Ознака: празник

ОДБЕЛЕЖАН СЛОВЕНЕЧКИОТ ПРАЗНИК ПРЕШЕРНОВ ДЕН

Post Views: 0 Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска заедно со амбасадорот на Р. Словенија во Р. Македонија Н. Е. Милан Јазбец, ја проследи свечената приредба што вечерва се одржа во ОМУ „Методи Патче“ , а по повод одбележувањето на словенечкиот културен празник – Прешернов ден. Организатор на настанот еж словенечкото здружение „Триглав“ од Битола со поддршка на амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.

Continue reading

Се прават завршните подготовки за прославување на големиот христијански празник Богојавлени

Post Views: 10 Градот ги прави завршните подготвки за одбележување на големиот христијански празник Богојавление. Прославата ќе биде во духот на христијанската традиција, информира Константин Георгиески в.д градоначалник на Охрид.„Јавните претпријатија беа ангажирани во чистење на плоштадот и пристапните улици. Денес почнуваме со украсување на градот. Очекуваме голем број домашни и странски гости кои ќе допатуваат да го проследат осветувањето на водите на Охридското езеро“, истакна в.д градоначалникот Георгиески. Нуркачите од Амфора го завршија чистењето на просторот во езерото каде...

Continue reading

Градов интензивно се подготвува за големиот христијански празник Богојавление-Водици

Post Views: 3 Подготовките за големиот христијански празник Богојавление-Водици се при крај. Спасувачките екипи од Црвен крст Охрид и годинава ќе бидат на ниво на задачата, а ќе бидат ангажирани и нуркачите од клубот Амфора, како и екипи од итната медицинска помош. Тие ќе се грижат за безбедноста на капачите, но и на сите посетители кои ќе дојдат да го проследат овој настан. Најчест проблем предизвикува разликата во температурата на водата и воздухот, но оваа година според предвидувањата на метеоролозите параметрите на температурата на водата и воздухот на денот на Богојавление ќе...

Continue reading

Гимназијата Св. Климент Охридски го одбележа патрониот празник

Post Views: 13 Општинското средно училиште Св. Климент Охридски со свечена програма го одбележа патрониот празник. Средношколците од охридската гимназија нижат успеси и достојно се носи името на словенскиот просветител, а училиштето се вбројува помеѓу подобрите образовни установи во земјава. „ Според успесите сеуште сме на врвот на Републиката. Во однос на средните училишта резултати имаме на сите полиња. Последни ни се успесите од ноември од полето на науката каде што наши ученици постигнаа врвни резултати и добија награди од сите природни науки“, посочува Весна Цветкоска директор...

Continue reading

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“

Post Views: 0 Во просториите на ОУТУ „Ванчо Питошески“, денес, беше одбележан патрониот празник на училиштето. Градоначалникот, Јован Стојаноски во своето обраќање им го честита патрониот празник на професорите и учениците и им посака и понатака да продолжат да нижат успеси како и до сега.  Во рамки на одбележувањето, во просториите на училиштето беше приреден свечен коктел и културно – уметничка програма подготвени од учениците во ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Continue reading

Одбележан христијанскиот празник посветен на мачениците Вера,Љуба, Нада и мајката Софија

Post Views: 2 Одбележан христијанскиот празник посветен на Вера, Љуба, Нада и мајката Софија во истоимената црквичка во Лагадин . По 18 пат се одржа голем црковно народен собир на кој од година во година доаѓаат се повеќе и повеќе верници од Охрид , но и од другите градови. Во малата црквичка на 30 септември, верниците ги слават љубовта , верата , надежта и мудроста. Малиот параклис е изграден од познатиот охридски угостител Љупчо Патчев по повод одбележувањето 2000 години од христијанството. Верниците доаѓаат да се помолат на овој ден кога црквата на крајот од септември го празнува...

Continue reading

raspnuvanje

Денес е Велики петок, најтежок празник во христијанската религија

Post Views: 10 Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија. Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Според преданието, Христос починал на крст во “шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето...

Continue reading

carina

Ден на македонската царина

Post Views: 1 Царинската управа одржа свеченост по повод својот празник – 14 април, на која беа презентирани нејзините активности во изминатата 2013 година. За време на свеченоста особено внимание се посвети на примената на концептот на Овластен економски оператор и досега постигнатите резултати од имплементацијата на Новиот компјутеризиран транзитен систем. Прикажан беше и краток спот во кој ќе бидат презентирани активностите, што како општествено одговорна институција, ги превзема Царинската управа во борбата против трговијата со наркотици. {loadposition content9}

Continue reading

8-ми Септември е најсветлиот празник според историчарите

Post Views: 0 8ми Септември е еден од најзначајните и најсветлите празници во историјата на нашата земја. Празник кој го означува остварувањето на вековниот сон на многу генерации, Ден кога е ставен темелот на независноста на државата сметаат историчарите. На овој ден пред 30 години на референдум со 72 % излезност дури 91% од граѓаните се изјаснија ЗА суверена и независна Р. Македонија. Тој ден беше организирана голема прослава на плоштадот во Скопје, но славење имало и во другите градови меѓу кои и Охрид. На овој ден треба гордо да се вее македонското знаме. Во Охрид е специфично...

Continue reading

Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти одбележа својот патронен празник

Post Views: 3 Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, синоќа го одбележа својот патронен празник. Со богата програма подготвена од учениците и од нивните ментори им го задржаа вниманието на посетителите кои ја наполнија салата во Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорот на училиштето Ѓоко Чингоски пред присутните изрази огромно задоволство и чест што е прв човек на ова училиште кое едно од најстарите во државава. Тој кажа дека неговото континуирано постоење е проследено со постојан раст и развој и подобрување на условите за работа и учење. Имаше реконструкција на училиштето...

Continue reading

precista

„Наша Струга“, ја продолжува традицијата

Post Views: 14 Денеска православните верници го одбележаа верскиот празник Пречиста Богородица. Стружани масовно собрани пред малата црквичка  посветена на оваа светица,  уште еднаш покажаа дека верата, а посебно големите христијански празници може на едно место, во голем број да ги соединат и младите и старите без оглед на која политичка опција припаѓаат. Тие во своите домови за здравје и ксмет однесоа крстена вода, а после богослужбата каснаа по малку нафора и пченица. Денешниот ден е посветен на Воведение на Пресвета Богородица и масовно се слави во Струга и струшко. На многу фамилии...

Continue reading

Осмомартовскиот празник е добар предзнак за успешна сезона

Post Views: 1 Туристичките работници со оптимизам најавуваат успешна туристичка сезона. Според стартот на осмомартовската посетеност на Охрид очекуваат во претстојниот период добар старт на сезоната 2018. Туристичкиот водич Љупчо Јузмески очекува голема посетеност на Охрид и за Велигденските празници. „За претстотните празници има најава на гости и сите хотели се над 80 посто резервирани. Потенцијалните инвеститори треба да размислуваат да градат хотели во Охри“, вели туристичкиот водич Љупчо Јузмески. Во Охрид најголем број посетители се гости од соседните земји. Туристички аранжмани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top