Ознака: тие

decinja

Дечињата и нивните Првоаприлски маски

Post Views: 3 1ви Април, денот на шегата е веројатно денот кој дечињата нетрпеливо го очекуваа. Градинките од Охрид, со заедничка огранизација им овозможија да ја покажат својата креативност. Заедно со своите воспитувачки тие си имаа подготвено музички и танцови изведби, се забавуваа, кажуваа шеговити стихотворби. Но, за нив најважно беше што можеа да се маскираат во своите омилени ликови од цртаните филмови, од приказните… Пеперутки, самовили, принцези, мечиња, пчелички се само дел од креативните маски на дечињата кои беа присутни. За „Априлијадата“ да изгледа и звучи онака...

Continue reading

CJZ

Може да здивнеме, мали сипаници во Охрид нема!

Post Views: 5 Иако неколку градови низ земјава од кои најзагрозен е Скопје, се соочуваат со епидемија од мали сипаници,  во нашиот град нема простор за паника. Можноста за појавување е најголема во средините со побројно население и места каде што има мал број на вакцинирани. Во последниве неколку месеци во главниот град заедно со Куманово и Струмица биле регистрирани околу 522 случаи на морбили „Во Охрид досега нема ниту еден пријавен случај на ситните сипаници или морбили, што за среќа претставува еден факт за задоволство затоа што Охрид и делот кој што го покрива Центарот за јавно...

Continue reading

web sajt

Стоп на прикривањето туристичка такса

Post Views: 2 Локалната самоуправа прави напори преку современ софтвер навреме да добива информации за бројот на остварени ноќевања на странски и домашни туристи на Охридската ривиера. Со овој систем ќе се знае и колкава туристичка такса треба да се прибере. Туристичките субјекти  имаат потреба од ваква информација затоа што до точна бројка за посетеноста на гостите во екот на туристичката сезона тешко се доаѓа, а иако се добијат некакви бројки тие се најчесто од рака. За надминување на оваа состојба секторот за  туристички локален економски развој веќе изработи софтвер за он-лине...

Continue reading

tanas Tanasoski

За некои казна за други опомена

Post Views: 8 Праксата на дело. Урбаната опрема ќе се подига без пардон. Нема веќе прогледување низ прсти за неплаќачите на обврските кон локалната. Градежниот инспекторат отпочна со реализација на програмата за поставување на урбана опрема. Радикалните мерки на овој инспекторат вчера ги почуствуваа неколку сопственици на кафулиња лоцирани на градскиот плоштад и на потегот помеѓу обложувалницата „Премиер“ и Амамот. Објаснувањето на првиот човек на општинскиот инспекторат Танас Танасоски е дека мора од некаде да се почне за да се стави крај на проблемите од овој аспект.  Оваа опомена...

Continue reading

kiosk

Запуштен киоск во центарот ќе се закити со маси и столици

Post Views: 0 Киоскот на поранешна Нова Македонија кој со години наназад е поставен на улица Партизанска,  се наоѓа во запуштена состојба.  Недозволиво е во центарот на градот да се толерира ваков руиниран објект реагираат граѓаните. Објектот е легално поставен, но очигледно е дека сопствениците не се грижат за неговото одржување со што се  нагрдува ликот на центарот се согласуваат од општинскиот инспекторат. Танас Танасоски, раководителот на овој инспекторат е на мислење  дека  киоскот треба да се дислоцира од просторот и нагласува дека ќе дадат предлог. Но, по се изгледа со предлогот...

Continue reading

zelencuk

Најпосле производство на здрава храна

Post Views: 2 Југозападниот плански регион има идеални услови за производство на млечни и земјоделски производи. Идeјата на екологистите за производство на здрава органска храна, ја подржуваат и потпомогнуваат експертите. Центарот за развој на Југозападен плански регион досега има реализирано неколку проекти во кои ги вклучува 13 те општини преку кои ги обучуваат земјоделците и млекипроизводителите за производство на здрава органска храна, и тип на стандарди кои се потребни за производите да може да се извезуваат надвор од Македонија. „ Посебно обративме внимание на нивното едуцирање...

Continue reading

klub

Фудбалот гради позитивни вредности

Post Views: 5 Младите членови на фудбалската школа „Охрид 10 Јуниор“ им рекоа НЕ на дрогата, алкохолот, цигарите, а ДА на спортот и фудбалот. Оваа фудбалска школа не ги подучува дечињата само на фудбал, туку и од нив прави целосни личности. Иако е основана од неодамна, сепак работи со полна пареа. Се фокусирале на најмалите.Иако се соочуваат со лоши инфраструктурни услови, сепак макотрпно работат и постојано напредуваат. Велат: „Работиме поинаку од другите, темелно сме го разработиле овој план.“ Сепак освен фудбалот тие учат и нешто друго. „Најмногу се фокусиравме на однесувањето,...

Continue reading

Opshtina Ohrid

Охрид на прагот од втората фаза на децентрализација

Post Views: 1 Конечно зрно надеж дека Охрид ќе влезе во очекуваната втора фаза на децентрализација. Општинскиот долг кој градот го спречи да влезе во втората фаза се наоѓа пред подмирување. Советот на општина Охрид даде зелено светло за банкарскиот кредит кој ќе го покрива долгот. Долгоочекуваниот кредит кој треба да ја спаси општината од наследениот долг, доби зелено светло од советниците на Охрид. Една од причините поради која нашиот град сеуште не влегол во втората фаза од децентрализацијата е токму финансискиот долг спрема фирми во државна сопственост. Се работи за условен кредит...

Continue reading

protest

Египќаните протестираа…

Post Views: 1 „И ние сме дел од Р Македонија“, „Вклучете не во јавниот живот“, „Попис ДА, дискриминација НЕ“, се дел од пораките преку кои египќаните го искажаа својот револт против политичкиот и правниот систем во државава. Денеска за прв пат во независна Македонија египќаните јавно го кренаа својот глас против, како што велат дискриминација која се врши врз нив во државава. Учесниците во протесниот марш најпрво во канцелариите на Охридските народните пратеници доставија барање за да превземат марки за заштита на заедниците. „Сметаме дека трба да има промена во политичкиот и правниот...

Continue reading

vmro-dpmne

ДПМНЕ спремни за избори, кога и да се

Post Views: 10 „Прво скокни, после речи ОП.“ Вака им порача ВМРО-ДПМНЕ на своите противници од СДСМ. Тие потврдија дека се подготвени за избори во било кое време. Ќе им нанеселе убедлив пораз на своите политички конкуренти. ВМРО-ДПМНЕ користејќи народни мудрости им порача на своите политички противници од СДСМ да не се радуваат предвреме. Велат: „Вчерашното однесување на СДСМ е недопустливо.“ Во име на партијата се обрати Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ-Атанаско Михаилов кој реагираше на вчерашното еуфорично славење на членовите на СДСМ. Имено тие вчера најавата...

Continue reading

канео

Туристичките водичи и понатака го туркаат Сизифовиот камен

Post Views: 2 Охрид како најголем туристички центар во земјава е без свое Здружение на водичи. Околу 100-тина од нив се препуштени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат во хаотичната ситуација. Тие подолго време се немоќни да издејствуваат промени во оваа сфера, која ја пратат бројни проблеми. Почнувајќи од појавата на меѓусебна нелојална конкуренција, до проблемите со странските водичи кои водат свои групи и ја презентираат нашата култура и историја како што сакаат, па се до немање на туристичка полиција и неажурност на туристичката инспекција, укажува туристичкиот водич...

Continue reading

Каде кочат работите за нов Здравствен дом?

Post Views: 5 Надлежните конечно проговорија зошто се кочи работата околу изградбата на но Здравствениот дом во Охрид. И овој пат двојни виновници. За едните виновна  е Дирекцијата и нејзината непотегливост, а за другите фирмата-изготвувач на проектот. Раководителот на Секторот за урбанизам при Локалната самоуправа, Бранко Арнаудов, тврди дека во општината се вложуваат максимални напори за изградба на оваа здравствена установа и додава: „Локалната на 29.12.2009 год издаде услови. Веднаш потоа издаден е извод до ЈЗУ Здравстевн дом, бидејќи целокупната постапка треба да ја водат тие....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top