Еднаков третман за сите учесници на „Охридско лето“
Post Views: 6
Музичко-сценските уметници на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија ги условувија своите матични куќи дека нема да учествуваат на фестивалот „Охридско лето“ ако не им бидат исполнети нивните барања: хотелско сместување со полн пансион и дневница од 800 денари или 3000 денари дневно. Директорката на Фестивалот Елизабета Јанкуловска пак, денес со став дека никој не е поголем од фестивалот и неговото значење, а манифестацијата не смее да биде заложник на било какви условувања. Таа информираше дека понудата за учеството на членовите на Националните установи...