Ознака: центарот

езеро

Водата во езерото погодна за капење

Post Views: 2 Охриѓани и гостите доколку имаат желба слободно можат да се капат во езерските води. Од Центарот за јавно здравје велат дека водата е со одличен квалитет. Мострите кои биле земени од 40 точки на брегот на езерото покажале дека најголемиот дел од водата е од прва категорија, а помал од втора. Ова е очекувано во овој дел од годината. Водата е со најдобар квалитет на потегот од Св. Наум до Парк. Мала деградација има на Сараиште и на пристаниште, но тоа е поради поголемиот воден сообраќај, вели бромологот Сашо Точков. Сеуште проблем преставуваат трите реки во охридско, Коселска,...

Continue reading

Dimce dimoski

In memoriam Димче Димоски

Post Views: 0 Денес на 79 годишна возраст почина Димче Димоски, кого повзорасната генерација охриѓани го паметат како киноапаратер во киното „Охридско езеро“ и подоцна во центарот за култура „Григор Прличев“. Димче Димоски целиот свој работен век го помина како киноапаратер низ чии раце поминаа километри филмска лента, грижејќи се кино проекциите да поминат во најдобар ред. Иако неговото работно место беше далеку од очите на посетителите, неговото отсуство не можеше да не биде забележано, а ќе остане забележано и неговото сеќавање во двата документарни филмови во кои се забележани...

Continue reading

monografija

Монографија по повод 50 години од матурата

Post Views: 1 Зборовите бледнеат, сликите остануваат. Безвреден е животот ако зад него не оставиме спомени, рече авторот на Монографијата по повод 50 години од матура,  Димче Стојкоски Лепиот. „Оваа книга претставува трајно дело и ќе биде пионер на ова школство на сите генерации во сите сфери на општеството“, вели  Стојкоски. „Јас сум благодарен што успеав да ја напишам оваа книга, благодарение на моите колеги кои ми доставија фотографии. 50 години од матурата ги содржи сите активности на генерацијата кои активности на чело со професорите кои што ни беа и родители и другари бевма...

Continue reading

hor

Промоција на дански културен настан во Охрид

Post Views: 2 За прв пат во Охрид гостува данскиот хор „Копенхаген“. Нашиот град е дел од нивната балканска турнеја. Драгана Боцевска, директорката  на Центарот за култура вели дека иницијативата на данскиот хор за посета на Охрид била прифатена со огромно задоволство од нивна страна и заедно со општината се потрудиле овој настан што подобро да го организираат. Таа додаде дека овој настан влегува во промоција на културниот туризам, односно освојување на туризмот и културата.  „Охрид се повеќе и повеќе нуди такви можности за спојување на овие две работи, културните настани влегуваат...

Continue reading

balkon

„Балкон со поглед на море“

Post Views: 0 НУ Центар за култура Григор Прличев-Охрид, Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија во ПЕТОК 30-ти Мај 2014 во 20.00 часот во кино-салата на Центарот за култура ќе го прикажат филмот ,,Балкон со поглед на море”, на режисерката Никол Гарсија. Кино проекциите продолжуваат во деновите 31-ви (сабота) мај, 3-ти (вторник), 4-ти (среда) и 5-ти (четврток) јуни 2014 година, влез 50 денари. Се работи за драма која критиката уште ја нарекува ,,трилер на чувства” или ,,класична драма на начинот на Хичкок”, во која главните улоги ги толкуваат со...

Continue reading

инфо

Охрид ќе добие два инфо туристички центри

Post Views: 7   За престојната туристичка сезона Охрид ќе добие два инфо центри. Гостите ќе имаат можност информации да добиваат во туристичкото биро на северниот влез во градот и во инфо центарот кај поштата. Сепак инфо центарот на влезот во Охрид од Струга нема да се дислоцира, најавува Ѓоко Апостолов од ТЛЕР. По една година пауза повтороно ќе биде ставен во функција. Ќе биде подобрена неговата сигналиацијата и видливост, а ќе се изгради и пристепен пат сопаркинг простор од Булевар  Туристичка до овој објект, објаснува Апостолов. Изградбата на инфо центрот пак наспроти поштата ќе...

Continue reading

philomena

Џуди Денч е Philomena

Post Views: 1 Наредната недела на кино репертоарот на  Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид  ќе биде филмот „Филомена“ („Philomena“). Проекции ќе има на 20-ти, 21-ви и 22-ри мај 2014 година, со почеток во 20 часот. Овaa драмај е во режија на Стивен Фреарс и е вистинска уверлива приказна за човечката љубов и за загубата, суштински славејќи го животот. Филмот раскажува за новинар што пишува за политички теми. Тој случајно наоѓа жена која се вика Филомена и која е во потрага по својот син. Филомена забременила како тинејџерка, во Ирска, 1952 година. Поради осудата на околината...

Continue reading

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти

Post Views: 6 Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 617 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во ковид центарот во Струга 15 болни, во Прилеп 55. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат...

Continue reading

пумпа

Вистински спас за дневниот центар „Зраци“

Post Views: 4 Нема веќе миење садови во тоалети. СанитарНо-техничкиот проблем со кој се соочуваа и штитениците и вработените од Дневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Зраци“ од Охрид сега веќе го нема. Со помош на Локалната самоуправа и ЈП „Нискоградба“, беше инсталирана потопна пумпа  која ги спроведува отпадните води од центарот до градскиот канализационен систем, бидејќи самиот центар се наоѓа во подрумски простории. Сашо Донев директор на ЈП „Нискоградба“ задоволен од сработеното, но и од можноста да се помогне на оние на кои помошта им е најпотребна. „Деновиве...

Continue reading

чешма

Охриѓани се жалат на квалитетот на водата за пиење

Post Views: 1 Охриѓани деновиве се жалат на квалитетот на водата за пиење. Велат дека има чуден мирис и е заматена и додаваат дека по се изгледа тоа се должи на обилните дождови кои ги имавме изминативе денови.  Од Центарот за јавно здравје смируваат. Велат дека водата од градскиот водовод постојано се контролира и дека е со добар квалитет. –Апелирам до сите граѓани кои ќе почувствуваат или видат некое отстапување од квалитетот на водата да се јават во Центарот за јавно здравје или да ја користат нашата веб страна каде можат да се информираат за одредени препораки не само за...

Continue reading

logo

Охридските гимназијалци ви ја претставуваат „Мачка на вжештен ламаринен покрив“

Post Views: 1 Вечерва со почеток во 19.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе биде изведена претставата „Мачка на вжештен ламаринен покрив“ од Тенеси Вилијамс.Инаку оваа претстава како проектна активност ја подготвија ученици на охридската гимназија под водството на професорката Ирена Бачиќ. Репризно претставата ќе се игра и утре, 30-ти април исто така во Центарот за култура со почеток 19.30 ч, a цената на влезниците изнесува 60 ден. Во претставата која се подготвуваше два месеца, настапуваат ученици од охридската гимназија, сценографијата е на проф. Кети Слатинец,...

Continue reading

festival

Прво издание на фестивалот „ОХРИД ОТВОРЕН“

Post Views: 2 Здружението на интернационални фолклорни фестивали  “ИФФОМ”  во соработка со КУД “Охриѓанка”-Охрид, ги поканува сите вљубеници во фолклорот, да  присуствуваат на  фестивалот “ОХРИД ОТВОРЕН”, кој ќе се оддржи на 02 и 03 Мај, 2014год, во Центарот за култура “Григор Прличев” во Охрид со почеток во 19ч. Фестивалот  “ОХРИД ОТВОРЕН” се оддржува за прв пат оваа година и има за цел да ја промовира македонската традиција, како и да ја презентира различната интернационална култура, преку шареноликите песни и игри. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top