Ознака: возила

Од 1 јули до 31 август забрана за тешки товарни возила

Post Views: 3 Од петок ќе почне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период. Тоа значи дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во Република Македонија се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Временските интервали се следни: петок : 17 – 22 часот, сабота : 09 – 18 часот и недела : 09 – 22 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток...

Continue reading

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ХАВАРИСАНИ МОТОРНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Post Views: 4 Општина Охрид упатува апел до сопствениците на стари и хаварисани моторни возила, кои се поставени на сообраќајниците, паркинзите, тротоарите и другите јавни површини, истите да ги отстранат во рок од три дена. Во спротивно надлежните општински служби, во соработка со СВР Охрид и ЈП „Охридски Комуналец” ќе преземат мерки и акции за нивно подигнување и отстранување, на трошок на сопствениците.

Continue reading

ДА СЕ ПРЕРЕГИСТРИРААТ ПОСТОЕЧКИТЕ КАРТИЧКИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ВОЗИЛА ВО СТАРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДОТ

Post Views: 3 Врз основа на утврдениот режим на сообраќај за стариот дел од град Охрид и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид, а со цел граѓаните на овој дел од градот непречено да се движат – Секторот за комунални дејности , сообраќај и улици ги известува граѓаните од стариот дел од градот дека ќе се отпочне со пререгистрација на постоечките картички кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот. За навремена и ефикасна пререгистрација на постоечките картички, а со цел непречено движење во овој дел од градот се известуваат...

Continue reading

Дрво уништи возила во центарот на Охрид

Post Views: 3 Утрово во центарот на Охрид, дрво уништи три возила. Попладнево со специјална дигалка се отстрани оштетеното дрво кое предизвика материјална штета. Во врска со немилиот настан каде од пад на дрво се оштетени неколку возила на улица „Македонски просветители“, од Локалната самоуправа информираат дека „Комисијата за проценка и отстранување на опасни дрва“, излегла да направи проценка на паднатото дрво, а исто така, а овластен вештак извршил проценка на направената штета. . Од локалната додаваат дека Комисијата ќе изврши проценка и за квалитетот на веќе постоечкиот дрворед...

Continue reading

лого

Времена забрана за движење на товарни возила во Скоје

Post Views: 2 Град Скопје, ги известува учесниците во сообраќајот, дека на 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19.12.2014 година до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот. Времениот режим се воведува како мерка за справување со зголеменото загадувањето на воздухот на подрачјето на градот Скопје.Од ова решение се иземаат возилата кои превезуваат добиток, лесно...

Continue reading

Зајакнати акциски контроли во сообраќајот кон возила кои вршат јавен превоз на патници во Охрид

Post Views: 9 На 20.03.2019 година, на целото подрачје на СВР Охрид, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот посебно насочени кон возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила (Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои, на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-12, Кичево-24 и Дебар-10). Таму, констаирани биле вкупно 8 неисправности (Охрид-6 и Кичево-2 од кои, еден неисправен уред за запирање). При акциските контроли,...

Continue reading

zimska oprema

Стартува задолжителното носење на зимска опрема во моторните возила

Post Views: 1 При контролите кои ќе ги спроведува полицијата почнувајќи од денес, ќе проверува дали возилата поседуваат зимска опрема односно дали шарите на гумите се со најмалку четири милиметри длабочина. За возила до 3500 килограми како зимска опрема се сметаат зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарите од четири милиметри, како и летни гуми со длабочина на шарите од најмалку четири милиметри како и синџири за снег со адекватна големина. За возилата со погон на сите четири тркала под зимска опрема спаѓаат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата на гумите...

Continue reading

ЈП „Охридски Комуналец“: 27 милиони денари во нови возила, покриен долг од 7 милиони денари

Post Views: 1 По неодамнешниот снимен јавен настап на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Охрид во кое беа изнесени низа неточни реченици и со ништо непоткрепени обвинувања должни сме јавноста да ја запознаеме со фактите околу работењето и инвестициите на ЈП Охридски Комуналец. ЈП Охридски Комуналец во минатата година оствари инвестиции во висина од 9 милиони денари од сопствени средства инвестирани во опрема. Инвестирани се 27 милиони денари во нови возила, а средствата за ова се обезбедни од Локалната самоуправа. Платени се над 7 милиони денари долгови по извршни решенија. И за крај, со...

Continue reading

ОД ДЕНЕС ДОТУР НА РОБА ВО ЧАРШИЈАТА САМО СО МАЛИ ВОЗИЛА

Post Views: 7 Општина Охрид упатува апел до сите  доставувачи на роба во Охридската чаршија истата  да ја реализираат   со мали моторни возила поради новогодишното украсување на градов што започна денес.   Доставувањето на робата  да се врши внимателно со цел да не се оштети Ѕвезденото небо што ќе блесне над чаршијата и  градскиот плоштад и да не се уништат останатите новогодишни реквизити. Доставувањето на роба со мали возила во чаршијата ќе биде се додека новогодишните реквизити го красат Охрид.

Continue reading

Несовесни возачи ги игнорираат сирените на амбулантните возила на итната медицинска помош

Post Views: 2 Амбулантните возила на брза помош на охридските улици се соочуваат со игнорантски однос на возачите на моторни возила. Многу честа е појавата возачите да не реагираат и да не дадат предност на возилата иако имаат вклучена сирена, напоменува д-р Ана Неделкоска , раководител на Брза помош. „Возачите ги замолувам , и сега и друг пат сме апелирале да внимаваат на улиците кога ќе ги слушнат сирените и ќе ги видат ротационите светла. Доколку има можност да направат простор да помине брзата помош. Сирена и ротација вклучуваме само во најитни случаи. Одиме и на други повици...

Continue reading

Забрана за движење возила на ул.„Македонија“

Post Views: 1 Од денес улицата „Македонија“ од пресекот со ул. „Македонски просветители“ до пресекот со ул. „Јане Сандански“ ќе биде затворена за сообраќај поради одбележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација. Одбележувањето ќе се реализира во наредниве неколку дена и ќе биде по целата должина на реконструираната улица од 550 метри и ширина од 12 метри. Улицата „Македонија“ се очекува да биде затворена за сообраќај во текот на целата летна туристичка сезона од кружниот тек кај градскиот плоштад до пресекот со улицата  „Ванчо Николески“.  Затворањето на оваа улица за сообраќање...

Continue reading

Единицата за спасување на планина и непристапни терени опремена со две теренски возила

Post Views: 15 Теренско возило со вградена амбулантска опрема, носила за транспорт на повреден, ЕКГ апарат со дефибрилатоr, доби Единицата за спасување на планина и непристапни терени. Возилото е набавено  во рамки на  проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна туристичка дестинација за авантуристички туризам“ со средства од ЕУ преку програмата ИПА 2 за прекугранична соработка. Уште едно возило со подобри перформанси за тешко пристапни терени и е отстапено на единицата како донација од Црвен Крст на Македонија а репарирано со средства од проектот.  Со европски пари предвидена е...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top