Tag: продолжува

Продолжува хаосот со такси превозот во Охрид

Охридските такси превозници одбиваат да ги возат граѓаните на релации низ градот. Во трката за поголема заработувачка прифаќаат да возат само кон плажите. Хаосот во такси превозот се повторува секоја летна сезона кога за охриѓани на пеколните горештини услугите од таксистите се недостапни. Не ретки се и случаите на наплата по двојно па дури и тројно повисока цена од вообичаената тарифа. Градските власти во Охрид велат дека не можат да стават крај на оваа појава. Тоа прашање не е за нашите инспекциски служби. Немаме начин и методлогија да провериме дали на секој граѓанин му излегле во пресрет...

Continue reading

Реновирањето на патот преку Галичица продолжува по Илинден

Јавната установа Национален парк Галичица и изведувачот на работите за реконструкција на регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум ја информираат јавноста дека истиот ќе биде отворен за секаков вид сообрајќај од денес до 3 август 2021 година. Во вторник, на 3 август продолжуваат активностите за реновирање на патот и режимот на сообрајќајот ќе биде како што беше до сега: Регионалниот патен правец кој води преку Галичица ќе биде затворен за секаков сообрајќај, секој ден на делницата од Баба до Царина (преспанска страна) од 8 до 17 часот. После 17...

Continue reading

Продолжува спасувачката акција во Мајами

Спасувачките екипи продолжуваат во потрагата по жртви во урнатата станбена зграда во Флорида, откако беа активирани низа експлозии со цел да се урнат нестабилните остатоци од зградата. Екипите веднаш започнаа со расчистување на новите остатоци за спасувачите да можат да ја започнат својата операција која беше запрена во поголемиот дел од викендот. Поголемиот дел од зградата близу Мајами, се урна во раните утрински часови на 24 јуни. Бројот на потврдени мртви изнесува 24. Други 121 се водат за исчезнати и се претпоставува дека се мртви. Зградата во Сурфајд беше урната додека тропската бура Елза...

Continue reading

Продолжува пустошењето на шумите на Јабланица

Продолжува пустошењето на боровите шуми во атарот на селото Лабуништа. И концесионерите на шумите, но и дрвокрадци од околината и Албанија ги соголија шумите на Јабланица. Активистите од Лабуништа бараат надлежните да преземат мерки во спротивно се заканија со протести и блокади. Продолжува соголувањето на шумите на Јабланица. Концесионерите, но и дивосечачи од околните села и од Албанија потојано вршат нелегална сеча во атарот над Лабуништа. Активистите од Здружението за екологија „Натура лаб“ загрижени, велат пустошењето на буковите шуми не застанува со години, се прави голосек кои ќе предизвика...

Continue reading

Со засилено темпо продолжува техничкото опремување на Државниот архив

Деновиве пристигна опремата со која технички се подготвува процесот на дигитализација низ подрачните одделенија на државниот архив низ земјава, вклучително и во подрачното одделение на оваа институција во Охрид. Деновиве пристигна опремата со која технички се подготвува процесот на дигитализација низ подрачните одделенија на државниот архив низ земјава, вклучително и во подрачното одделение на оваа институција во Охрид. Новите скенери, принтери, декстоп компјутери, лаптопи и останата опрема ќе бидат на располагање на вработените на Државниот архив во сите одделенија низ државата.

Continue reading

Акцијата за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје продолжува во Елешец, Канео и Студенчишта

Привршува уредувањето на плажата Лагадин. Заврши уривањето сега просторот хортикултурно се уредува. Привршува уредувањето на плажата во туристичката населба Лагадин. Сите шанкови, платформи и објекти се веќе отстранети..Нема веќе рампи и лежалки.Деновиве  ќе се посипува со речна автохтона песок, нови засади на растенија и дрвја, а  се очекиува плажата  да биде подготвена за туристи до 15 јуни. „Речиси целосно се расчистени плажите на овој потег, од село Пештани до хотел Метропол, каде што со помош на механизација, отстранети се нелегални градби, платформи, постаменти од бехатон плочки и ѕидови...

Continue reading

Георгиески: Акцијата продолжува, нема селективност во уривањето дивоградби на плажите

До средината на јуни ќе заврши уривањето на дивоградбите на охридските плажи До средината на јуни ќе заврши уривањето на дивоградбите на охридските плажи Продолжува уривањето на дивоградбите на брегот на Охридското езеро. И Македонија пат  се вклучува во акцијата.  Со одлука на Владата, јавното претпијатие  задолжено е  да ја стави својата механизација на располагање на општина Охрид за отстранување на дивоизградените објекти и уредување на плажите на брегот на езерото. Општината обезбеди дополнителни 3 милиони денари за уредување на плажите и се очекува тие да бидат комплетно исчистени до средината...

Continue reading

Продолжува да се руинира Куќата на Момирови изградена во типична староградска охридска архитектура

НУ Завод и Музеј, сопственикот на објектот, пропаѓањето на куќата го правда со непостоење Детален урбанистички план и поништување на Детален урбанистички план за Урбана заедница еден. Изработиле документација за реставрација на куќата и чекаат решение на овој проблем. Пропаѓа куќа изградена во типична староградска охридска архитектура во Стар град во сопственост на установата НУ Завод и Музеј. Од ден на ден се распаѓа Куќата на Момирови и се препушта на забот на времето, а установата која треба да го заштитува матријалното културно наследство покажува негрижа за објектот. Куќата со распаднат...

Continue reading

ЈП „Охридски Комуналец“ продолжува со освежување на зелените површини по “Туристичка” и “Партизанска”

Екипите на “Паркови и зеленило” спроведуваат низа активности за освежување на зелените површини по ул.”Булевар Туристичка” и ул.”Партизанска”. Екипите на “Паркови и зеленило” спроведуваат низа активности за освежување на зелените површини по ул.”Булевар Туристичка” и ул.”Партизанска”. Дрворедите се прихрануваат со минерално ѓубриво, се расчистуваат граничниците покрај коловозот, се засадува цветен расад и хортикултурно се уредува бетонската жардињера по ул. “Булевар Туристичка”.

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top