Post Views: 8
Шеесет луѓе од Струга утре ќе заминат на аџилак во Мека и Медина во Саудиска Арабија каде ќе приуствуваат на верските обреди по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.
Дел од верниците од Струга ќе заминат со автобус, а друг дел со авион. Предвидено е таму да останат најмалку петнаесет дена.
Најстариот член на групата која ќе замине за Мека и Медина има 85 години, додека најмладиот 29 години. Во струшката болница тие денеска ја примија потребната вакцина против маларија, која е бесплатна и која верниците мора да ја примаат пред секое заминување.
{loadposition...
Post Views: 4
Во изминатиот период јавното претпријатие ги направи сите неопходни активности кои вклучуваа уредување на просторот околу големиот и малиот базен, проверка на системот за прочистување и оддржување на квалитетот на водата во базените и комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен.
Градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9 – 14 часот за пливачките школи и клубови и од 14 – 20 часот за сите рекреативци.
Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за една особа изнесува 60 денари.
ЈП Билјанини...
Post Views: 1
Утре градежната инспекција излегува на терен, а казни од 100 до 3.000 евра ќе следуваат за сопственици на куќи и за инвеститори на згради и други објекти кои се без фасада. Овие одредби се дел од Законот за градење, донесен во 2009 година, но ќе почнат да се спроведуваат за два дена, бидејќи Владата даде рок од две години за прилагодување на новините.
Градоначалниците најавуваат тивок бојкот на Законот за градење, кој налага казни до 3.000 евра за сопствениците на објекти кои немаат фасада. Дел од градоначалниците тврдат дека Законот е неприменлив, дел пак, воопшто...
Post Views: 1
Денеска и утре во Охрид и Отешево ќе се сретнат лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Низ големиот број на панел дискусии, панелистите ќе се осврнат на носечката тема на конференцијата Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна.
Во основата на Преспа форум дијалог се наоѓаат три столба: Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија и Договорот од Преспа. Овие договори создаваат една нова, алтернативна слика не само за нас, туку и за регионот. На овие договори почива современиот политички...
Post Views: 4
Од утре судбоносното „ДА“ ќе може да се каже и на затворено. Владата донесе одлука да се организираат свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот. Одлуката ја поздравија од асоцијацијата на хотелиери. Според Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ, бројката од 250 гости на свадба задоволува 90 проценти од барањата на угостителите. Забелешките биле предходно кога беа дозволени само 100 гости на отворено, а сега се очекува дека ќе има пораст на бројот на веселби со оглед на тоа што дел од свадбите се заостанати од...
Post Views: 3
Во Охрид утре првпат ќе се одржи триатлон трка, натпреварување што заеднички го организираат Општината Охрид и невладината организација „Алфа и омега“ од Скопје.
Забавните содржини во Охрид се збогатуваат со уште една новина, а тоа е триатлонот. Натпреварот кој ќе се одржи утре претставува збир од три спортови: трчање, пливање и возење велосипед.
„Општина Охрид секогаш ги поддржува убавите случувања во градот, па тоа не изостана и овојпат“, потенцира градоначалникот Петрески.
Натпреварувањето ќе се одвива во два дела. Еден за професионални натпреварувачи, а другиот...
Post Views: 1
Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје- Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство, утре, 15- ти јули, ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).
Запрашувањето ќе започне во 05 часот и ќе трае до 8.30 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од село Подмоље до Св. Наум и на територијата на град Охрид.
Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 15- ти јули,...
Post Views: 1
Градскиот базен „Атина Бојаџи“ за оваа летна сезона официјално ќе започне со работа од претстојниот викенд ( 4-5 јули ) и ќе биде отворен за сите заинтересирани пливачки школи и рекреативци – љубители на пливањето.
Градскиот базен ќе работи секој ден од 08 : 30 до 20 часот, така што во работен ден ( понеделник – петок ) пливачките школи ќе имаат резервирани термини предпладне од 08 : 30 до 12 часот и попладне од 17 : 30 до 19 : 30 часот додека терминот за рекреативците ќе биде од 12 – 18 часот.
За времена викендите ( сабота и недела ) градскиот базен...
Post Views: 3
Од утре, алкохолни пијалоци ќе можат да се купуваат од шест до 19 часот, наместо како што беше овие пет месеци до 21 часот.
Според законските одредби, продолженото време за продажба на алкохол, односно до 21 часот, важи од мај до 1-ви октомври.
Законот за забрана за продажба на алкохол во продажните објекти стапи на сила од 1. септември 2008 година, при што имаше бурни реакции од маркетите како и од граѓаните.
Оваа забрана беше усвоена со цел да се намали продажбата на алкохол на млади лица во текот на вечерните часови.
Казните за оние кои нема да го почитуваат законот...
Post Views: 11
Денеска според грегоријанскиот календар, католичката црква го празнува Бадник, еден ден пред големиот Христијански празник Христовото раѓање- Божик. Вечерва во католичката црква Св. Кирил и Методиј и Св. Бенедикт во Охрид ќе се одржи полноќна литургија, а утре ќе биде главната свечена божикна литургија. На Божик според католичките обичаи, му претходат четири недели на подготовка, т.н. адвентски недели, време кога се потенцира духовниот пост, хуманоста, одрекување од лоши навики. За Бадник или бдеење обичај е посна трпеза и кршење на бадниково лепче, додека за Божик...
Post Views: 0
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките се реализира во четири групи, според висината на пензијата:– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник);– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда);– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.07.2021 година (четврток);– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.07.2021 година (петок).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката...
Post Views: 5
Охриѓани самоиницијативно се мобилизираат за помош на мигрантите кои секојдневно пешачат долж железничките пруги во Македонија.
Немилите настани во кои бројни мигранти ги загубија своите животи во потрага по подобро утре, наголемо го отворија прашањето за третманот на нелегалните мигранти во земјава и законската регулатива која нив ги третира. Поведени од овие причини, најпрво поединци, самоиницијативно започнаа со непосредно помагање на мигрантите кои секојдневно ја поминуваат грчко-македонската граница транзитирајќи кон некои од западноевропските држави. Во моментов,...