Ознака: септември

biro

Намален бројот на невработени лица во евиденцијата на Центарот за вработување од Охрид

Post Views: 2 „Во целиот изминат период еден голем број од лицата кои се пријавуваат во евиденцијата и кои го зголемуваа бројот на невработени лица, со што повеќе или помалку се добиваше една искривена статистичка слика за бројот на лица кои активно бараат вработување. Задолжително беа принудени да се пријавуваат во нашата евиденција, во евиденцијата на невработени лица и покрај тоа што активно не бараат вработување, објаснува раквододителот на Центарот. Оттаму, информираат дека само од месец август до крајот на месец декември минатата година, бројот на невработени лица од евиденцијата...

Continue reading

plaza

Шок за концесионерите на плажите

Post Views: 2 Откако во Септември истекоа старите договори, Министерството за транспорт и врски бара од концесионерите плажите да се вратат во првобитната состојба. Од министерството велат дека место за револт нема бидејќи истото стои во Договорите кои веќе ги потпишале концесионерите. Старите концесии за плажите истекоа во Септември минатата година.  Претставниците од Државниот градежен инспекторат на денешната средба ги шокираа охридските концесионери. За да започне новото лицитирање за добивање на концесии, според Законот, плажите најпрво мора да бидат вратени во првобитната состојба,...

Continue reading

bazen

Изградбата на затворениот базен започнува во септември

Post Views: 0 Изградбата на 25 метарскиот базен кој агенцијата за млади и спорт ќе го гради во Охрид ќе започне во месец септември. Ова го најави директорот на агенцијата за млади спорт, Лазе Поповски на неговата последна посета на Охрид и Струга.Изградбата на затворен базен во Охрид беше најавена на седницата на влада на 17 ноември, кога уште беше и прецизирано дека базените ќе се градат согласно стандардите на ФИНА и ќе бидат соодветни за ватерполо и пливање. „ Најпрво е донесена одлука за базените во Крушево и Охрид и тоа е најверојтно месец септември месец, се разбира ако бидат...

Continue reading

spomenik

Одбележана двегодишнината од бродската несреќа

Post Views: 12 Со панихида во чест на жртвите чии животи згаснаа при потонувањето на бродот “Илинден” денеска во Охрид се одбележаа две години од најголемата бродска несреќа на Охридското езеро. Сончевото летно утро и мирното езеро охриѓани и гостите од Бугарија во целот ги потсети на кобниот 5 ти септември 2009 год. кога во Охридското езеро се удавија 15 бугарски туристи. Пред спомен одбележјето на градскиот кеј, свежо цвеќе положија делегации на општина Охрид и амбасада на Р. Бугарија. „ И следните години ние на 5 ти септември ќе доаѓаме тука. Многу сме и благодарни на општина Охрид...

Continue reading

Lajonisti

Голема награда за македонските лајонисти

Post Views: 7 „Македонија е мала држава по население и територија, но голема во светот на Лајонизмот“, вели актуелниот Гувернер на Дистрикт 132 Др.Сашо Василевски. Реализацијата на над 400-те проекти на ниво на клубовите во Македонија, меѓу кои како еден од поамбициозните може да се издвои  организацијата на летниот камп за деца заболени од Дијабетис тип 1, потоа проектот Засади ја својата иднина, проект кој го започнаа лајонистите од Скопје, проект прифатен од државата проект чија реализација сега заеднички продолжува. Овие проекти на македонските лајности им донесоа и едно големо...

Continue reading

Kukata na Uranija

Македонските академици сеуште не ја севтосале Куќата на Уранија

Post Views: 3 Куќата на Уранија, реконструирана со солидно внатрешно уредување, ги чека своите посетители. Но, од нејзиното предавање на Ману таа стои празна под клуч. По скоро, две години од  реконструкција не е ставена во функција. Првичната намера беше таа  да биде резиденцијален објект на македонските академици. Се обративме до службата за односи со јавност во Ману барајќи одговор што се случува со објектот и зошто сеуште е празен и во мрак. Во МАНУ, заради годишните одмори се правдаат дека нема кој да ни одговори зошто Куќата на Уранија стои под клуч. Не добивме одговор кога...

Continue reading

aci badem

Ќе се гради голем клинички ценатар во Охрид

Post Views: 5 Градоначалникот Александар Петрески открива дека  повеќе сопственици на болници од Турција предводени од АЦИ Бадем, се видно заинтересирани за инвестиција во Охрид. „На неколкуте средби со инвеститорите Разговаравме и со Министерот за транспорт и врски и со бирото за инвестиции каде работи нашиот сограѓанин Виктор Мизо и заеднички се договоривме во Охрид да се гради клинички ценатр во кој би се вработиле од 200 до 250 лица“, вели градоначалникот. „ Инвестицијата би чинела над 40 милиони евра, локацијата  е веднаш до специјалната болница за оропедија и трауматологија...

Continue reading

zgardi

Легализацијата на дивоградбите, оди многу бавно

Post Views: 3 Споро оди реализација на проектот за легализација на дивоградбите. Уште нецел месец останува до 3 ти септември, последниот рок кога граѓаните можат да  достават документација за бесправно изградените објекти или дивоградбите. Во Локалната самоуправа на Охрид, досега доставени се 2160 такви барања, а решени се околу 10 до 12%. Вишиот соработник за односи со јавност во локалната, Томе Џамтоски, појасни на што се должи ваквата состојба. -Наизглед ова покажува дека е мал број, меѓутоа мора да се земе предвид дека граѓаните само за да го запазат законскиот рок до 3 ти септември...

Continue reading

суд

Преживеаните побараа условна казна за капетанот Филески

Post Views: 8 Денес пред Основниот суд во Охрид, и обвинителството и одбраната ги имаа своите завршни зборови за пловната несреќа на бродот „Илинден“. На ова последно рочиште за пловидбената нереќа, обвинителот Зоран Паноски истакна дека од изнесените докази на главниот претрес и првообвинетиот Сотир Филевски, и второобвинетиот Бранко Баиќ, се одоговорни за делото за кое се теретат, односно за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и побара судот да им изрече казна согласно законот. Адвокатитот пак на преживеаните бугарски државјани, Никола Мујоски во...

Continue reading

ucenici

Училишни униформи, да или не?

Post Views: 13 Училишни униформи за децата од основното училиште „Григор Прличев“. Овој муабет се слуша низ целиот град. Некои родители со жестоки реакции за предлогот. Како што кажува и името, ова засега е само предлог, кој според директорот на ова училиште, Сашо Ставрески сеуште не е целосно разработен и треба и понатаму да се разгледува. По овој предлог се состанал и советот на родители од ова училиште. „На тој состанок на совет на родители беше донесена одлука за да се формира комисија што ќе работи на овој предлог. Комисијата беше формирана од членови на советот на родители....

Continue reading

den na mirot

Одбележан меѓународниот Ден на мирот со марш на ветераните

Post Views: 9 Во Охрид и Струга  се одбележа меѓународниот Ден на мирот, 21–ви септември. Сојузот на борците и нивните почитувачи одржаа марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“. Во Охрид маршот започна во 11 часот од пред Сојузот на борците за да пристигнат на  градскиот плоштад. Точно на пладне на сите паднати жртви за мирот им беше  оддадена почит со едно минутно молчење. На собирот на ветераните имаше и основци кои дојдоа да го одбележат заедно Меѓународниот ден. Претседателот на Сојузот на борци Гоце Георгиески  истакна дека трета година се чествува меѓународниот ден на мирот ...

Continue reading

Grigor Prlicev

Недела на рускиот филм во Охрид

Post Views: 0 Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 19 до 23 септември ќе се прикажуваат филмови од руска продукција, во рамки на манифестацијата Недела на руски филмови. Организатори на манифестацијата се Министерство за култура на Руската Федерација, Министерство за култура на Македонија, Амбасада на Руската Федерација во Македонија, Филмскиот фонд на Македонија, Рускиот културно-информативен центар, Кинотека на Македонија и Студио „Фест-филм“. Освен во Охрид, Недела на руските филмови ќе се одржи и во Скопје и во Битола. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top