Договори кои мора да се почитуваат

Неколку сектори во локалната самоуправа во Струга сеуште чекаат ракводители.

 |  Голабовски Крсте  | 
grb
грб

Неколку сектори во локалната самоуправа во Струга сеуште чекаат ракводители.

sovetniciКонкурсот за вработување објавен па повлечен. “Договорот помеѓу коалиционите партнери во општина Струга мора да биде испочитуван, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Секторите за урбанизам и образование во општина Струга сеуште ги раководат старите кадри од ДУИ, блиски на градоначалникот Рамиз Мерко. Дознаваме дека конкурсот кој што беше објавен во месец ноемврии и со кој требаше во овие сектори за први луѓе да се постават членови од ВМРО ДПМНЕ  е поништен, како што се вели поради недостаци во истиот. Дознаваме дека деновиве треба да биде распишан нов. „Постои писмен договор потпишан од двете страни. На сите досегашни чести средби се вели дека договорот ќе биде исполнет. Најверојатно поради X причини досегашното вработување на новите раководители се одлага“, вели претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Славко Котески.

„Во двата сектори очекуваме наши кандидати. Во Секторот за урбанизам скоро е готова работата, за раководител да биде поставен наш член. Имаме проблем со образованието.Веројатноста конкурсот да е веќе поништен е голема“, вели Славко Котески претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ.

Котески за деновиве најавува дополнителна средба со градоначалникот Мерко. Треба да продискутираме за секторот за образовение кој деновиве дополнително е поделен, вели претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ. И покрај тоа што на Мерко ќе  му биде многу тешко да се откаже од луѓето кои сега се на овие раководни позиции а кои важат за блиски на него, тоа ќе мора да го направи додава Котевски.

Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ вели дека има уште многу работи кои Мерко треба да ги испочитува и проведе во пракса. Коалицијата меѓу ДПМНЕ и ДУИ на локално ниво во Струга може многу подобро да функционира и работите да се забрзаат, додава претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top