Ознака: април

genetika

„Генетика на кучињата“ утре пред охриѓани

Post Views: 8 Претставата „Генетика на кучињата“ премиерно ќе биде изведена утре, 16ти април, во 20:00 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.  Овој пат „Аматер“ подготвија посериозен проект кој бара поголема одговорност од нивна страна, како и поголема екипа и организација на истата. Освен членовите на „Аматер“: Јован Цветкоски, Катерина Петреска, Томе Укоски и Леа Новеска, овој пат актерската екипа брои уште неколку членови: Звонимир Србиноски, Милан Србиноски, Никола Србиноски, Ирина Ристевска, Никола Буџакоски и Дарко Милески. Екипата која работи на подготовка...

Continue reading

Raca

Стартува изборот на фудбалери и ракометари за упис во спортските академии

Post Views: 3 Започнува изборот  на  фудбалерите и ракометарите за упис во спортската академија. Тие ќе бидат ученици во двете посебни спортски паралелки кои ќе бидат во рамките на  ОУ Ванчо Питошески. Децата  родени 1999 /2000 година кои  активно тренираат во клубовите и школите за фудбал и ракомет ќе можат  да се пријавуваат за упис во спортските академии.  Селекцијата на талентираните спортисти ќе биде под надзор на стручни лица.  За изборот на фудабалерите е задолжен регионалниот координатор Данчо Целески. Првичниот избор  на спортистите од регионот, Охрид, Дебар и Кичево  ќе...

Continue reading

pendarovski

Пендаровски: Македонија мора да биде земја на сите граѓани

Post Views: 0 Народот масовно бега од својата земја, иселувањето во сите региони е со масовни пропорции, малку луѓе останаа во државата, изјави кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски на синоќешната средба со охриѓани, на градскиот плоштад. Неговата изјава ја темели врз база на сите поплаки од граѓаните што досега имал можност да ги слушне во сите региони од државата вклучувајќи го и охридско – струшкиот. Пендаровски нагласи дека Македонија во сферата на економијата не само што е на дното на Европа, туку е и на дното на балканот според сите економски...

Continue reading

varosh

Оваа сабота Комуналец ќе подига кабаст и зелен отпад од стариот дел на Охрид

Post Views: 4 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид од месец април започнува со пролетниот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад. Месец април е резервиран за акциите за подгинување зелен отпад, а во мај и јуни ќе се подига кабаст отпад. Динамиката на подигнување е дефинирана во годишниот календар за работа за 2014 год. и вообичаено акциите ќе се реализираат во саботите во различни делови од градот. Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини...

Continue reading

kic 365

Творештвото на охридскиот писател Зоран Ковачевски пред охриѓани

Post Views: 0 Во Културно-информативниот центар „Култура 365“, утре охриѓани ќе можат да чујат дел од творештвото на писателот Зоран Ковачевски. Дел од литературниот опус на охридскиот писател Зоран Ковачевски во петок пред охридската читателска публика. Неговиот опус ги вклучува збирката раскази: „Охридски приказни“, „Аристотел во Ресен“, „Пејач“, „Кога ни петлите не пеат“ како и романите: „Семејна фреска“, „Летачи на метли“, „Одмазда“, „Историја на светото дело“. Инаку Ковачевски е роден на 3 април 1943 година во Светозарево во Србија. Завршил Правен факултет во Белград, а работел...

Continue reading

logo

НУ Центар за култура “Григор Прличев” со изложба по повод Меѓународниот ден на здравјето

Post Views: 9 НУ Центар за култура “Григор Прличев” во соработка со ЈЗУ Психијатриската болница -Демир Хисар, по повод меѓународниот ден на здравјето, 7-ми април Ве покануваат на ИЗЛОЖБА на креативни пациенти од Псијатриската болница. Свечено отворање на изложбата е овој ПЕТОК, 4-ти АПРИЛ 2014 година, со во почеток 12.00 часот, во изложбениот салон на Центарот. {loadposition content9}

Continue reading

biblioteka

Охридската библиотека ќе го одбележи Меѓународниот ден на книгата за деца и млади

Post Views: 1 Ве известуваме дека НУ Библиотека ,,Григор Прличев” – Охрид и оваа година ќе го одбележи 2 Април – Меѓународниот ден на книгата за деца и млади, со организирање средба  со писателот Тоде Илиевски. Илиевски е член на Друштвото на писатели на Македонија, автор на дванаесет книги, добитник на наградата ,,Ванчо Николески” за најдобра книга за деца и млади објавена во 2009 година. На средбата ќе бидат претставени одбрани песни од стихозбирките: ,,Ведро едро” (1990), ,,Изворите во горите” (1999), ,,Липов чај” (2009) и ,,Ќерката на...

Continue reading

april

Слевете го денот на шегата

Post Views: 3 Се верува дека обичајот да се шегувате на први април потекнува од Франција од 14-от век. Пред тој период се употребувал еден календар во Европа, и секоја година почнувала на први април. На тој ден луѓето славеле, си разменувале подароци, и се посетувале. Во далечната 1564 година, францускиот крал Чарлс IX, преземал нов календар и со декрет наредил секоја Нова Година да почнува на први јануари. Многумина го следеле овој кралски декрет, но сепак постоеле и луѓе кои не го почитувале новиот указ и продолжиле да си ја слават Новата година на први април. Наскоро овие луѓе...

Continue reading

codefest

Второ издание на Codefest, Celebrating Code

Post Views: 1 И оваа година, како зачеток на една мала традиција, во Охрид по втор пат се организира маратонот за програмирање, Codefest 2014. Овој настан е единствен од својот тип, особено со тоа што е организиран од и за студенти, и опфаќа маратонско програмирање, кое минатата година траеше 24 часа, а за оваа година е најавено да трае 32 непрекинати часови. Овогодинешниот настан се организира под слоганот Celebrating Code (Го прославуваме кодот), и се очекува да биде поголем и уште поуспешен од оној минатата година. За таа цел, Организациското Тело на настанот, предводено од тимот...

Continue reading

logo

Охридскиот градоначалник со отчет за сработеното

Post Views: 0 Денес  во просториите на Општина Охрид, со почеток во 10:00 часот, градоначалникот Никола Бакрачески изврши промоција на брошурата ОТЧЕТ за Април – Декември 2013 год. Повеќе инофрмации проследете во Дневникот на ТВМ Телевизија во 17:00 часот. {loadposition content9}

Continue reading

Од денес до 20 април затворени угостителските објекти

Post Views: 6 Од денеска до 20 април ќе бидат затворени сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафитериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување. Оваа одлука ја донесе Владата, со цел превенција и заштита на граѓаните од Ковид-19. Исклучок од оваа мерка се рестораните во рамки на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, но и угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид. Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат...

Continue reading

Втори април е Светски ден на литература за деца

Post Views: 0 На денешен ден е роден светски познатиот дански книжевник и писател на бајки Ханс Кристијан Андерсен. Тој е автор на бајките: „Царевото ново руво“, „Оловниот војник“, „Малата сирена“, „Снежната кралица“, „Принцезата на зрно грашок“, „Девојчето со кибритчињата“ и „Палешка“. Сите тие во себе носат универзални пораки, што се раскажуваат и се паметат со генерации. Неговите приказни се читливи, разбирливи и со децении наназад лесно ги пленат децата, но и возрасните. Ние од НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид размислуваме како и кој да го честита празникот и смисливме....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top