните инспекции за проблемов, дојдоа два три пати и ми рекоа требало јас да ги сликам луѓето навечер што ќе го фрлат ѓубрето и да му однесам документи. Сликав јас двајца ги однесов таму и до ден денеска ништо. Еве баш овие куќи од сокачето целото ѓубре го фрлаат кај мене“, вели Ристо Карадимчески. Карадимчески...

Continue reading

secenje lenta igralishte

Свечено отворени детски игралишта по повод 11 Октомври

Post Views: 8 Новоизградените детски игралишта во населбата „Гоце Делчев“ позната како „Бараки“ и игралиштето во близина на кружниот тек кај болниците, денес добија и официјална промоција. Нишалки и забавни реквизити, кошеви и игралиште за фудбал за најмладите, но и уреден парк за постарите лица. А најмладите воодушевени од новите реквизити. „Јас сум многу задоволна од овој парк“ „Јас сум многу задоволен за паркот во населбата „Гоце Делчев“ и честит празник.“-рекоа дел од нив. Градоначалникот Петрески смета дека овие игралишта им се потребни на најмладите и вели дека во иднина очекува...

Continue reading

OU Goce delcev Podgorci

Што се случи со бистата на Гоце Делчев во Подгорци?

Post Views: 13 Постаментот на кој стоеше бистата на македонскиот револуционер Гоце Делчев во истоименото училиште во Подгорци остана празен. Дознаваме дека уште во четвртокот некој ја извадил, но поради што, се плетат различни приказни.   Едни велат бронзениот споменик тежок 200 килограми бил разнишан и паднал, а други дека намерно бил тргнат. Ни учениците кои секојдневно се собираат околу споменикот  поставен веднаш до основното училиште не знаат што точно се случило со бистата. Спомен обележјето на Гоце Делчев во училиштето е поставено од страна на одборот на манифестацијата „Гоцеви...

Continue reading

filmska revija

Вечер на филмот во Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 0 Филмска вечер во Охрид. Во центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва ќе се прикажуваат два документарни филмови и еден краткометражен игран филм. Трите се режирани од младиот македонски режисер, Гоце Димовски. Првиот документарен филм, насловен „Трендафил и кунатка“ е снимен во 2006та година и претставува етнолошки документарен филм, а ја обработува темата пустошот на македонското село. „Бисерот од небото“, вториот документарец всушност претставува портрет на познатиот музичар Јане Ангелевски и е посветен на годишнината од неговото упокојување. Покрај овие два филма,...

Continue reading

srsheni nisalki baraki

Детските игралишта се почесто мета на вандалски чинови

Post Views: 10 Кога ги нема, се жалиме зошто ги нема, а кога ги има не знаеме да ги чуваме. Детските игралишта низ градов се почесто мета на вандалски чинови. Последно на мета се најде неодамна изграденото детско игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Само еден месец успеа да издржи недопрено и целосно функционално, но сега за жал веќе не е така. Најпрво настрадаа нишалките во игралиштето. Од локалната самоуправа велат дека ова не е прв ваков случај на уништување на забавните реквизити. „Ние секако дека ќе го санираме овој искршен дел но не е добро да се трошат пари за иста работа,...

Continue reading

igraliste

Во тек е изградбата на детски игралишта во населбата „Гоце Делчев“

Post Views: 8 Децата од населбата „Гоце Делчев“, конечно ќе го добијат своето катче за спорт и игра. Генерации од нив израснаа играјќи на улица, секојденвно стравувајќи од автомобилите. Велат, дека не можат да дочекаат да го добијат својот долгоочекуван спортски терен. Советникот за улици, Зоран Шикалески објаснува дека овој нивен зафат се гради според постоечкиот Урбнистички план, донесен уште во 1991 година и согласно програмата донесена од страна на Советот на општина Охрид. „На тој дел ќе се изградат две игралишта, едно детско игралиште, со детски реквизити, нишалки, лизгалки...

Continue reading

Mojsoski

Хуманитерен календар – подарок за охриѓани од Гоце Мојсоски

Post Views: 13 Охриѓанецот Гоце Мојсоски кој на светскиот избор за  мистер на убавина, го претставуваше Охрид и Македонија, подготви Новогодишно изненадување за охриѓани. Побликува хуманитарен календар, со што ја покажа својата хуманост на дело. Идејата ми беше да допринесам во собирање на средства, а со тоа да им помогнам на луѓето за празнициве да си поминат убаво, вели Мојсоски.„Решив да донирам 100 тина календари во Црвен крст кои подоцна ќе можат да си ги продаваат, а собраните пари да ги оскористат за хуманитарни цели. Цената за календарот ќе си ја одреди Црвениот крст , како...

Continue reading

touch screen

Mерки за заштита на инфо пултовите

Post Views: 1 Завршени се сите постапки за поставување  на инфо пултови. Информациите кои ќе бидат поставени се бесплатни и ќе бидат од корисни и за туристичките субјекти во градот и за гостите, нагласува раководителот на Тлер Гоце Симоноски. Тоа е планирана активност на Локалната самоуправа  за помош на сите заинтересирани во туризмот. Симоноски додава дека со ова ќе се надмине досегашната грда слика на „чекачи“ на туристи, а посетителите на современ начин ќе доаѓаат до информации. За заштита на инфо пултовите од нашиот добро познат вандализам се преземени неколку  мерки. „Дополнително...

Continue reading

transformator

Не треба да си Тесла за да сватиш

Post Views: 7 Од барот Објектив кој се наоѓа во непосредна близина на орманот тврдат дека во неколку наврати за проблемот ги информирале во ЕВН, но до денеска никој не превзел ништо. Контактиравме со портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески кој за проблемот дозна од нас. По фотографиите кои му ги испративме тој призна дека овој орман кој е под висок напон е вистинска опаснот за граѓаните. Ковачески, спротивно од информацијата од граѓаните, тврди дека во кол центарот на ЕВН, се до нашето јавување не било пријавено за проблемот. Според портпаролот уште попладнево екипа на ЕВН ќе го поправи...

Continue reading

11 Oktomvri

Свеченост по повод празникот

Post Views: 0 Не смее да ги заборавиме хероите чии што животи се созидани во денешната слобода. Денес во општина Охрид се одржа свеченост по повод 11 октомври денот на востанието на македонскиот народ и 30 годишнината од смртта на Петре Пирузе – Мајски. Претседателот на Охридскиот Сојуз на борците од НОАВМ (1941-1945) и граѓаните продолжувачи на општините Охрид и Дебрца, Гоце Ѓоргиески се обрати до присутните со честитки по повод денот.Потпретседателот на Општинската организација на борците од НОАВМ Никола Стефаноски, во рамките на одбележувањето на двата настани, рече дека неможе...

Continue reading

dupki

Дупки стари повеќе од 25 години

Post Views: 7 Асфалт стар повеќе од 25 години. Уличната мрежа од Населбата „Гоце делчев“ попозната како Бараки, се наоѓа во очајна состојба. Жителите на населбата револтирани велат, крајно време е да се санира истата во целост. „Некои нејзини делови не доживеале санација повеќе од 25 години, па крајно е време да се интервенира поради тоа што ги уништивме автомобилите“, се жалат жителите на оваа населба. Инаку, населбата „Гоце Делчев“ брои над 200 домаќинства од кои секое има минимум по еден автомобил.   „Оштетувањата кои секојдневно се нанесуваат на нашите автомобили од страна на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top