Ознака: празник

regata

„Просветителската“ регата во Струга

Post Views: 0 Во организација на eдриличарскиот клуб „Снегар“ во водите на Охридското езеро забелеaа 25 едрилици. Едриличарските клубови од „Бофор“ од Охрид и „Снегар“ од Струга ги одмерија силите во неколку олимписки класи во едрење. На регатите учествуваа вкупно 25 едриличари од овие два едриличарски клуба, како и пратечката екипа составена од судии и тренери. Едриличарите се натпреваруваа во олимписките класи Ласер стандард, Ласер радијал, Ласер 4.7,  Фин, Европа, како и најмалата класа Оптимист. Од оптимистите најдобар беше Димитар Поп стефанија од ЕК „Стрмец“, второто место му...

Continue reading

Spasovden

Одбележување на Св. Спас

Post Views: 1 Не се памети од кога започнала традицијата на големото одбележување на големиот христијански празник Спасовден. Кој ќе дојде на овој ден во црквата „Св. Спас“, не смее гладен да си замине. Вака велат мештаните на двете соседни села Горно и Долно Лакочереј. За значењето на овој голем празник кажа Протојереј Димче Ѓоргиески. Тој го појасна патот на човечката душа од упокојувањето до наоѓањето на вистинското место на небото.Советникот од редовите на СДСМ, Климе Тренески, како домаќин на оваа слава на манастирот Св. Спас, кажа нешто повеќе за негувањето на традицијата за...

Continue reading

sveti trifun

Чаша добро вино и многу љубов, денес се празнуваат Св.Трифун и Св.Валентин

Post Views: 4 Три зарежани пенушки со надеж дека тоа ќе донесе здравје, бериќет, многу грозје и вино. Лозарите денес ги посетуваат своите лозја и ги закројуваат незапупените гранчиња. Ова се верува дека ќе донесе богат род, благо вино и дека ќе го штити лозјето од штетници и невремиња. По зарежувањето, стеблото од лозата се полива со вино и ракија од ланската берба. Во православното христијанство, свети Трифун е познат по чудата што ги правел. Една од приказните вели дека свети Трифун ја спасил царевата ќерка која била болна. „Тој на еден чудесен начин преку своите молитви ја избавува...

Continue reading

Литургија по повод Св.Тимотеј

Post Views: 3 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 февруари 2015 година (среда), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. {loadposition content9}

Continue reading

водици

Дали ќе го зачуваме духовното или ќе надвладее материјалното

Post Views: 5 Богојавление -Водици, празник кој им пркосел на сите општествени турбуленции и си го задржал автентичното одбележување со фрлањето на крстот и осветувањето на водите. Иако во некои периоди како на пример за време на поранешна СФРЈ поради забраната од тогашните власти, била прекината традицијата крстот да се фрла во езерото, сепак се изнаоѓале форми и начини како да се направи и зачува таа традиција. Никогаш во Охрид не престанало фрлањето на крстот па тоа се правело во црквата Св.Никола-Ѓеракомија, каде што крстот бил фрлан во голем казан. Од 1973 год. овој настан повторно...

Continue reading

bilbord

Охрид подготвен за „Водици“

Post Views: 0 Охрид подготвен за одбележување на големиот христијански празник, Богојавление – Водици. Концертот Културно уметничките друштва „Гердан“, „Илинден“, „Охриѓанка“, „Плетенка“, „Филиграни“ и „Отекс“, утревечер на охридскиот градски плоштад ќе го означи почетокот на петдневната празнична програма по повод големиот православен празник Богојавление-Водици. Во сабота, точно напладне во црквата „Св.Никола-Геракомија“ ќе се одржи чинот на предавање на кумство на годинешните кумови Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески, а вечерта во 20 часот на градскиот плоштад концерт ќе одржи...

Continue reading

zname

Втори мај-неработен ден

Post Views: 0 Втори мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Денот на трудот кој се одбележува на 1. мај, оваа година се паѓа во недела, па согласно Законот за празници, понеделник е неработен ден, односно 2 мај. Меѓународен празник „Денот на трудот“ кој се одбележува на првиот ден од месец мај е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. {loadposition content9}

Continue reading

karneval

Курајчкиот карневал по седумнаесетти пат

Post Views: 1 По седумнаесетти пат оваа година на големиот верски празник св. Василиј  село Куратица е подготвено да ги пречека сите гости. Од утре вечер сите ќе може да уживаат во коледарскиот амбиент, додека почетокот на маскенбалот и забавата со музичката група „Молика Џуниор“ е закажан за  14ти јануари од 18 часот. Во Куратица се е подготвено. Портите се широко отворени эа секого, а курајчани ве очекуваат да бидете дел од забават со или без маска. {loadposition content9}

Continue reading

Божик

Православните охриѓани го слават Божиќ

Post Views: 1 Православните верници денес го слават најголемиот празник Христовото раѓање. Охриѓани од утрово масовно ги  посетија  верските храмови, запалија свеќи и со молитва  посакаа мир и добросостојба за своите семејства и за најблиските. Отец  Диме Азески посочува за големото значење на овој празник и порачува да го славиме Богомладенецот Христос, Отецот и светиот Дух со цврста вера, надеж и искрена љубов.   „Овој  празник е најголема  радост затоа што ни ја открива слободата и радоста која Бог ни ја дарил со своето раѓање. Примил човечки лик за да не ослободи од ропството, ...

Continue reading

emuc struki

Роботи што се движат сами, шарени и средени нокти во ЕМУЦ

Post Views: 1 Интересен робот што сам се движи низ просторот, електрични светилки кои се палат и гасат последователно, 3Д анимации на изработка на машински делови, и декорирање и средување на нокти.Ова шаренило денес можеа да го видат учениците од основните училишта од градов, на отворениот ден во Електромашинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“ од Охрид. „Денес е убав ден, празник за нашето училиште, ден кога го чествуваме големото дело на нашиот учител, токму затоа го посветивме на младите основци“ рече директорот на ова средно општинско училиште, Јане Цаноски. Тој се заблагодари...

Continue reading

parkce

Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк

Post Views: 5 Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк. Започна уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште. Ова е дел од програмата на Локалната чија цел е да ги оплемени деловите на градов кои досега биле грда слика на Охрид. Локалната самоуправа заедно со јавните претпријатија од сопствени средства  ќе изградат еден современ плоштад како оние што ги направивме во изминативе две години кај некогашната библиотека, кај Влашка маала, а во петок свечено ќе го пуштиме во употреба плоштадот што го направивме во Рача, рече градоначалникот на Охрид,...

Continue reading

Никола Бакрачески

Градоначалникот Бакрачески на сите православни верници им го честита празникот Св.Климент Охридски

Post Views: 8 По повод големиот празник посветен на закрилникот на Македонскиот народ и патрон на МПЦ ОА и градот Охрид, градоначалникот на Охрид, г.Никола Бакрачески до сите православни верници упати честитка во која се вели: „Почитувани сограѓани, овој голем ден за Охрид и целиот Македонски народ, не потсетува на благодетта која овој голем светец и просветител ни ја оставил , како потврда за нашето непресушно универзално дело од кое се напојувале и многу други народи надвор од Македонија. Духот на Свети Климент и денес бдее над Охрид и ни го осветлува патот кон иднината. Големото,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top