Ознака: акција

Еко акција за чистење на градот „Мој Охрид-чист Охрид“

Post Views: 2 Во сабота, 9-ти јуни ќе се одржи голема Еко акција „Мој Охрид-чист Охрид“, за чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона.Акцијата е иницирана од Супер радио, со поддршка на локалната самоуправа, бизнис секторот, охридските медиуми, еколошките и спортски друштва од Охрид. – Основната идеја е да се анимираат граѓаните на Охрид, посебно учениците од сите основни и средни училишта во градот за чистење на централниот дел од градот. Особен акцент ќе им се даде на плажите, каде е најголемата фреквенција на туристи во пресрет на главната туристичка...

Continue reading

Хуманитарно собирна акција „Вашиот прилог значајна помош“

Post Views: 0 Како дел од активностите за одбележување на Неделата на солидарност, од денеска до 22ри април, охридскиот Црвен крст организира хуманитарно собирна акција „Вашиот прилог  значајна помош“. Целта е да се подигне нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население. Во рамките на акцијата ќе се обезбеди помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, наменети за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца.  Од Црвен крст Охрид ги повикуваат...

Continue reading

Викенд акција за вдомување на миленичиња

Post Views: 2 Викенд акција за вдомување на миленичиња. Денес на градскиот плоштад во Охрид љубители на животните, организираа акција за вдомување на кучиња. Анастазија Димзовска, граѓански активист за заштита на правата на животните, вели дека со акцијата имааат за цел да им обезбедат дом на што е можно повеќе кучиња, кои во моментов се наоѓаат на улица. Очекуваме денеска бидејќи е продолжен викенд да има луѓе па да можиме на сите кученца да им најдиме дом. Имаме и поголеми кучиња кои чекаат да бидат вдомени па доколку некој сака може да си вдоми и такво куче, објаснува Анастазија...

Continue reading

Акција за чистење на јавните површини околу плажите

Post Views: 4 Утре,(31.03.2018) со почеток во 10 часот од паркингот кај плажата „ НЕМО“ , ќе започне акција за расчистување на јавните површини околу плажите и пешачката патека до  каналот „ Студенчишта“. Расчистувањето на јавните површини ќе се реализира на иницијатива на компанијата „ Костал“, а со поддршка на Општина Охрид и ЈП „ Охридски комуналец“ . По оваа, ќе следат уште неколку акции за расчистување на останатите делови на крајбрежјето, а целта е да се подигне јавната свест за одржување на  чистотата, пред и за време на годинашнава туристичка сезона.

Continue reading

Охрид се вклучува во нова хуманитарна акција „ Сите играме за Јане“

Post Views: 0   Малиот Јане Велковски од Скопје денес меѓу охриѓани делеше летоци за нашата поддршка лекот Спинраза и останатите лекови да се внесат во регистерот на лекови за ретки болести. Охриѓани ќе се вклучат  во спортскиот настан „ Сите играме за Јане“, но, и за сите лица со ретки болести. Утре во СРЦ Билјанини извори во 11часот и 30 минути ќе се игра фудбал и ракомет за поддршка на лицата со ретки болести.  

Continue reading

suma

Со хуманитарната акција за центарот „Зраци“, собрани повеќе од 27.671 денари

Post Views: 3 На хуманитарна акција за собирање на средства за децата со попреченост во развојот од дневниот центар „Зраци“ кој функционира во Охрид, која викендот се одржа во кафе барот „Аквариус“ собрани се 27.671 денари. Денес оваа информација осамна на Фејсбук профилот од еден од споствениците на кафе барот. Во саботата дел од учесниците во јавниот живот во Охрид, политичари, новинари и сл. работеа како шанкери и келнери во периодот од 11:30 до 14:00 часот. {loadposition content9}

Continue reading

sadenje bademi

Во Охрид се садат бадемови дрвца

Post Views: 1 Во рамки на проектот за уредување на нови 40 зелени катчиња кои секојдневно никнуваат и го красат нашиот град, Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и приватната компанија „Левидиа“, кај „Горна порта“, организираа акција за засадување на бадемови дрвца. Акцијата е подржана од Локалната самоуправа,а првите дрвца ги засадија градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески, пратеникот Александар Николоски, директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа и претсавничката на компанијата „Левидиа“ Јасмина Луканова. Досега се засадени 30, а во наредните...

Continue reading

Летната кровдарителна акција најавувана како најголема ги оправда очекувањата. С

Post Views: 2 Од ОО Црвен Крст организираа уште една успешна крводарителна акција. 40 -тина крводарители ја покажаа својата хумана страна и дарувајќи крв ја поддржаа крводарителната акција, информира Сашо Точков претседателот на ОО ЦК. Во летниот период најголеми се потребите на крв во здравствените установи,а на денешната се приклучија покрај хумани граѓани, поединци така и членови од здружението Методи Патчев и маркетите Тамаро , посочува Точков. „Ја најавувавме како голема крводарителна акција и ја оправдавме таа придавка. Очекувавме од 20 до 30 крвни едници дека ќе собереме од...

Continue reading

muzej

Приведени деветмина осомничeни во врска кражбата во Музејот на Македонија

Post Views: 0 Полицијата утрово почна акција за приведување на осомничени во врска со исчезнувањето на вредни предмети со културно историско значење од Музејот на Македонија, соопштија за МИА од МВР. Според првичните информации, приведени се актуелниот и еден од поранешните директори на Музејот на Македонија. Во истрагата беше констатирано дека недостасуваат 166 вредни предмети од културно историски значење. Истрагата покажа дека изнесувањето на предметите траело подолго време и во него биле вклучени лица од внатре. {loadposition content9}

Continue reading

Клубот на млади од охридскиот црвен крст организираат собирна акција на школски прибор.

Post Views: 5 Собирање на училишни торби, тетратки и друг школски прибор за првачиња е новиот проект на волонтерите од Клубот на млади при охридскиот ЦК. Младите активисти од оваа организација ги повикуваат сите хумани луѓе да се приклучат на акцијата намнета за првчињата од Охрид и Дебрца. Ова не е прв пат волонтерите да организираат донаторска акција за децата кои прв пат влегуваат во училишните клупи, информира Ѓоко Маркоски од Клубот на млади. „Во изминатите години сме помагале на одредени деца со школски прибор, но сега се одлучивме за помасовна акција за да се мобилизираат повеќе...

Continue reading

Традиционална крводарителска акција по повод празникот Св. Климент Охридски

Post Views: 4 Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Денес тие даруваа крв на традиционалната крводарителска акција која секоја година се одржува по повод големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски. Очекуваме да се реализира очекуваниот број на крводарувања и засега сме задоволни. Има и млади крводарители кои секоја година, традиционално даруваат крв на истиот ден, вели, Сибел Доко, волонтер во ЦК. На оваа крводарителска акција се собрале повеќе единици од планираното, а радува и фактот што се поголем интерес...

Continue reading

Акција на „Жито леб“:Купи еднo, земи две

Post Views: 4 Купи една земи две. Оваа акција денес и утре се спроведува во сите продавници на Жито леб. Купувачите со еден производ од жито леб добиваат еден гратис. Акцијата е на иницијатива на АД Жито леб, а се спроведува заедно со компанијата Огри чие седиште е во Скопје. Новите производи кои денес купувачите можеа да ги вкусат се направени од целозрнести брашна и содржат голем процент диететски влакна, богати се со протеини и се многу здрави за конзумирање во секојдневната исхрана. Има и хроно леб кој е доста актуелен за сите кои спроведуваат хроно диета, а ќе има и уште четири...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top