Ознака: вчера

punkt

Денови на идеи

Post Views: 2 Од вчера охриѓани можат своите идеи да ги напишат и да ги остават на пунктот на плоштадот Св. Климент Охридски. Ова е пракса на ВМРО ДПМНЕ во последниве неколку години а со цел граѓаните да можат своите лични идеи  за тоа што треба да се направи во средината во која живеат или пак во државата да ги искажат тајно. Потоа идеите се разгледуваат и оние кои се издржани се ставаат во програмата која се подготвува за наредните парламентарни избори за таа да биде поблиска до народот. Многу идеи кои граѓаните ги дадоа на пример за едно евро за метар квадратен за продажба на државно...

Continue reading

stefan dimovski

Охриѓанец олеснет за 1,2 милиони денари

Post Views: 2   Охриѓанец олеснет за 1,2 милиони денари. Вчера попладне од неговиот дом на улица Дејан Војвода украдени се повеќе златни предмети и пари. По пријавување на тешката кражба стручни полициски екипи извршиле криминалистичко технички увид при што констатирани се сите аспекти на ова тешко казнено дело. Интересен е податокот дека при увидот не се пронајдени знаци на насилно влегување во станот, вели портпаролот на СВР, Стефан Димовски. Сторителите или сторителот на ова казненоп дело нема долго да му се радува на пленот. Набрзо ќе бидат изнесени пред лицето на јавноста. Тоа...

Continue reading

PayPal во Македонија

Post Views: 1 Оnline сервисот за плаќање и трансакции, PayPal, од вчера е достапен и во Македонија.Освен во Македонија, PayPal вчера соопшти дека е присутен и во 9 други држави: Монако, Белорусија, Молдавија, Парагвај, Камерун, Брегот на слоновата коска, Нигерија, Црна Гора, и Зимбабве. Директорот на PayPal, Rupert Keeley, најави дека на почеток корисниците од Македонија и другите 9 држави ќе можaт само да плаќаат оnline преку овој сервис но нема да може да примаат пари преку него.“Во прво време ќе се нуди само испраќање пари, односно плаќање за стоки купени на интернет, додека корисниците...

Continue reading

pozar zgrada Turisticka

Координативно тело ги превзема работите со опожарената зграда на Туристичка

Post Views: 2 Откако жителите на опожарената зграда на бул. Туристичка пред камерата на ТВМ проговорија за проблемите со кои се соочуваат по пожарот, нивната мака ја видоа граѓаните на Охрид, но што е уште поважно, локалната власт и надлежните. Рано утрово на иницијатива на градоначлникот формирано е координативно тело, со цел да им се помогне на жителите од оваа зграда. Телото го сочинуваат преставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот и секретарот, преставници на градскиот совет, Противпожарната единица, Секторот за комунален развој и сообраќај , Центарот за...

Continue reading

opstina ohrid

Успешно заврши јавното наддавање за поставување урбана опрема

Post Views: 0 Jавното наддавање за поставување на урбана опрема кое се спроведе вчера помина во најдобар ред, велат од Локалната. Од пристигнатите 172 понуди разгледани биле 166. 5 не учествувале во наддавањето, а една воопшто не била земена во предвид бидеќи не била комплетна. Од предвидените 25 локации за поставување фрижидери за сладолед издадени се сите. Фрижидери ќе има на Сараиште, на градскиот плоштад а најголемиот дел ќе бидат поставени по кејот. Од предвидените 8 локации за продажба на уметнички слики исто така издадени се сите. Издадени се и сите 6 локации за продажба на...

Continue reading

slatinsko ezero

Слатинско Езеро пред еколошка катастрофа

Post Views: 1 Вчера требаше да биде првиот ден за риболов на Слатинското Езеро. Наместо тоа рибниот фонд ќе се излови бидејќи езерото е пред еколошка катастрофа, открива претседателот на здружението на рекреативни риболовци Св Апостол Петар, Радован Димитриески. Според него ваквата состојба се должи на непреземањето  мерки за санација на пукнатината од браната. „Хидробиолошкиот Завод вчера на Совет донесе мислење, да рибата се излови, при што ќе се изврши здравствен преглед на рибата и капиталните примероци на краповите ќе се префрлат во дворот на хидробиолошки завод во нивното мрестилиште...

Continue reading

galicica

Во убавините на Галичица уживаше реномираниот фоторепортер од Национална географија, Бојд Матсон

Post Views: 1 Промотивна тура на планина преку која се означи почетокот на летната сезона на движење на планина. Оваа тура која се одржа вчера беше во организација на Црвениот крст  и со логостичка поддршка на единицата за спасување на непристапни терени и водичи во планина кои се и лиценцирани членови на оваа единица.Групата која вчера планинареше броеше околу 23 лица, кои  без оглед на временските услови се искачија до врвот на Галичица. „Сите кои што беа речиси се искачија до самиот врв. Малку имаше дожд, но не беше ништо страшно, временските услови беа фантастични. Имавме можност...

Continue reading

topki

Екипи од локалната ги отстранија бетонските топки

Post Views: 2   По паркинг рамките,  дојде ред и на бетонските топки. Екипи ангажирани од Локалната самоуправа денеска започнаа да ги отстрануваат бетонските топки кои го попречуваа нормалното движење на кејот Маршал Тито. „Како што ви е познато по иницијатива на МВР започнавме со отстранување на сите бетонски препреки во центарот на градот. Вчера се отстранија сите  метални рампи и денеска продолжуваме со отстранување на бетонските топки на кејот.“-изјави Танас Танаскоски, раководител на општински инспекторат. Инаку бетонските топки беа поставени на почетокот на јуни 2012 со одлука...

Continue reading

niskogradba

ЈП „Нискоградба“ во акција за санација на кејот

Post Views: 2 Започна санацијата на шеталиштето долж кејот на Охридското езеро. Почнувајќи од вчера, вработени во јавното претпријатие „Нискоградба“ започнаа со процес на замена на бекатон подлогата  која беше оштетена во невремињата кои го зафатија Охрид. Високите бранови изминативе недели направија големи штети долж кејот кој во најголемиот дел беше поплавен, а бекатон плочките беа расфрлани по шеталиштето. Со подобрувањето на временските услови, особено вчера и денес, се очекува и забрзување на темпото на работа околу санацијата на кејот. Денес затекнавме и дел од екипата која...

Continue reading

mikseta

Се стиска обрачот околу ММИ

Post Views: 6 Ќе се плаќа или нема да се плаќа за јавно емитување на македонска музика? Сеуште нема разрешница на ова прашање, а во меѓувреме, кај медиумите се поголем отпор против Македонската музичка индустрија, здружението кое наметна нова давачка за сите оние кои јавно ќе емитуваат македонски фонограми. Атмосферата уште повеќе ја вжештија националните медиуми, откако деновиве јавно покренаа иницијатива за одземање на дозволата на ова новоформирано здружение. Вчера трите национални медиуми, Сител, Канал 5 и Алсат-М, ја добија подршката и од останатите свои колеги. „Вчера во Битола...

Continue reading

radiator

Проаква еден ден без нафта

Post Views: 4 Дали МЈП „Проаква“ Охрид, се соочува со недостиг на нафта за греење? Дел од вработените во ЈП, реагираа дека вчера работеле во студени простории до 11 часот по што си заминале. Имено, радијаторите во административните простории биле ладни поради немање на нафта за греење. Првиот човек на меѓуопштинското претпријатие Златко Старкоски убедува, дека проблемот што вчера се работело само до 11 часот не бил во недостигот на нафта, бидејќи цистерната пристигнала во претпријатието истиот ден во 10 часот и 30 минути. „Вчера имавме ние еден мал проблем, ако може да се каже од...

Continue reading

debrca

Славна Дебрца не функционира

Post Views: 0 Селата од Дебрца отсечени од цивилизација.Мештаните  гневни на ЕВН. Покрај тешко продните патишта од снежните наноси кои деновиве го зафатија овој крај, капак на се е немањето струја но и мобилна телефонија. Дење излегуваме да ја видиме светлината на сонцето, бидејќи долгите ноќи ни се мрачни без струја, се жалат мештанит на оваа месност. „Овој живот е кучешки во седмиот век луѓето поубо живееле отколку сега. Да немаш струја то е катастрофа, до вчера бевме отсечени поради снегот. Никој ЕВН доаѓа само кога треба да исклучат, а сега ги нема неможат да го најдат дефектот....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top