Стартува изборот на фудбалери и ракометари за упис во спортските академии

Стартува изборот на  фудбалери и ракометари за упис во спортските академии.

 |  Валентина Неловска  | 
Raca
Raca

Започнува изборот  на  фудбалерите и ракометарите за упис во спортската академија. Тие ќе бидат ученици во двете посебни спортски паралелки кои ќе бидат во рамките на  ОУ Ванчо Питошески.

ssДецата  родени 1999 /2000 година кои  активно тренираат во клубовите и школите за фудбал и ракомет ќе можат  да се пријавуваат за упис во спортските академии.  Селекцијата на талентираните спортисти ќе биде под надзор на стручни лица.  За изборот на фудабалерите е задолжен регионалниот координатор Данчо Целески. Првичниот избор  на спортистите од регионот, Охрид, Дебар и Кичево  ќе биде во среда  на стадионот Билјанини извори.
Изборот на ракометарите пак, ќе биде на 28ми април. Селекцијата ќе биде од стручни лица во  општинското училиште Ванчо Питошески. Идните ученици спортисти кои ќе се пријават за упис во академијата  ќе мора претходно да приложат лекарска потврда за нивната здравствена состојба.  
 Учениците ќе бидат подложени на посебна програма за тренинг.
Секој кандидат мора да го пријави своето присуство, најмалку 30мин. пред почетокот на селекцијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top