Ознака: реал

Лудило во Лисабон

Post Views: 3   Точно 19 дена пред отварањето на Светското првенство во Сао Паоло, во Лисабон ќе биде кулминацијата на клупската сезона – финалето во Лигата на шампиони помеѓу двата мадридски тима Реал и Атлетико.Саботната пресметка на Луж ќе биде петто финале во историјата на Лигата на шампиони во кое ќе играат тимови од иста земја, но прв пат доаѓаат од ист град.Реал во Лисабон оди по десеттата круна – „decima„ прва по 12 години, додека Атлетико ќе го лови својот првенец во елитното друштво по своето досегашно едно финале во 1974 година кога изгуби од Баерн Минхен.Реал...

Continue reading

Проблеми за Реал и Атлетико пред мечот во Лисабон

Post Views: 8 Атлетико Мадрид ја освои титулата во Шпанија по прв пат после 18 години чекање, но тоа го чинеше две големи повреди на своите играчи пред финалето во Лигата на шампиони за седум дена. Во Лисабон Атлетико ќе игра против својот градски ривал, Реал, за титулата европски шампион. Моментално за тој натпревар под знак прашање се првиот стрелец на тимот, Диего Коста, и одличниот играч за врска Арда Туран. Двајцата на гостувањето кај Барселона го напуштија теренот во првото полувреме, Коста поради повреда на задната ложа, а Туран поради повреда на колкот. Моментално нема информации...

Continue reading

Анчелоти добил наредба од претседателот на Реал

Post Views: 0 Реал мадрид очигледно ги изгубил сите надежи дека ќе ја освои Примера, па во недела против Селта можеби ќе игра вториот тим на оваа екипа. „Модриќ, Рамос и Бензема чувај ги за финалето на Лигата на шампиони, затоа што само тие од незаменливите останаа неповредени“, добил наредба тренерот Анчелоти од претседателот Перез, пишува Marca. А кралевите во завршницата на сезоната ќе бидат ослабени и со неиграњето на Пепе, кој освен последните две кола на Примера, веројатно ќе го пропушти и финалето во Лигата на шампиони против Атлетико. Него ќе го замени Французинот Варан. Во...

Continue reading

Гвардиола изнесен пијан од ноќен клуб

Post Views: 9 По освојувањето на Бундес лигата, играчите со менаџерот на Баерн Минхен на чело, отишле во ноќен клуб и се опијаниле, тврди ирски новинар. Ирскиот новинар Eamon Dunphy тврди дека за елиминацијата на Баерн од Реал во полуфиналето на Лигата на шампиони е виновна пијанката на Баварците по освојувањето на титулата во Бундес лигата. Dunphy тврди дека од свои извори дознал како таа вечер, Пеп Гвардиола, наводно го носеле пијан од клубот и дека по таа бурна вечер играчите ја смениле сликата за својот тренер. „По освојувањето на Бундес лигата, играчите и стручниот тим на чело...

Continue reading

Кој ќе е прв финалист во Лига на шампиони ?

Post Views: 6 Историјата е на страна на Баварците, кои на свој терен никогаш не загубиле од Мадриѓаните. Во досегашните 9 средби во Минхен, Баерн славел 8 пати и еднаш одиграле нерешено. Меѓутоа Карло Анчелоти пак никогаш во кариерата не загубил од актуелен европски шампион. Баерн и Рeал досега одиграле пет полуфинални средби во Лига на шампиони, а кралскиот клуб успеал само еднаш да избори пласман во финале. Двете екипи за викендот славеа во своите шампионати, Баерн против Вердер со 5-2, а Реал против Осасуна беше убедлив со 4-0. Тренерот на актуелниот шампион, Пеп Гвардиола изјавил...

Continue reading

“Можеби Баерн е црна мачка за Реал, но не и за мене”

Post Views: 1 “Баерн не е никаков баук за мене. Јас против нив имам добри резултати”, рекол Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, пред првата полуфинална средба против Баерн Минхен во Мадрид. Како тренер на Милан, Карло Анчелоти со Баерн се сретнал 6 пати и билансот му е одличен. Четири победи и два натпревари нерешени, и ниту еден пораз. “Баерн можеби за Реал е некаква црна мачка низ историјата но не и за мене. Добро поминував со нив, но не можам да кажам дека имам дополнителна самодоверба поради тоа. Она што ми дава самодоверба се моите играчи кои ги имам на располагање. Верувам...

Continue reading

110 милиони евра за Суарез

Post Views: 1 Мадридски Реал наводно е спремен да плати 110 милиони евра за фудбалерот на Ливерпул, Луис Суарез, тврдат медиумите во Англија и Шпанија Доколку би се реализирал евентуалниот трансфер, ќе го надмине сегашниот рекорд за преминувањето на Герет Бејл во кралскиот клуб кој изнесуваше 100 милиони евра. Суарез е најдобар стрелец во Премиер лигата со 29 погодоци, а медиумите тврдат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, планира во наредните неколку дена да прати понуда за Уругваецот. Рела Мадрид, спрема истите извори, пред три недели му понудил на Ливерпул 85 милиони...

Continue reading

Извлечени полуфиналните двојки во Лига на шампиони и Лига Европа

Post Views: 8     Интерсни полуфинални двојки во Лига Европа од кои едно шпанско полуфинале помеѓу Севиља и Валенсија, додека Бенфика како домаќин го пречекува италијанскиот шампион Јувентус. Во извлекувањето на полуфиналните двојки во Лигата на шампиони беа извлечени парови каде ќе гледаме спектакуларни мечеви. Првиот пар носи пресметка помеѓу гигантите Реал Мадрид како домаќин и Баерн Минхен, додека другиот пар е пријатното изненадување Атлетико Мадрид со Челзи.    Полуфинални двојки во Лигата на шампиони Реал Мадрид – Баерн Минхен Атлетико Мадрид – Челзи Полуфинални...

Continue reading

Роналдо под знак прашање

Post Views: 5 Карло Анчелоти дува на ладно и сеуште не ја отфрла опцијата на терен да го прати и Кристијано Роналдо иако повторно се пожалил на повреда во коленото. „Роналдо чувствува дека е спремен 100%, и уверени сме дека ќе настапи, но сепак со него не е добро да се ризикува“, рекол Анчелоти свесен дека Реал наскоро го очекува нова битка со Барселона во финалето на кралскиот куп. Реал во последно време одлично игра и без Роналдо, без кој Реал уверливо славеше во Сан Себастијан, во последното коло на Премиера, па прашање е дали Португалецот е подобро да не игра во Дортмунд. Ако...

Continue reading

Теорија на заговор

Post Views: 9 По поразот на Реал од Барселона во Мадрид, Кристиано Роналдо жестоко го критикувал главниот судија Ундиано Маљенко. „Направи премногу грешки за натпревар кој е на ова рамниште. Со лошите одлуки внесе нервоза кај играчите, требаше некој друг да суди, тој не е за вакви големи натпревари. Не сакам да се правдам, но…“, гневно изјавил Роналдо и продолжил уште пожестоко: „Тешко е да се игра и да се бориш кога некои луѓе не дозволуваат да победиш. Долго сум овде, доволно за да разберам како на некои очигледно им пречи кога победуваме. Ни завидуваат, немаме еднаков третман,...

Continue reading

Извлечени двојките во Лига на шампиони и Лига Европа

Post Views: 4 Парови за четвртфиналето во Лига на шампиони се: Барселона – Атлетико Мадрид Реал Мадрид – Борусија Дортмунд ПСЖ – Челзи Манчестер Јунајтед – Баерн Барселона и Атлетико играат за прв пат еден европски натпревар, ПСЖ и Челзи се состанале само еднаш во двомеч, Реал и Дортмунд досега одиграле осум пати меѓусебе, додека Баерн и Манчестер се сретнале девет пати од кои едно финале во 1999 година. Финалето во Лига на шампиони е на 24-мај во Лисабон. Парови за Лига Европа се: АЗ Алкмар – Бенфика Олимпик Лион – Јувентус Базел – Валенсија Порто – Севиља Финалето од Лига Европа...

Continue reading

Цените летаат до небо

Post Views: 3 Пред две години како слободен играч преминал од Манчестер Јунајтед во Јувентус каде многу брзо се потврди дека Погба (20) е еден од најталентираните играчи за врска во светот. На него фрлија око многу клубови кои имаат повеќе пари од старата дама така што челниците на Јувентус во тек на летото би можеле да дојдат во искушение. Gazzeta dello Sport  пишува дека претседателот на Јувентус Андреа Ањели бил во Париз каде се состанал со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келафи. Арапскиот тајкун при средбата понудил за Погба дури 70 милиони евра отштета. Меѓутоа, како што пишува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top