Ознака: претпријатие

defekt

Пукнатата цевка го откри штрајкот

Post Views: 0 Што шкрипи во ЈП „Нискоградба“? Дефектот на цевка кој рано изутрина се случи на улицата „Кленоец“ со часови несаниран. Неофицијално дознаваме дека станува збор за штрајк на вработените чијашто разврска се очекува, а Директорот на ова јавно претпријатие Владо Цветкоски, без коментар за ваквата ситуација. Штетата во секој случај е на товар на граѓаните. Жителите од улицата Кленоец, вчудоневидени од односот на вработените во Ј.П., кои пристигнале на местото каде се случил дефектот и делумно само го обележале, а за санирање да не станува збор. Штетите што жителите ги имаат...

Continue reading

pres

Петрески чека извинување од ФК Охрид 2004

Post Views: 3 Жестока реакција на локалната и јавното претпријатие „Билјанини извори“ за обвинувањата од раководството на ФК Охрид 2004. Овој пат на прес конференција ги демантираа тврдењата дека условите за тренирање на стадионот „Билјанини извори“ се лоши. Градоначалникот Петрески со ултиматум до раководството, ако не се извинат-отидоа бесплатните тренинзи. Обвинувањата на ФК Охрид 2004 дека условите на стадионот „Билјанини извори“ се лоши, не поминаа незабележани. На нив остро реагираше локалната, а особено директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Таа вели: „Каде...

Continue reading

karting

Се трупаат проблемите околу земјиштето за елитниот хотел

Post Views: 2 Се редат реакциите околу спорното земјиште кое државата преку тендер го продаде на најповолниот понудувач, туристичката агенција Фибула Травел. Покрај првичните реакции на сопственикот на градежното претпријатие „Трудбеник“ кој тврди дека има корисничко право на дел од парцелата 1.2 која била предмет на тендерот, сега стигнуваат и нови реакции. Последната од оваа низа реакции ни пристигна од сопственикот на приватната фирма ДООЕЛ „Маредо“, односно сопственикот на картинг патеката кај Билјанини извори. Имено тој вели дека не ја оспорува сопственоста на земјиштето и дека...

Continue reading

ezero

Kонцесионерите на плажите сакаат да земат пари, но не даваат пари за нивно одржување

Post Views: 5 Концесионерите и годинава остана незаинтересирани да склучат договори со Комуналец за подигање на сметот. И Министерството за животна средина оваа сезона не одобри пари на комуналец за чистење на плажите кои државата ги издаде под закуп. ЈП „Охридски Комуналец“ и Локалната самоуправа презедоа да ги чистат плажите кои не се под концесија за да го спасат  имиџот на чист град кој го гради јавното претпријатие, вели првиот човек на Комуналец, Сашо Алчев. Се чистеа плажите во Св Стефан, Пештани, Трпејца. Но, концесионерите, пак кои заработуваат од плажите и треба да се најзагрижени...

Continue reading

proakva

МЈП „Проаква“, тоне

Post Views: 7 Дали МЈП „Проаква“, ќе крене глава од бројните проблеми кои години наназад се таложат, а никако да се надминат. Градоначалниците на Охрид и Струга по се изгледа немоќни да се справат со проблемите си ја префрлаат топката еден на друг, но ја посочуваат и државата како главен виновник за незавидната состојба во претпријатието. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, рече дека мора што побрзо да се преземат соодветни мерки, за да се спаси претпријатието кое не оди во позитивна насока. Петрески и овој пат не испушти да потенцира дека штетата од проблемите на МЈП...

Continue reading

Proakva

Општина Охрид со уште едно ново ЈП

Post Views: 19 Се е подготвено за формирање на новото ЈП „Водовод Охрид“, Охрид. Како 14 точка на дневен ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид, е закажана предлог-одлуката за основање на новото ЈП за собирање, обработка и снабдување со вода. Со ова се реализира најавата на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој пред нецели два месеци за ТВМ  образложи зошто се налага потребата од формирање на ново ЈП. Покрај тоа, Петрески уште тогаш го спомна и името на  директорот на новото ЈП. „Точно е тоа, дека од порано сме договорени кога ќе се формира ЈП „Водовод Охрид“,...

Continue reading

niskogradba

Зачестени сервисните интервенции на водоводната мрежа

Post Views: 2 Секоја година пред почетокот на летната сезона, се интензивираат сервисните интервенции на водоводната мрежа во градот и приградските населби. Станува збор за тековни проверки, пробивање на водоводните цевки, зафати кои минимум еднаш во годината мора да се спроведат, вели Влатко Ивановски раководител на Одделението за одржување, во Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид. Ивановски додава  дека претходно се прави договор со сите институции и се информира јавноста. Од „Нискоградба“информираат дека години наназад, приградската населба Трпејца, се соочува со проблеми...

Continue reading

Bake and Cake

Ново од “Жито Леб“- Bake & Cake

Post Views: 41 Bake & Cake, ново лого и уште еден продажен објект на „Жито леб“ Охрид. Новиот млечен ресторан се наоѓа во комплексот Охридати, како дел од Вила Два Бисери. Станува збор за атрактивна локација, за која од менаџерскиот тим на ова претпријатие веруваат дека ќе биде вистинскиот погодок пред почетокот на туристичката сезона. Еден е од петте новоотворени објекти од овој вид, покрај млечните ресторани, кај Гимназијата, Стариот Чинар, Новата Автобуска станица и Кафето Два Бисери, во комплексот Летница. Од „Жито леб“ продолжуваат со реализација на најавените инвестиции,...

Continue reading

Proakva

МЈП „Проаква“ доби нов в.д. директор

Post Views: 1 Онаму каде што има чад, навистина имало и оган. Вистинити испаднаа шпекулациите кои последниве три месеци се слушаа во охридската јавност за тогаш наводната, а од денес  веќе и официјална смена на Директорот на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчевски. Можеби Трпчевски нема да се најде на листата кандидати за пратеници, како што во последно време се шпекулираше, но според градоначалникот Петрески кој го назначува директорот на ова јавно претпријатие, политиката и претстстојните парламентарни избори се причина за смената во врвот на Проаква. Трпчески и неговиот нов политички...

Continue reading

jp Komunalec

Подигање кабаст отпад

Post Views: 8 Јавното Претпријатие “Охридски Комуналец” ги известува жителите од населбата „Стар Град“ дека во сабота ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.). Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот, на места кои се лесно пристапни за возилата на „Комуналец“ или до контејнерите, со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон  046/265-353.  {loadposition content9}

Continue reading

voda

Денес е Светскиот ден на водата

Post Views: 1 Водата е извор на живот и природно богатство без кое нема опстанок. Две третини од земјината површина се покриени со вода, а човечкото тело содржи 75 проценти вода, оттука јасно е дека водата е една од основните елементи кои се одговорни за животот на земјата. Сепак преку една милијарда луѓе денес немаат пристап кон чиста вода за пиење, додека во остатокот од светот луѓето неразумно ја трошат. На предлог на Генералното собрание на Обединетите нации, Светскиот ден на водата почнал да се одбележува во 1992 година. Во изминативе години фокусот бил ставан на најразлични...

Continue reading

Zeleznicka

Се санираат отворените шахти на „Железничка“

Post Views: 0 По поплаките на граѓаните до нашата телевизија за оставените отворени шахти на магистралниот пат „Железничка“, надлежните на терен го санираат проблемот. Од ЈП „Нискоградба, велат дека има уште неколку шахти кои се оставени необезбедени, иако тие не се надлежни за санирање на шахтите, туку  одговориле на повикот од изведувачот „Илинден“. Хусеин Ќато, раководител на секторот за одржување и изградба на канализација при ЈП Нискоградба, вели дека доцнењето на санацијата се должи на временските услови. Нашето претпријатие секогаш излегува во пресрет на барањата на граѓаните,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top