Ознака: Владимир

Четкар прв ќе честита 8-ми март !

Post Views: 3 Светски познатиот џез музичар, охриѓанецот Владимир Василевски Четкар ги надитри колегите но и многумина господа во нашата земја. Тој ќе ја има привилегијата на понежниот пол прв да им го честита Денот на жената 8ми март. И тоа со романтичен концерт во нивна чест, а во неговиот роден град. Тој, три дена пред сите, на 5 март, во кафулето  Аквариус ќе се престави со ексклузивен концерт за одбрана друштво. На истиот ќе преовладува сензибилна музичка програма составена од сопствена авторска музика, неизбежните соул и џез, како и фанк и латино класици во еден од најромантичните...

Continue reading

vladimr

Четкар во најпознатото бразилско радио-шоу

Post Views: 11 Последното издание на популарното бразилско радио шоу за Фанк, Соул и Асид Џез музика во Сао Паоло – Back to Black – емитувано насекаде низ Бразил во својата плеј листа го вклучи  Владимир Четкар со композицијата Born For The Screen. Музиката на Владимир Четкар е често пати емитувана во плејлистите на ова популарно бразилско шоу што претставува фантастична промоција за Македонија пред бразилскиот народ, еден од најбројните и најмузикални народи во светот!{hwdvideoshare}id=1207|width=300|height=225{/hwdvideoshare}{loadposition content9}

Continue reading

izlozba robevci

Прва изложба по 17 години на Јордан Манасијески во родниот Охрид

Post Views: 16 „Апстинирањето јас би го нарекол како созревање. Исто тоа се моменти како овошјето и плодовите од природата, така и сликарот ги чека вистинските денови кога ќе созрее и кога ќе може да се претстави со полно задоволство, со полна доверба пред светот и гледачите, и јас мислам дека бев трпелив.“ Со оваа филозовска мисла, доајенот на македонското сликарство, Јордан Манасијески после долга пауза ја најави својата прва изложба во родниот Охрид. Изложбата насловена како „Приказна за светите простори“ е контраст од две различни фази во творештвото на Манасијески. „Очигледно...

Continue reading

Stavreski -Kocovski

Ставрески:„Изградбата на слободната економска зона во Струга ќе започне летово“

Post Views: 4 Идните планови за економски развој на Струга, тема на средбата помеѓу вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и Владимир Кочовски кандидатот за градоначалник од коалицијата „Сојуз за Струга“.  Ставрески пред новинарите посебно го истакна проектот што владата заедно со локaланта власт ќе го реализира во насока на почеток на изградба на  слободната економска зона во Струга што ќе се случи летово и која веќе од октомври ќе биде подговена во Струга да ги пречека идните инвеститори. „Засега имаме интерес од некои Европски компании поточно две, едната од автомобилската...

Continue reading

Boris Brovcin

Камерното дуо Бровцин – Волтчок на „Охридско лето“

Post Views: 9 Секоја година виолинистичката елита е еден од најзначајните делови на музичката програма на фестивалот. Синоќа во просторот на катедралната црква Св. Софија еден од најзначајните претставници на руската виолинска школа, Борис Бровцин, како и Анастасија Волтчок, истакнат претставник на големата руска пијанистичка традиција, настапија премиерно на „Охридско лето“. Инаку виолионистот Бровцин, веќе ја има посетено Македонија на покана на маестро Симон Трпчески, каде ја почувствувал силната енергија. И оттогаш негова желба била повторно да настапи. Неговата придружничка пак,...

Continue reading

владо

Инвалидите без пристап на плажа

Post Views: 6 Охридските плажи непристапни за луѓето со инвалидитет. Луѓето со различен степен на инвалидитет и покрај желбата да се капат во езерските води, тоа не можат да си го дозволат. Владимир Дојчиноски од Скопје укажува дека со мала инвестиција плажите на брегот би можеле да се прилагодат за луѓето со телесен ивлаидитет, кои како и сите останати луѓе сакаат да уживаат во летниот одмор. Ние сакаме да се почуствуваме како и другите луѓе, да бидиме самостални, а не да не третираат како инвалиди. „Саат и пол барав по плажите каде што ќе можам да влезам со количка. Ставиле песоци,...

Continue reading

hrana

Македонците генерално јадат здрава храна

Post Views: 5 Производителот одговара за квалитетот на производот. Овој светски тренд се применува и кај нас.   Целокупната храна која се увезува и произведува во Р Македнија се контролира од страна на агенцијата за храна и ветеринарство. „Секој увоз и секое производство подлежи на соодветна контрола“, вели директорот за храна и агенција за ветеринарство, Дејан Рунтевски. „ Се што се пласира во Р Македонија е проверено од страна на инспекторите. Но нормално неможе се да спречите се во 100 %. Можно е да дојде до појава некој неовластено во промет да пушти храна, но затоа сме тука се...

Continue reading

promocija

Промовирана книгата за Св. Јован Владимир

Post Views: 2 Јован Владимир, зетот на Цар Самоил за неговата ќерка Косара, кој подоцна е прогласен за светец, најверојатно бил убиен во Охрид, а не во Преспа како што досега се веруваше. Ова научна теза е изнесена во книгата „Св.Јован Владимир“ од д-р. Миле Миќуновиќ, која по повод 20-годишнината од осамостојувањето на Македонија, денеска беше промовирана во Охрид. Дејствието кое го истражувал Мичуновиќ се одвивало пред 1000 години. Во книгата се опишува дека Косара и Св. Јован Владимир биле претходници на Ромео и Јулија, поточно дека Шекспир својата најпозната драма ја напишал...

Continue reading

logo

Владимир Четкар втор пат со концерт на Антички

Post Views: 0 Светски познатиот музичар Четкар по успешните настапи во светот, за сладокусците на џезот, конечно со концерт дома. По 6 години од настапот на антички театар во 2003 година, Владимир Василески Четкар настапува  во својот град. Четкар  и  членовите од бендот  Хју Ваит – клавијатура, Бено Сатлер – тапани, Џонатан Харвеј бас – гитара, ќе исполнат нумери од албумот „We will never end“,  но ќе отсвират и  3-4 најнови теми кои досега не се изведувани. Настапот на светски познатиот џез музичар Владимир Василески Четкар го подржуваат локалната самоуправа и Министерството...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top