Продолжува немилосрдното сечење на шумите на Јабланица

Полицијата во неколку акции одзела коњи, камиони и алат за сеча на дрвокрадците. Но  екологистите за постошење ги обвинуваат и концесионерите кои прават голосек во буковите шуми.

 |  Соња Рилковска  | 

Дрвокрадците ги соголуваат шумите на Јабланица.  Жители на околните села, но и од соседна Албанија  преку границата потојано вршат   нелегална сеча. Трговијата  со дрва на „црно“ со години е добро организиран бизнис  во овој крај од кој добро се профитира.
Полицијата  во неколку наврати одзеде голема количина дрвна маса,  која нелегално се транспортирала  од планинскиот појас на патот Струга Дебар. При секоја заплена на дрвокрадците  им се   одземаат  коњи, џипови, камиони, алат за сеча  и огревното дрво.

„Во изминатиот период сме регистрирале четири случаи на нелегален транспорт на дрвна маса. Имено псоледниот беше на крајот на годината на регионалниот пат Струга Дебар, кај Мороишки мост каде што полициските службеници при конторла застанале  камион целиот натоварен со огревно дрво кој што всушност беше нежигиран и без соодветна документација за овој транспорт. Последниот случај беше на локалниот пат Струга Белица“ , вели Стефан Димоски.

Активистите од Здружението за екологија „Натура лаб“ од Лабуништа загрижени, велат пустошењето на шумите им предизвикува поплави и опасност од свлечишта. Ги обвинуваат концесионерите за голосек во буковите шуми на Јабланица.

„Со самото сечење селото се изложува на голема опасност. Од самите дождови имаше големи штети,  а тоа е поради неконтролираната сеча, ем немаме дрва, ем имаме поплави, а преку лето сушата си го прави своето, а уште ппоголем проблем ке стане со изградбата со водоводот односно новиот базен е баш на местото каде што е сечата. Штетите ги имаме од три страни“  вели претседател на „Натуралаб“ од Лабуништа.

Лабуништани стравуваат и од загадување на изворите кај Горна Белица, од март повторно  најавија блокади и протести доколку не се укинат концесиите за  стопанисување со шумите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top