Ознака: безбедни

proakva

Резервоарите за водоснабдување во Охрид се безбедни

Post Views: 6 Деновиве информацијата за нападот на вработен во Проаква пред чуварската барака на ЈП на ул . „Сирма Војвода“ ја вознемири охридската јавност. Дел од граѓаните отворено прашуваат колку резервоарите за водоснабдување во градов се безбедни кога може да се дрзне некој на сред бел ден да изврши напад на чуварот во истите. Местата каде што се сместени резервоарите за водоснабдување во Охрид се безбедни, тврди директорот на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид, Томе Паскалоски. „Континуирано има обезбедување на сите објекти 24 часа, се работи во смени, сите се обезбедени со заштитни...

Continue reading

spasiteli

Половина од охридските и струшките плажи без спасители на вода

Post Views: 16 На плажата пред хотел Метропол спасен давеник. Вистинскa  драма се одигрувала вчера после 18.30 минути кога 18 годишно момче  почнало да се дави. Неговиот татко се обидел да го спаси,  но безуспешно. Спасителот на вода ангажиран на плажата кој случајно останал по истекот на неговото работно време го спасил момчето. Горан Миланоски , координатор на центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид   и помлад национален инструктор за спаување на вода , наведува дека најчести причини   за давење во вода се паниката и грчот во мускулите. Веднаш зад овие две причини се...

Continue reading

plostad

„Безбедни училишта-Хармонична средина“

Post Views: 14 Подигнат е степенот на безбедност во училиштата. Тоа е резултат на две годишните активности кои се спроведуваат во рамките на проектот „Безбедни училишта-Хармонична средина“. Како што изјави Офелија Петреска, целта на проектот е да се  преземат активности за училишта без насилство од секаков вид, како и тоа училиштето да претставува втор дом за учениците. Денешниот  хепенинг е промоција на досега реализираните активности додава таа. „Со вклучување на ОУ во проектните активности, со годишна програма одобрена од Локалниот совет на општина Охрид, беше изработен кодекс...

Continue reading

plaza

Само половина од плажите на охридската ривиера безбедни за капачите

Post Views: 7 Моментално на половина од плажите на охридското и струшкото крајбрежје, капачите влегуваат во вода на сопствен ризик. Некои од плажите најавиле дека ќе создадат безбедни услови , секако во зависност од тоа како нив им одговара, а не на оние кои ги користат капалиштата. Но, како вели онаа народната, „Ѓаволот ниту ора ниту копа“. Пред само неколку дена инцидентот со момче од Гостивар, кое за малку ќе страдаше во водите на Охридското Езеро на плажата кај Св. Стефан, повторно го актуелизира прашањето за безбедноста на плажите чиишто концесионери и покрај законските одредби,...

Continue reading

voda

Водите на охридските капалишта чисти

Post Views: 7 Температурата на водата во Охридското езеро изнесува 20 степени целзјусови. Се поголем е бројот на капачи кои спасот од високите температури го бараат во езерските води. И годинава капачите  ќе се безбедни и ќе можат спокојно да спортуваат  и да се рекреираат. Во прилог на љубителите на пливањето и водените спортови одат резултатите од  последната анализа направена во  Центарот за јавно здравство. Екипите од Центарот зеле мостри од 30 мерни места, в долж охридското и струшкото крајбрежје, за да го испитаат хемискиот и микробилошкиот квалитет на водата, информира бромологот...

Continue reading

tocak znak

Велосипедска патека за акробати!

Post Views: 7 Имало ден и за велосипедистите. Некој се сети и на нив, па долж „Туристичка“ им нацрта две релативно симетрични жолти ленти. Па сега слободно може да возите меѓу нив и гајле да си немате. Изгор жолтата боја како оса ги боди во очи оние со автомобилите, па од километар можат да ве видат. Безбедни сте, верувајте. Ако досега велосипедистите се вклопуваа во сообраќајниот пејсаж, од сега и со мижење ќе може да се забележат. Секако ако се движите помеѓу жолтите лентички. Да не излезе дека Ве лажам, еве ќе Ви бидам личен водич низ маестралната велосипедска патека, па да се...

Continue reading

kapetan

Охридските плажи се безбедни

Post Views: 2 Закупците на плажите веќе потпишале договори со црвениот крст за ангажирање на спасители, кои годинава ќе ги има во доволен број на капалиштата. „Охридските капалишта се безбедни. Тие ги исполнуваат условите за сигурност за капачите согласно,законските правила и прописи“, вели капетанот од Охридската капетанија. Црвениот крст неодамна го претстави тимот спасувачи кој годинава будно ќе ги надгледува Охридските плажи.Тимот е екипиран и со луѓе и со медицинска опрема. Секоја година расте бројот на заинтереираните кандидати за спасители. Од неколку во 2004 год, сега тимот...

Continue reading

brod

Бродовите кои сообраќаат по езерото се максимално безбедни

Post Views: 0 Родителите чии деца ќе одат на екскурзија со брод можат да здивнат. Капетанот Љупчо Настоски вели дека во водите на езерорто пловат пет поголеми бродови и тоа Илинден кој е регистриран за 43 патници, Кристина за 80 и Александрија, Галеб и Македонија регистрирани за по 150 патници. Сите тие еднаш годишно подложат на редовна државна контрола, а во текот на годината има и по неколку вонредни контроли. Капетан Настоски појаснува дека  еден брод за  да добие дозвола за пловење мора да има противпожарен апарат, појаси за спасување и тоа толкав број за колку што патници е регистриран...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top