Ознака: храна

jadenje

Пицата најомилена меѓу средношколците

Post Views: 15 Пица, хамбургери, тостови во комбинација со газирани пијлоци, претежно се на менито на младите особено на средношколците. Ова го покажале податоците од анкетата која ја спроведе ФТУ од Охрид. Идејата за едно вакво испитување се родила  како резултат на истражувањето по предметот нутриционизам кое го спровело факултетот уште во 2012 година под водство на професорката Ангела Василеска.  Тони Павлески дипл. менаџер по хотелско ресторанско работење анкетирал 550 ученици од цела Македонија  со цел да се дознае како се хранат младите средношколци, дали спортуваат, дали пушат,...

Continue reading

seminar

Охрид домаќин на семинар за ветеринарни прeпарати

Post Views: 3 Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Попоски, денеска не беше расположен да одговара на новинарски прашања во врска со времената забрана за увоз на пилешко месо од Холандија, Германија и Велика Британија и опасноста од врусот птичји грип. Тој само кратко кажа дека  сите производи на македонскиот пазар се безбедни и оти за нив се добиени ветеринарни сертификати од државите што ги испорачуваат. Попоски во Охрид беше домаќин на Семинарот за ветеринарни препарати. Експерти од 32 земји од Европа разменуваа искуства за заштита на луѓето и животните од болести...

Continue reading

pazar

Органското производство на храна сеуште „ баук“ за охридските земјоделци

Post Views: 2 Во охридскиот реон засега пчелар од Трпејца е  единствен сертифициран производител на органска храна. Интерес за ваков начин на производство покажуваат и други  земјоделци, овоштари и сточари, но тешко се одлучуваат на таков чекор. Заинтересираните  денес имаа можност да го дознаат  процесот како да  станат производители на органскa храна. Тоа им го овозможија од  секторот за локален економски развој и канцаларијата за поддршка во земјоделството, при Локалната самоуправа.   „ Интересот е голем. Секојдневно се јавуваат луѓе во  канцеларијата за тоа како да дојдат до сертифицирани...

Continue reading

esen

Лоши есенски навики

Post Views: 3 Есента носи намалени температури, но и зголемен ризик од добивање на вишок килограми. Откријте кој се и како да се ослободите од нив. Тешка храна Постуденото време секако го зголемува апетитот, а со доаѓањето на есента ни доаѓа и желбата за храна која поради летните жештини сме ја избегнувале. Сармички, грав, бурек, пити и торти се само дел од богатата есенска трпеза која за миг може да ни додаде и неколку килограми. Решение: Нема причини да не уживате во вкусната и нешто покалорична храна на есенската кујна, но како и во се останато треба да бидете умерени. Намалете...

Continue reading

etno restoran

Македонските јадења се позначајни во развојот на руралниот туризам

Post Views: 5 Традиционалните македонски јадења на менијата во рестораните се позначајни во развојот на туризмот посебно на руралниот. Едноличната понуда на пици, скара и шопска кои претежно се нудат низ угостителските објекти во охридско-струшкиот регион ги мотивира одредени угостители да се навратат кон корените односно старите рецепти. Таков е примерот со семејството Ѓоршески кое во етно ресторанот Св Петка во Велгошти нуди богата  трпеза со специјалитети подготвени исклучиво на дрва, под сач, по рецептите на нашите баби . Главен „виновник“ за тоа е Елизабета Ѓоршеска, која досега...

Continue reading

pritisok

Здрави совети и здрава храна денес се делеа во Охрид

Post Views: 3 Охриѓани треба особено да внимаваат на начинот на исхрана, на зголемување на нивната физичка активност и добрата едукација за здравјето на срцето. Според статистиките на Центарот за јавно здравје од Охрид, 65 проценти од смртните случаи во градов се како последица на некакво кардиоваскуларно заболување. Со овие бројки, охриѓани се наоѓаат над државниот просек. Денес, Центарот за јавно здравје го продолжи одбележувањето на Светскиот ден на срцето. „Како увид во однос на кардиоваскуларните заболувања најголем број, односно со најголем процент се застапени меѓу постарите,...

Continue reading

organska hrana

Сонце и фиданка-македонска ознака за органска храна

Post Views: 7 Сонцето и фиданката се симбол на македонското органско производство на храна. Наскоро преку овластените сертификациски куќи Македнија ќе почне  да издава сертификати со националната ознака за органска храна – „сонце и фиданка“ со кои ќе се гарантира потполно органски производ во кој се запазени сите критериуми за производство.Презентацијата на националната ознака, која е изработена врз основа на анкетата спроведена на веб-страницата на Министерството со непосредните производители на органско производство и граѓаните, за министерот за земјоделство, шумарство и...

Continue reading

body

Ахиловата пета на хороскопските знаци

Post Views: 4 Секој астролошки знак има одреден дел од телото кој му е особено чувствителен и кој треба да биде третиран со поголема нега и грижа. Прочитајте што велат ѕвездите, за тоа кој дел од вашето тело заслужува посебно внимание.Ахиловата пета на хороскопските знаци. ОвенОвните се осетливи на главата, па затоа се посклони на главоболки од сите останати знаци во зодијакот. Свеж воздух и длабоко дишење се двете нешта кои секогаш му се потребни на тврдоглавиот и импулсивен овен. БикБидејќи бикот е најосетлив на грлото, често се соочува со отекување на овој орган. Тој секогаш...

Continue reading

najludi festivali so hrana

Нешто како Ѓомлезијада…ама на екстази

Post Views: 0 Погледнете ги преку слики некои од најлудите фестивали со храна во светот… Ла Томатина Фестивалот Ла Томатина во Шпанија започнува како резултат на тепачката на членови на градскиот сојуз и незадоволни граѓани. Сето тоа прераснува во најголема борба со храна во светот. Секоја година кон крајот на месец август, настанот привлекува околу 45.000 лица, кои се маваат со презреани дoмати во вредност од 207.000 евра. Како мета се зема се што се движи и е сигурно дека нема шанси да излезете чисти од таму. Сепак има и неколку правила кои учесниците треба да ги почитуваат....

Continue reading

лисица

Центарот за јавно здравје предупредува на опасноста од појавата на лисици во градов

Post Views: 1 Лисица со шест мали лисичиња сеуште се шета во стариот дел на градот. И покрај бројните реакции на варошани никој не се најде надлежен за решавање на овај сериозен  проблем. Од локалната се оградија велејќи дека немаат никакви ингеренции и дека за тоа се задолжени други институции, а пред се Агенцијата за храна и ветеринарство која е одговорна за применување на Законот за благосостојба на животните. Од Агенцијата за храна и ветеринарство пак велат дека можат да интервенираат само во случај ако има отстрел на некое диво животно по што излегуваат на терен земаат мостри...

Continue reading

lisca

Локалната се оградува од надлежност за лисиците кои се шетаат низ стариот дел на градов

Post Views: 2 Лисица со шест мали лисичиња се одомаќини во стариот дел на градот. Според раскажувањата на варошани лисиците веќе подолго време живеат во дувло кое се наоѓа под Самоиловите тврдини. Лисиците најчесто можат да се забележат во ноќните часови кога излегуваат надвор и се спуштаат во околните куќи во потрага по храна. Мештаните зад камера кажуваат дека лисиците се толку припитомени што не се плашат од луѓето па влегуваат во нивните дворови. И децата кои живеат во овој дел од градот имале блиски средби со овие диви животни. Едно седум годишно девојче раскажува дека додека...

Continue reading

pcenki

Празни ветувања

Post Views: 8 „Пченки, американски крофни, пуканки и скара ова лето нема да се продава на отворен простор. Во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не се предвидени локации за продажба на храна на отворено. Нема да може да се купи ниту скара по тротоарите како што тоа беше случај минатите лета. Подготвување и продажба на храна ќе може да се врши само во затворен простор кој ги задоволува сите стандарди за тоа“. Ова е само дел од изјавата која за Телевизија ТВМ на 19ти јуни оваа година ја даде Николче Милески, од комуналниот општински инспекторат. –Не е дозволено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top