Ознака: решенија

sdsm

Охридските социјал демократи укажуваат на низа незаконитости во манастирскиот комплекс Св.Наум

Post Views: 1 Во манастирскиот комплекс Св Наум се случуваат повеќе незаконски делувања на одредени државни институции од власта на ДПМНЕ, обвинуваат охридските социјал демократи. Со тоа не се почитуваат правата на жителите на Охрид , рече на денешната прес конферција портпаролот на ОО СДСМ  Александар Кузески. Тој  укажа дека Kомисијата за денационализација  во три наврати, спротивно на законските одредби од Законот за денационализација, со решенија од 2008, 2009 и 2011 година одзела  од РМ  над 3 илјади хектари земјиште,  дел од Националниот парк Галичица, и го вратила на црквата....

Continue reading

mk-grcija

Цукалис: Можно решение „Нова Македонија“ или „Помлада Македонија“

Post Views: 1 Јас не би очекувал каква било било промена на грчките позиции за главните прашања, можеби единствено се наѕира можност за компромис во прашањето за името на Поранешна Југословенска Република Македонија Можеме да се договориме со помош на некое име од типот „Нова Македонија“ или „Помлада Македонија“, изјави Лукас Цукалис, претседател на Грчката фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП) и Специјален советник на претседателот на Европската комисија во интервјуто за чешкиот весник „Хосподарске Новини“ на прашањето како ослабената позиција на Грција во меѓународните...

Continue reading

zapusteni privatni imoti

Локалната бара спас за решавање на проблемот со запуштените приватни имоти

Post Views: 3 До редакцијата на ТВМ се нижат реакции на граѓани кои бараат спас од змијарници и запуштени приватни имоти. Охридска бригада, Крум Точков и Дејан Војвода се само дел од локациите во кои лично се увери и екипата на ТВМ. И покрај тоа што граѓаните јавно не сакаат да зборуваат, за како што велат, да не се замерат со комшиите, нивниот проблем е повеќе од очигледен. Тие признаваат дека се плашат да ги пуштат децата да играат на улица затоа што често се случува од тревите да излезат змии. Од локлната признаваат дека вакви забелешки стигнуваат и на нивна адреса. Токму поради...

Continue reading

bazen

Охриѓани ќе добијат современи терени на СРЦ „Билјaнини извори“

Post Views: 0 Градоначалникот и неговиот тим денес направија обиколка на спортските терени на СРЦ „ Билјанини извори“. Разгледаа  во каква состојба се објектите и кои се можностите за развој на спортските содржини на единствениот спортско рекреативен центар во градот.  Спортскиот центар плански ќе се развива и она што ќе се гради сега ќе има ефект во следните години, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Тој најави дека ќе се гради и долгоочекуваниот затворен базен.   „ На почетокот на идната година ќе почне изградбата на затворен базен. Разгледани се можнсостите за развој и на...

Continue reading

vospituvacki

Градинката „Јасна Ристеска“ кубури со кадар

Post Views: 15 Дефицитот на кадар останува најголемиот проблем во охридските градинки. Иако капацитетот на градинката е 650 деца, кои треба да ги опслужуваат 110 вработени од сите профили, во моментов дури 750 деца се згрижени во охридските градинки, а ги опслужуваат 69 вработени со решенија на неодредено работно време. Прекинот на договорите за кој неколкуте волонтери од градинките усно беа известени на почетокот на овој месец, биле основната причина загрижени родители да реагираат до нашата редакција, со молба за актуелизирање на овој проблем. Розе Костоска В.Д. Директор ЈОУДГ „Јасна...

Continue reading

pozarna

Противпожарната единица засега останува на старата локација

Post Views: 14 Засега нема дислокација на Противпожарната единица во Охрид. Командирот Спасе Прентоски вели дека идејата на Локалната за преместување на противпожарната на друго место која потекнува уште од пред неколку години, барем според најавите за брзо време нема да се реализира. Тој додава дека нивниот став е јасен. Локацијата на која се наоѓаат е најпогодна за обавување на нивната дејност, но командирот додава дека доколку Локалната одлучи поинаку тие ќе мора да прифатат. Како една од можните локации каде би се сместила противпожарната единица беше спомнувана и  касарната.  Од...

Continue reading

kej

Охридското езеро го демнат нови опасности

Post Views: 5  Урбанизацијата на крајбрежниот дел, нерешениот проблем со колекторскиот систем кај Радожда, Трпејца и Љубаништа, немањето субјект кој стопанисува со езерото, проблемите со рибниот фонд се повеќе го загрозуваат Охридското езеро. Дејан Паноски од билатералниот секретарјат за Охридското езеро вели дека крајно време е да и се застане на патот на сериозната агресија што му се прави на езерото. Затоа денес претставници на институции од централно и локално ниво за заштита и управување со Охридското Езеро, како и претставници на невладиниот сектор од Охрид и Струга седнаа на...

Continue reading

Goce Simonoski TLER

Нови решенија за малите станоиздавачи

Post Views: 1 Станоиздавачите од мал обем категоризирани во 2009 година треба да добијат нови решенија. Три години е важноста на претходно издадените, а нивните сопственици мора да ги продолжат според датумот на издавање. Оние станоиздавачи кои нема да ги обноват своите решенија, нема да имаат право да ја вршат својата дејност. Од секторот за туризам и локален економски развој велат дека доколку има некакви квалитативни измени во условите кои ги нудат станоиздавачите, не мора да чекаат три години за да достават барање за категоризација. Истото можат веднаш да го достават, а комисијата...

Continue reading

Goran Stojanosvki

Нови уметнички селектори на Охридско лето

Post Views: 2 Охридско лето годинава со нови програмски селектори. Директорот на оваа национална установа Васко Василески поради завршување на договорите на досегашните уметнички селектори, донесе решенија со кои именува нови селектори.  Од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на драмската  дејност, за селектор на драмската програма е именуван Горан Стојановски-актер, продуцент и раководител на Охридскиот театар. Додека пак, функцијата  селектор на музичката програма од оваа година ќе ја врши Маја Чанаќевиќ, солист на англиски рог и обоа, вработена во Македонската...

Continue reading

zemjishte

Неизграденото градежно земјиште отиде во рацете на општините

Post Views: 11 Денес е 1-ви Јули, датумот од кој и официјално општините го добиваат во сопственост неизграденото градежно земјиште. Според законските норми за една општина да го добие во свој посед ова земјиште, најпрво мора да исполни неколку важни услови. Општина Охрид е една од општините кои во целост ги исполнила бараните услови и веќе од денес е сопственик на земјиштето. Уште пред да биде предадена сопственоста на земјиштето во општински раце, општинарите веќе нашле намена на неколку локации, а интензивно работат и на програмата која го опфаќа неизграденото градежно земјиште. „Се...

Continue reading

дуп

Стратегиска оценка или само документ отповеќе?

Post Views: 5 Извештај кој нуди алтернативни решенија за проблемите во врска животната средина или само документ плус?  Станува збор за стратешка оценка која произлегува од Законот за животна средина и просторно планирање, односно, плански документ кој отсега е потребен при изработка на урбанистичката планска документација, вели Пеце Мирчески, еден од авторите на извештајот. Инаку, целта на овој извештај е идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина, животот и здравјето на луѓето, кои би произлегле со имплементација на планскиот документ. Постапката се спороведува...

Continue reading

Atanasko Mihailov

Не згради во центарот на Охрид, туку зеленило

Post Views: 1 Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ги актуелизира  старите урбанистички планови за централното градско подрачје. Тие упатија обвинувања на адреса на  градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа за урбанистичките планови со кои ќе се гради во ценатрот на Охрид. „Со тоа се задира во срцето на градот за сметка на зелениот појас“,  незадоволно регираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Атанаско Михаилов претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ упати прашање до кога градоначалникот и локалната самоуправа, урбано ќе го деградира Охрид. Се потенцираа новите урбанистички решенија со...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top