Ознака: велат

boi

Црвената е моќна, сината смирува, а портокаловата е креативна боја

Post Views: 12 Боите играат голема улога во нашиот живот иако често пати не им посветуваме големо внимание. Боите и расположението се поврзани, докажале бројни истражувања. Црвената боја буди моќни контрадикторни чувства, а сината е боја за смирување на страстите. “Човекот во себе има вроден систем за реагирање на бои. Кога гледате црвена боја, ви се забрзува бројот на отчукувања на срцето во минута. Црвената е боја што поттикнува и тоа се случува на еволуциско-потсвесно ниво“, вели Лесли Харингтон од здружението “Асоцијација на бои на САД“.Ви откриваме какви емоции будат различните...

Continue reading

misleshevo

Ќе добие ли Мислешево нови патишта?

Post Views: 20 Конечно ќе се санира сообраќајната инфраструктура во село Мислешево. После повеќе од пет години чекање, жителите на ова село ќе добијат подобра патна инфраструктура. Првиот човек на Струга, градоначалникот Рамиз Мерко, уверува дека работите ќе започнат во наредните два месеци. Ќе завршат ли маките на жителите од Мислешево? Ке го почуствуваат ли тие конечно оваа есен мирисот на новиот асфалт? Жителите од ова село, години наназат се справуваат со бројни проблеми кои се однесуваат на сообраќајната инфраструктура. Улиците од ова село повеќе години се во катастрофална состојба,...

Continue reading

taksi

Таксистите ќе водат список на патници од еден дo друг град

Post Views: 4 Доколку сакате да патувате со такси превоз од Охрид до Струга, Битола, Скопје или било кој друг град во земејава задолжително треба со  име и презиме да бидете евидентирани во дневникот на патници кој треба да го поседува секој лиценциран авто таски превозник. Тоа го предвидуваат најновите измени во Законот за патен сообраќај во делот на вршење авто такси превоз. Таксистите не сакаа јавно да коментираат како овие измени би се рефлектурале врз нивната работа, но, од една страна сметаат дека оваа законска одредба ќе донесе повеќе проблеми во авто такси превозот а од друга...

Continue reading

logo

Денес без вода жителите од улицата „Живко Чинго“ во Охрид

Post Views: 2 Поради промена на главен водоводен вентил, ќе има прекин во водоснабдувањето на жителите од улицата „Живко Чинго“ во Охрид, велат од МЈП „Проаква“, Р.Е „Водовод“. Од претпријатието објаснуваат дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9-12 часот. {loadposition content9}

Continue reading

такси

Се заоструваат критериумите за дејноста такси возач

Post Views: 10 Таксистите за да возат ќе мора да полгаат и  да добијат сертификат за работа. За да дојдат пак, до лиценца  ќе мора да се подготвуваат и да знаат „Колку е висока Самоиловата тврдина“, Кои фестивали на песни и игри се одржуваат во  Охрид, или Кога  е откриена Златната маска, ова се само дел од 300 прашања во прирачникот со кој такси возачите ќе стекнуваат сертификат за работа. Поголем број таксисти имаат забелешки  на прашањата од  прирачникот,  но и за полагањето на англиски јазик како и на цените кои треба да ги издвојат од буџетот, за да ги платат и тоа 5000 денари...

Continue reading

smile

Ќе изгинеме од куртоазија

Post Views: 2 Местењето на лажна насмевка пред нељубезните муштерии му штети на нашето здравје, велат научниците, бидејќи личноста може да “прегори” на работа. Освен тоа, поголем е ризикот од депресија и болести на срцето.Двегодишното истражување во кое учествувале вработените на аеродромите, болниците, и телефонските центри, го спроведоа научниците од франкфуртскиот универзитет. Испитаниците биле поделени во две групи. Кај оние кои морале да одговараат љубезно, без оглед на тоа колку клиентот бил непријатен и незгоден, измерено е поголемо количество на стрес и чукање...

Continue reading

пазар

Каде ќе се дислоцира градскиот пазар

Post Views: 2 Се бара идејно решение за изградба на затворениот градски пазар. Во тек е конкурсот на ГП „Илинден“ за изнаоѓање најдобар проект според кој ќе се гради совремемниот зелен пазар. Од Локалната велат дека конкурсот треба да заврши до месец мај после што веднаш ќе се започне со реализација на проектот. Според нивните најоптимистички предвидувања камен темелникот за новиот пазар ќе се стави уште во текот на ова лето. Но во Локалната она што сеуште не го знаат е локацијата на која ќе биде привремено сместен сегашниот пазар. Во јавност се спомнуваат две локации. Едната е на...

Continue reading

emo protest

Засега ништо од ветувањата за конечно разрешување на ситуацијата со вработените во ЕМО

Post Views: 0 Засега ништо од ветувањата за конечно разрешување на ситуацијата со вработените во некогашниот охридски гигант ЕМО. Денес тие по четврти пат, со транспаренти во рацете одржаа мирен протест низ неколку охридски улици во обид уште еднаш да го свртат вниманието кон проблемот со 40 неисплатени плати и придонеси. Тие велат дека информациите дека 80 проценти од фабриката работи, се неточни, а наместо тоа, во АД ЕМО 6 месеци нема струја, греење, ниту пак обезбедена работа. „На 5ти март бевме повикани во Владата на Република Македонија. Не прими премиерот Никола Груевски. Најверојатно...

Continue reading

охрид

Нов начин на промоција, подобра туристичка сезона

Post Views: 2 Хотелиерите во градов најавуваат добра туристичка сезона. Велат дека ова лето треба да биде поуспешно од предходното по бројот на остварени ноќевања во туристичките капацитети како од странски така и од домашни гости. Но, тие додаваат дека Охрид сеуште е далеку од достигнување на оние бројки кои се за паметење. Сугерираат локалната и државата сериозно да поработат на промоцијата не само на градов туку и на целиот регион. Според нив преставувањето на саеми со закупување на штандови е само непотребен трошок кој ретко кога вродил со  плод. Речиси никој не склучил договор...

Continue reading

8ми март

Осмомартовскиот викенд ги наполни капацитетите во градов

Post Views: 3 Хрватки, србинки и црногорки во Охрид за 8ми март. Речиси во сите хотелски капацитети во градов има групи со припаднички на понежниот пол кој овој празник решиле да го прослават токму овде.  Традицијата на организирана прослава за Денот на жената, не се напушта, напротоив, се засилува, велат хотелиерите. Посебно се посетени хотелите во централното градско подрачје кои нудат дводневни, но и тридневни аранжмани за престојниот празник. Нашиот капацитет е исполнет. Имаме гостинки од Србија кои ќе пристигнат на 7ми а ќе останат до 9ти март. Им нудиме добра забава и гастрономски...

Continue reading

laboratorii

Во болничката лабораторија нема реагенс за тумoр маркери за простата

Post Views: 0 Во охридската болничка лаборатотија е зголемена побарувачката за тумор маркери за испитување на простата. Некои пациенти чекаат термин за испитување на тумор маркерите  според  планот за работа на лабораторијата, вели д-р Елена Шикаловска, раководител на специјалистичката болничка лаборатотија. „ Во моментов  е потрошен тој реагенс бидејќи имаше интензивно трошење. Во тек на оваа  недела ќе добиеме нов реагенс и продолжуваме со работа. На  пациентите им е  закажан термин да се јават или  да им се  јавиме ние. Досега  не сме имале недоразбирање или конфликти со пациентите...

Continue reading

Slavica Kostoska

Славица Костоска по втор пат ја доби довербата на училишниот одбор за директор на економско

Post Views: 0 Вршителот на должност директор на СОСУ „Свети Кирил и Методиј“, Славица Костоска повторно ја доби довербата од членовите на училишниот одбор како најадекватен кандидат за функцијата директор на средното економско училиште. На вчерашното прегласување, на кое учествуваа сите 11 члена на училишниот одбор, Костоска доби 7 гласа, додека нејзиниот противкандидат, професорот Никола Тренески ја доби довербата на четворица члена од одборот. Покрај новоназначениот член на одборот, односно претставник од Министерството за образование, училишниот одбор содржи и четворица членови...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top