Ознака: вработувања

svr

Екс градоначалникот на Охрид заработи нова кривична пријава

Post Views: 4   СВР Охрид покрена уште една кривична пријава против поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, поради постоење основа за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Портпаролот Стефан Димоски информира дека пријавениот спротивно на законските нормативи вработувал, а тоа го правел без претходно да има соодветни писмени барања од страна на раководителите на сектори и другите организациски единици во рамките на општинската адмистрација. „Пријавениот кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“го направил во периодот...

Continue reading

logo

Кривична пријава за охриѓанец за 165 договори за вработувања без издржана потреба

Post Views: 7 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(50) од Охрид. Во периодот од декември 2012 до март 2013 година, пријавениот во својство на градоначалник на ЕЛС општина Охрид, делувајќи по претходна умисла, веројатно со намера да се стекне со што поголемо општествено влијание како кандидат за Градоначалник на општина Охрид во пресрет на Локалните избори 2013, спротивно на Законот за работни односи противправно склучил сто шеесет и пет договори за времени вработувања...

Continue reading

ekonomsko

Средното општинско училиште Св. „Кирил и Методиј“ ќе се осовременува

Post Views: 2   Средното општинско училиште Св. „Кирил и Методиј“ ќе се осовременува. Директорката Славица Костоска вели дека откога оваа пролет се донела одлука на Совет средното економско училиште да  се издвои од Гимназијата Св. „Климент Охридски“, вработените се зафатиле со активности за создавање подобри услови за работа. Уште во летниот период со помош на спонзори биле преадаптирани неколку простории во училници.Просторните услови сега засега ги задоволуваат потребите, но со цел модернизација на наставата планираме и изработуваме проекти. Еден од нив е за поставување нова дограма...

Continue reading

grb

Договори кои мора да се почитуваат

Post Views: 2 Неколку сектори во локалната самоуправа во Струга сеуште чекаат ракводители. Конкурсот за вработување објавен па повлечен. “Договорот помеѓу коалиционите партнери во општина Струга мора да биде испочитуван, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Секторите за урбанизам и образование во општина Струга сеуште ги раководат старите кадри од ДУИ, блиски на градоначалникот Рамиз Мерко. Дознаваме дека конкурсот кој што беше објавен во месец ноемврии и со кој требаше во овие сектори за први луѓе да се постават членови од ВМРО ДПМНЕ  е поништен, како што се вели поради недостаци во истиот....

Continue reading

detska gradinka

Детската градинка„ Јасна Ристеска“ ќе го проширува капацитетот

Post Views: 5 Детската градинка „Јасна Ристеска“  ќе го проширува капацитетот со  неколку нови занимални. Се планира отварање на нови групи во  населбата Радојца Новичиќ и во Пештани со прифаќање од 18 до 25 деца од 3 до 6 годишна возраст. Проширувањето на капацитетот на градинката ќе биде во основните училишта Кочо Рацин и Св. Наум Охридски, како и во простории кои досега не биле користени во објектите Развигорче и Лихнида. Интересот на родителите децата да бидат згрижени во градинка  и оваа година е многу голем, информира директорката на градинката Роза Костоска. Додава дека  постојано...

Continue reading

лого

Реакции на ДПА за вработувањата

Post Views: 4 Бараат да се поништи огласот и еден од основните критериуми да биде задолжително познавање на албански јазик. За партиските вработувања во Локалната Самоуправа во Струга денес се огласија од огранок на ДПА. Од таму велат дека ДУИ и градоначалникот Рамиз Мерко се марионетки на Вмро Дпмне, односно прават се што ќе им наложи нивниот коалиционен партнер. „Сакаат раководител на Секторот за урбанизам да биде кадар на Вмро Дпмне во време кога архитекти албанци талкаат по улиците невработени“-истакна претседателот на ДПА во Струга, Зиадин Села.Покрај овие забелешки, од ДПА...

Continue reading

logo

Вработувања, вработувања…

Post Views: 2 Од 4-те сектори во Локалната Самоуправа, двa предвидени се за членови на ВМРО ДПМНЕ. Заврши конкурсот за вработување во општината. Нашиот коалиционен партнер се придржува на ветувањето. Партиски членови ќе се поставуваат на раководни функции во Општина Струга.  Конкурсот за вработување во  4-те сектори во Локалната самоуправа заврши  пред два дена,  дознава ТВМ. Во истиот е предвидено  2 работни места на раководители да бидат  наменети за  вмроовците, неофицијално дознава ТВМ. Новите вработени во Локалната самоуправа ќе бидат  Вишња Дурацоска и Перо Дејкоски, долгогодишни...

Continue reading

zeleznicka

Николовски: После 35 години Охрид ќе заживее со 1800 вработувања

Post Views: 3 Прв пат после 35 години Охрид комплетно ќе заживе со преку 1800 нови вработувања во следните две три години, кажа Александар Николовски, кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО- ДПМНЕ. Тој ја посочи инвестицијата тешка 15 милиони евра во автомобилската индустрија на германскиот ОДВ електрик и на уште еден германски гигант во индустриската зона во охридско струшкиот регион како почеток на економското заживување на регионот. Работите кои што ги ветуваме, ги остваруваме истакна Николовски и потсети на еден од најголемите инфраструктурни проекти,  изградбата на булеварот...

Continue reading

tomograf

Арнаудов: Постапката за вработување во општа болница е при крај

Post Views: 2 Охридската општа болница во исчекување на новото освежување на медицински персонал. Засега сеуште е неизвесна состојбата на медицинскиот персонал кој конкурираше на огласот за новите вработувања во здравството. Нивната судбина е во рацете на Министерството за здравство, вели директорот на охридската болница д-р Љубен Арнаудов. „Вработувањето се врши на ниво на Р. Македонија. Се работи за поголем број на кандидати и таа постапка е подолготрајна имаме 400 лекари 800 сестри плус други од нижиот кадар. Значи е голем проект кој му треба време добро да се обработи, важно...

Continue reading

Општина Охрид

Од локалната реагираат на обвинувањата на ОО СДСМ

Post Views: 6 Фактот што без никаква потреба, освен партиска, осум години ја пренатрупуваа општинската адмнинистрација, за Социјалдемократите не е некоја значајна појава. Градоначалникот Бакрачески ја затекна Општина Охрид со 265 вработени, во најголем број со статус на државни службеници. Голем дел од нив досега биле без работни задачи или пак незнаеле кои им се работните обврски. Дополнително, затекнати се уште 160 вработени со договори за дело, од кои преку половината со заобиколување на Агенцијата за вработување. За над 90 % од овие времени вработувања нема евиденција дека се...

Continue reading

gradinka

Решен кадровскиот проблем во охридската градинка

Post Views: 1 Во Агенцијата за јавни службеници тече конкурсот за прием на 4  профили за потребите на детската градинка „ Јасна Ристеска“. Работно ангажирани ќе бидат 3 воспитувачи и една негователка, информира директорката  на градинката Роза Костоска. Овие вработувања  се дел од планираните 300 на  Министерството за труд и социјална политика за Македонија, од кои  9 беа предвидени да се реализираат во охридската градинка. Претходно кадарот бил надополнет со 5  вработувања преку владиниот проект со Македонски шуми и биле вработени  негувателки, хигиеничарка, садомијачка и чувар –...

Continue reading

centar za kultura

Нови вработувања во Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 7 Во Центарот за култура Григор Прличев ќе има десет нови вработувања. Тие ќе се реализираат преку владиниот проект за вработување на социјално загрозени лица или лица од ранливите групи. Овие вработувања добро ќе ни дојдат затоа што веќе подолго време кубуриме со технички персонал бидејќи дел од врботените си заминаа во пензија, вели директорката на центарот, Драгана Боцевска. Таа додава дека со новите вработување би требало да се надмине и проблемот во театарот. Како што веќе е познато во два наврати беше откажан почетокот на театарската сезона. Директорката кажува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top