Ознака: села

logo

Дел oд Охрид и охридските села денес поторно без струја

Post Views: 2 Од ЕВН Македонија, информираат дека денес, 18-ти март, ќе има  прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од центрарот на Охрид како и неколку охридски села и населби. Така во периодот од 06:00 до 08:00 часот, без снабдување со електрична енергија  ќе бидат улиците: „Прилепска“, „Радојца Новичиќ“, „Кузман Капидан“, „Илинденска“ , „Кочо Рацин“, „Боро Шаин“, „Петар Поп Арсов“, „Пере Тошев“, „Кирил и Методиј“, „Сатеска“, „Железничка“, „Винковача“, „Гоце Делчев“, „Вардар“ , Стив Наумов“ и „Васил Стефоски“, селата Вапила, Ливоишта, Орман, Долно и Горно Лакочереј,...

Continue reading

logo

Дел од “езерските“ села и населби денес без струја

Post Views: 2 Од ЕВН Македонија, информираат дека денес, 12-ти март, ќе има  прекин во снабдувањето со електрична енергија во неколку охридски села и населби долж брегот на Охридското Езеро. Имено, во периодот од 09:30 до 16:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе биде еден дел од туристичката населба „Лагадин“,  од 12 до 13 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во селата Трпејца, Љубаншта, комплексот „Св. Наум“, воениот камп, и населбата со викенд куќи во Љубаништа . Во текот на денешниот ден без електрична енергија ќе биде и дел од селото Горно Лакочереј ...

Continue reading

pregled

Здравствени пунктови во селата на Охрид и Дебрца

Post Views: 0 Раководството на Здравствен дом бара од градоначалниците на Охрид и Дебрца простории каде би функционирале здравствени пунктови во селата. Во изминатиов период, односно од почетокот на Јануари 2014, ЈЗУ Здравствен Дом Охрид го спроведува проектот на Владата на РМ „Рурален доктор“ на подрачјето на општините Охрид и Дебрца. Здравствениот дом  организира вршење на примарна  здравствена дејност, согласно утврдена Програма, при што лекарски тимови ги посетуваат сите села во двете Општини. Медицинскиот тим врши лекарски прегледи, советувања и други видови здравствени услуги...

Continue reading

ЛС Дебрца

Општина Дебрца ќе урбанизира десетина села

Post Views: 9 Општина Дебрца ќе  урбанизира повеќе селски населби кои се без урбанистичка планска документација.  Обезбедени се 17 милиони денари од Ипард програмата и 3 милиони денари од сопствениот општински буџет. 20-те  милиони денари ќе бидат вложени во изработка на урбанистички планови кои треба да бидат готови за една година. На тој начин се планира да се урбанизираат селата Волино, Велмеј, Злести, Слатино, Горно и Долно Средорече, Климештани, Лактиње и Црвена вода. Недостокот од урбанистички решенија за селата ги попречува руралните средини во стопанскиот и туристичкиот  развој,...

Continue reading

Седум охридски села се снабдуваат со нехлорирана вода од селските водоводи

Post Views: 4 Без решение е проблемот со водоснабдувањето во повеќе охридски села. Жителите пијат нехлорирана и неисправна вода со децении, а трајно решение нема. Жителите или не ги препуштаа водоводите на Јавното претпријатие да стопанисува со водоводите изградени од месното население или пак ЈП немаат економска исплатливост да ги одржуваат. Последниот извештај за квалитетот на водата од ЦЈЗ покажува дека и понатака нема резидуален хлор во водоводот на седум села меѓу кои и во селото Куратица. Месната заедница од ова село, со години бара решение за овој проблем, а од 2018 побарале...

Continue reading

Бактериолошки неисправна водата за пиење во три села во Дебрца

Post Views: 5 Бактериолошки неисправна вода за пиење има во три села во Дебрца, покажуваат последните анализи од Центарот за јавно здравје -Охрид. Од таму препорачуваат забрана за употреба на водата за пиење од водоводите во селата Климештани, Требеништа и Мешеишта. Игор Крцоски, директор на Јавното комунално претпријатие Дебрца, информира дека се преземени активности за решавaње на проблемот со водоводот во село Требеништа кој е под нивна надлежност. „Во Требеништа водоводот е во сопственост на ЈКП и имаше бактериолошка неисправност на водоводната мрежа. Во саботата направивме хиперхлорирање...

Continue reading

manu

Божиновска: Ставовите на научните институции треба да се почитуваат

Post Views: 0 Ставовите на научните институции треба да се почитуваат, и при градење на споменици и поставување обележја истите да не се прескокнуваат во процедурата, порача денес од Охрид претседателот на Комисијата за верски заедници Виолета Божиновска. Ова се однесува на неодамнешниот настан во Струга каде во неколку  струшки села беа откриени спомен плочи по повод сто годишнината од македонско-албанското востание против тогашниот окупатор, во присуство на претседател на Академијата на науки и уметности од Р. Албанија Музафер Куркути. Божиноска истакна дека на тој настан можеа...

Continue reading

Debrca

Уникатноста на црквите и градбите од Дебрца претставени пред охриѓани

Post Views: 6 Во јавноста многу малку е познат фактот дека и дел од Дебрца е ставен под заштита на Унеско. На овој простор има голем број цркви и манастири кои долго време се истражувани од охридските историчари на уметност. Научно истражувачката работа тим од Завод  и Музеј резултираше со изложба од истражувањата на  терен.  Внатрешноста на овие сакрални објекти се исполенти со велелепни фрескоживописи и иконографија што зборува за умешноста и генијалноста на македонските зоографи, вели Гоце Ангеличин Жура, историчар на уметност  од охридскито Завод и Музеј. Жура во соработка  со...

Continue reading

oktosi sredba Sela Timotej

Нема решение за проблемот со изградбата на црквата во Октиси

Post Views: 5 После триесетминутен разговор зад затворени врати митрополитот на Деберско Кичевската Епархија, г. Тимотеј и градоначалникот на Струга Зијадин Села не донесоа никаков заклучок во однос на изградбата на црквата во селото Октиси. По средбата струшкиот градоначалник рече дека се работи за меѓуверски конфликт, а тој само помага во неговото решавање. Според Села во моментов најдоброто решение е времена мерка за одложување на изградбата на параклисот, за што тој поднел барање до судот. „Нашата цел е граѓаните да живеат мирно и спокојно без никакви проблеми. Не ни требаат верски...

Continue reading

Jugozapaden planski region

Бурна расправа на Советот на Југозападниот плански регион

Post Views: 15 Бурна расправа на Советот на Југозападниот плански регион. Од предвидените 14 точки од дневниот ред најмногу прашина се крена за права точка „Предлог одлука за избор на раководител на центарот за развој на Југозападниот плански регион“. Дел од градоначалниците сметаа дека оваа точка не е валидна и дека треба конкурсот кој е распишан да се поништи и да се распише нов. Претседателот на Југозападниот плански регион, струшкиот градоначалник Зијадин Села, во име на оние кои бараа поништување на конкурсот го образложува нивниот став. „Направени се некои состаноци, со потписи...

Continue reading

stuga znaminja

Илинден без знамиња во Струга

Post Views: 0   Локалната самоуправа случајно или намерно изумила дека на државни празници треба да се истакне државното македонско знаме, по улиците, но и пред државните институции.  Спротивно на ова, во Струга не забележавне ниту едно знаме. Граѓаните револтирани, но се плашат да коментираат пред камера. Оние похрабрите пак кои проговорија велат дека ова не е прв пат во Струга да не се почитуваат државните симболи. Реакција и од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга. Претседателот и секретарот на ОК обвинувањата ги упатија лично до градоначалникот. Тие велат дека Села со овој потег го покажа...

Continue reading

sednica

Села: На Струга и се земаат, а на Охрид му се даваат средства

Post Views: 3 Централната власт при распределба на средства од државната каса за Охрид мајка, а за Струга маќеа. Ваков е впечатокот на струшкиот градоначалник Зијадин Села. Ова доаѓа откако како што обелодени Села, од буџетот на општина Струга, Централната власт одзела 100 000 евра, средства за сервисирање на долг од кредит на МЈП „Проаква“, од кој пак 90% ос средствата односно инвестицијата биле за Охрид. „Денес ни се одземени од буџетот на општина Струга 6 милиони денари или 100 000 евра. Тоа се пари на граѓаните на општина Струга кои се одземени од страна на централната власт....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top