Ознака: ученици

Учителка им ги залепила устите на учениците

Post Views: 8 Учителка од едно основно училиште е суспендирана од работа поради тоа што им ги залепила устите на 10-годишните ученици во своето одделение, бидејќи биле прегласни. Присила Даво Ортега (27), учителка од Сомерсет им ги залепила устите со селотејп дури на дваесет ученици на часот по уметност. Родителите тврдат дека некои од децата дури не можеле и да дишат од лентата селотејп па ја тргале од устата но учителката повторно ја лепела. На некои од децата устите им прокрвариле кога лентите селотејп ги тргале од устата, а некои од нив изјавиле дека им било страв да се вратат...

Continue reading

Mosкva

Заложничка драма во Москва

Post Views: 8 Во заложничка драма во Москва се убиени полицаец и учител во средно училиште. Вооружен средношколец влегол на час по биологија и земал како заложници 29 ученици на возраст од 15 години. Московската полиција јави дека поголем дел од заложниите се ослободени, а евакуирани се сите други ученици од училиштето. Иако московската полиција јави дека поголем дел од заложниите се ослободен, заложничката драма се уште трае, а растроениот ученик засега не поставил никакви услови за да ги ослободи останатите заложници. {loadposition content9}

Continue reading

жртва

Нoв училишен хорор во САД

Post Views: 1 Уште еден училишен хорор ги потресе САД. По неколкуте пукотници и трагедии кои се случуваа во неколку училишта, овојпат 12-годишно детенце во школо во Ново Мексико вчера пред почетокот на наставата ранил двајца ученици со сачмарка. Според податоците на светските медиуми, момчето ранило двајца соученици и пукало се додека еден од неговите професори не успеал да го убеди да го спушти оружјето и да се смири. Идентитетот на детето не е откриен на барање на родителите, а тој ранил 11-годишно момче и 13-годишно девојче. Детето го криело оружјето во својата училишта чанта,...

Continue reading

ucenicka

Пепораки за заштита на личните податоци на учениците

Post Views: 1 Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија во пресрет на 28 јануари – Европскиот ден на заштита на личните податоци, денеска ќе ги презентира препораките за заштита на личните податоци на учениците. Преку подготвените препораки, чија цел е да се подигне јавната свест за заштитата на личните податоци на учениците, како една од најважните целни групи, Дирекцијата ќе даде одговори за тоа како се собираат и обработуваат личните податоци во педагошката евиденција и документација, кој може да има увид во оцените и резултатите од тестови и испити,...

Continue reading

ucenicka

Учениците се варија во клупите

Post Views: 1 Околу 300 илјади основци и средношколци денеска го започнуваат второто полугодие од учебната 2008/2009 година. Оваа учебна година ја карактеризираат низа новини, една од нив е задолжително средно образование, а беа воведени и двата изборни предмети – вероучение и историја на религии. Стартот на учебната година беше одбележан и со компјутеризација на поголемиот дел, како на основни, така и на средни училишта ширум државата. Новина ќе бидат и проверките на знаењата и на оценките на сите ученици, освен матурантите, на крајот од учебната година. Резултатите од тестирањата...

Continue reading

Врвни награди освоија шест ученици од музичкото училиште Методи Патче на два меѓународни натпревари

Post Views: 3   Шест ученици од музичкото училиште „Методи Патче“ освоија врвни награди на два Меѓународни натпревари. Специјални награди добија Ана Кузманоска на пијано и Ана Матеска на флејта. Младата пијанистка Кузманоска од класата на професор Ана Крстаноска учествуваше на Mеѓународниот натпревар за млади таленти во Скопје, а флејтиската Матеска во класата на професор Нина Момироска, настапи на Mеѓународниот натпревар „Охрид те сакам“. На интернационалниот натпревар „Охрид те сакам“ први награди по флејта добија и Ива Чанова и Леона Неделкоска од класата на професор  Нина Момироска....

Continue reading

МОН: мал е бројот на ученици и наставници позитивни на COVID-19

Post Views: 5 Министерството за образование и наука (МОН) информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со COVID-19. -Согласно овие податоци, може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на ризиците за ширење на вирусот. Наставата продолжува да се одвива непречено, следејќи ја веќе утврдената динамика и организација. Според извештаите кои училиштата секојдневно ги доставуваат до МОН, од вкупниот број 259.235 ученици на ниво на држава процентот на заразени изнесува само 0,06%, а од вкупниот број 27.955 наставници...

Continue reading

Во ЕМУЦ беше одбележан почетокот на учебната година на третата генерација според програмата за дуално образование

Post Views: 0 Во Средното стручно училиште Св. Наум Охридски стартува трета генерација ученици во дуално образование. Оваа година запишани се 25 ученици од кои 17 ученици во струката техничар за индустриска мехатроника и 8 мина техничари за производно машинство. Програмата ја спроведува Делегацијата на германското стопанство во Македонија во неколку средни стручни училишта и во соработка со десетина компании, меѓу кои е и охридскиот електромашиски училишне центар. Се спроведува со подсредство во контактите меѓу државниот и приватниот сектор, помеѓу училиштата, компаниите и МОН. Се...

Continue reading

МОН: Во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници

Post Views: 5 Министерството за образование и наука информира дека од почетокот на учебната година досега во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници. Во сите училишта каде има позитивни случаи во рамки на наставата со физичко присуство се постапува навремено, согласно протоколите и алгоритмите, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштитат останатите ученици и учесници во образовниот процес. Во овој момент дополнително се истакнува потребата од учење од далечина, односно од комбиниран модел на настава кој се применува во училиштата. Имено, шест од вкупно осум наставници...

Continue reading

Во музичкото школо за индивидуалната настава ќе има физичко присуство на ученици

Post Views: 8   Во основното музичко училиште Методи Патче настава ќе посетуваат 325 ученици во учебната 2020 -2021 година. Имавме голем интерес за упис на нови ученици и запишавме 53 ученици во прво одделение, информира директорката Емилија Маринова. Музичкото училиште доби согласност за изведување на индивидулната настава со физичко присуство за учениците од 2 до 9 одделение, а за теоретските предмети предавањата ќе бидат он лајн од 1 до 9 одделение, напоменува Маринова. „Запазени се сите протоколи со индивидуалната настава и немаме реални проблеми. Професорите работаат со по еден...

Continue reading

Царовска ги повика сите родители, ученици, директори на училишта и сите градоначалници да се однесуваат одговорно кон јавното здравје

Post Views: 0 Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека најавите за бојкот на наставата се неодговорни и дека сите носиме одговорност за заштита на јавното здравје. Ова не е ситуација во која се наоѓаме затоа што сакаме, туку затоа што мораме и затоа треба да се носиме со ситуациите со достоинство, кажа денеска министерката, одговарајќи на новинарско прашање за најавите за бојкот и непочитување на одлуките на Комисијата и владата за он лајн настава од одредени училишта. Ако Комисијата вели дека нашето јавно здравје е заштитено само на овој начин, а одлуките се...

Continue reading

Се намалува бројот на запишани ученици во струшките гимназии

Post Views: 7 Од година во година се помал е бројот на запишани ученици во двата средношколски центри во соседна Струга. Дотолку сериозна е состојбата што оваа година згасна една од паралелките во кои наставата се одвива на Албански наставен јазик во гимназијата „Ибрахим Темо“. Загрижува фактот што од година во година се помал е бројот на запишани ученици во прва година, во средношколските центри во соседна Струга. Во СОУ „Нико Нестор“ вкупно 325 ученици се запишале во прва година во 16 паралелки, од кои седум се на македонски наставен јазик а девет се на Албански наставен јазик....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top