Post Views: 7
Охридски Комуналец во акција. Екипите на ова Јавно Претпријатие по втор пат, веќе два дена во услови на дожд, излегоа на терен за ги чистат отпадоците расфрлани странично од коловозната лента на влезот на Охрид од петљата па се до Подмоље, како и од Биљанини извори до Св Наум. Првиот човек на претпријатието Сашо Алче, вели дека тоа го прават за да ја тргнат лошата слика на расфрлан смет на патниот правец кој води до Охрид, бидејќи очигледно дека тоа не му смета на претпријатието под чија што надлежност е овој патен правец.
„И минатата година во месец јули откога увидовме...
Post Views: 2
ВМРО ДПМНЕ на своите пресс конференции континуирано ги лаже граѓаните. Нема да дозволиме охриѓани да помислат дека овие лаги се вистина, рече директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Сашо Алче како реакција на обвинувањата упатени кон ова ЈП од страна на ВМРО ДПМНЕ, а во врска со најновите вработувања.
Пред околу еден месец ја обвинија Локалната дека не аплицирала на владиниот проект за вработување на лица постари од 50 год. или нискоквалификувани кадри, а сега не обвинуваат за новите вработувања, вели Алче. 21 лице кои се нововработени се реална потреба за обавување...
Post Views: 3
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ прашува каде се средствата собрани од наплатата на давачката за јавна чистота која граѓаните веќе една година му ја плаќаат на ЈП Охридски Комуналец. Тие тврдат дека при анализа на приходната страна на буџетот на Општина Охрид увиделе дека овие средства не се прикажани. Објаснуваат дека како што се прикажани средствата кои ЕВН ги прибира од граѓаните по основ јавно осветлување исто така во приходната страна од буџетот треба да ги има и овие средства. За советниците од ВМРО ДПМНЕ не е јасно зошто Локалната во посебна расходна програма...
Post Views: 12
Температурите паѓаат, часовникот се врати еден час наназад, па и брзо се стемнува. Ако ова не ви изгледа како некој проблем, тогаш замислете да немате струја во просторијата во која работите. Стана малку пострашно нели? Токму со ваков проблем се соочуваат вработените во јавното претпријатие Охридски комуналец поради неплатен долг кон ЕВН. Но не се само тие.
Истиот проблем го делат и вработените во наплатната служба на јавното претпријатие Градски гробишта бидејќи се сместени токму во просториите на Комуналец кај градскиот пазар. Побаравме одговор од портпаролот на ЕВН,...
Post Views: 8
Повеќе од два месеци скршена гранка е надвисната врз паркинг просторот во близина на Горица 3. Гранката е сериозна опасност за капачите кои доаѓаат на плажата и ги паркираат возилата без да ја забележат. Оштетените гранки и дрвја ги отстрануваат службите на комуналец, но само со дозвола од комисијата од одделението за животна средина, кажува директорот на комуналното претпријатие Сашо Алче.
„Проблем се дрвата кои се наоѓаат на површини кои се во приватна сопственост без разлика дали станува збор за правни или физички лица. Јавното претпријатие нема право да...
Post Views: 3
„Последната кривичната пријава поднесена против мене за сторено кривично дело, послужување во службата е уште една од низата фабрикувани кривични пријави од страна на еден дел од вработените во МВР кои постојано се обидуваат да ме оцрнат мене и Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, изјави на денешната прес конференција Сашо Алче Директор на ова јавно претпријатие. Во кривичната пријава стои дека во јануари 2012 година Алче го искористил службеното возило за приватни потреби и заминал во Република Србија без да поседува соодветни патни налози за патување во странство.
„Е...
Post Views: 4
Бранот поскапувања на енергенсите кој ја зафати државава сериозно му се заканува на плиткиот македонски џеб. И оваа година, најефтина алтернатива за греење на домот е огревното дрво. Од јавното претпријатие Македонски шуми велат дека уште во првите три месеци од оваа година се склучиле договорите за оваа грејна сезона. Организираната набавка на огревно дрво најчесто оди преку здруженијата на пензионери и синдикатите, а склучени се договори и со училишта и министерства. Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, веќе склучило преку 1000 договори за набавка на огревно...
Post Views: 5
Во Охрид не е решено основното прашање, канализацијата и одводната мрежа во градот, реагираат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Никола Митровиќ, портпаролот на партијата забележува дека општина Охрид 8 години се дави во неодговорноста и неспособноста на актуелниот градоначалник Александар Петрески, а тешките моменти и последиците од таквата погубна политика директно удира по грбот на народот.
„Туристички центар како Охрид да се остави без изведба и без санација на одводната мрежа во централното градско подрачје е најголем грев на градоначалникот Петрески кон градот. Вчерашната...
Post Views: 2
Концесионерите на плажите, по се изгледа ги интересира само заработката, а не и имиџот на Охрид како туристички центар. Иако туристичката сезона не е официјално започната, на охридските плажи се присутни и првите капачи. Но, ниеден концесионер досега не потпишал договор со Комуналец за подигање на сметот од нивниот простор, вели првиот човек на Јавното претрпијатие, Сашо Алче.
„За разлика од лани ниеден закупец не е дојден во Комуналец да склучи договор за подигање на смет.Она што ние тешко е што не знаеме кој стопанисува со плажата. Со закупците се склучуваат и други...
Post Views: 4
Охриѓани денес во најголемиот дел од денот останаа без вода. Причина: најавената акција на меѓуопштинското јавно претпријатие „ПРОАКВА“ за чистење од талог на градските резервоари. Службите на претпријатието пред се ги сервисираа главните резервоари на локалитетот „Студенчишта“ преку кој, околу 70 проценти од градот се снабдува со вода за пиење, а има капацитет од над 3000 метри кубни.
„Денес во Проаква презедовме една поширока акција која е неминовна еднаш во годината мора да ја извршиме. Се работи на неколку сегменти, прво и основно се чистат главните резервоари,...
Post Views: 4
Бидна и тоа. Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги доби паркинзите во Охрид. Ваквата одлука денес беше едногласно изгласана од Советот на општина Охрид. Со тоа, ова јавно претпријатие, по стапувањето на сила на оваа одлука, ќе биде носител на правото на располагање со 12 стари паркинзи низ градот, но и со четири нови од кои два лоцирани во Лагадин, и по еден кај Горица 3 и хотелот Бетон. Сепак директорот на ЈП „Билјанини извори“, Боро Шајн вели дека ќе ги задржат само најпрофитабилните паркинзи.
„Ако ние ги задржиме сите паркинзи, тогаш по нашите проценки ќе ни...
Post Views: 9
Дали одржувањето на канализациониот систем од „Нискоградба“ повторно се враќа во „Проаква“? Ова е идеја на Директорот на МЈП „Проаква“, Златко Старкоски со цел двата системи водоводниот и канализациониот повторно да бидат под една капа. Старкоски објаснува дека со тоа Нискоградба ништо не губи и не се намалува нејзиниот буџет. Тој вели дека Проаква и сега врши фактуртирање на канализацијата и отпадните води, само во овој случај би се изменило само водењето на основните средства на канализациониот систем
Раководителот на РЕ „Водовод канализација и колектор Струга“, Ваит...