Post Views: 5
Шпанската полиција се судри со гласачите во Каталонија и ги заплени гласачките кутии на избирачките места во обид да го запре референдумот за независност што властите во Мадрид го нарекоа “нелегален” и ветија дека ќе го блокираат.
Претставници од службата за итни работи во регионот рекоа дека 38 лица се повредени во судирите со полицијата која го попречила нивниот пат кон некои избирачки места.
Весникот “Ел Периодико” објави дека полицијата употребила гумени куршуми во една централна локација во Барселона, бидејќи дошло до насилство. Ниту еден...
Post Views: 0
Убиениот 59-годишен маж пукал од сачмарка во својот стан на истокот во главниот град Рејкјавик. Од полицијата изразиле сочувство до семејството на убиениот. Се истражуваат неговите мотиви.
Вчера за прв пат во историјата на Исланд полицијата во вооружена акција убила човек. Убиениот 59-годишен маж пукал од сачмарка во својот стан на истокот во главниот град Рејкјавик. За да го совладаат, полицајците низ прозорот фрлиле солзавец. Кога влегле во зградата почнал да пука кон нив, по што го застрелале, пишува BBC.
Во акцијата учествувале од 15 до 20 полицајци кои на употреба...
Post Views: 2
Еден музичар од иранско потекло во Њујорк убил три лица, меѓу кои и браќа – членови на ирански рок-бенд, кои во САД се доселиле пред три години, а потоа извршил самоубиство, соопшти полицијата.
Нападот се случил во Бруклин, во ноќта меѓу неделата и понеделникот, а во пукотницата е рането уште едно 22-годишно момче.Убиени се браќата Соруш Фаразманд (27), неговиот брат Араш Фаразманд (28) и пејачот на инди рок-бендот Јелоу догс, Али Ександаријан (35), јавува Wall Street journal.
Нивните тела биле најдени на горниот кат од трикатна зграда во Бруклин, каде што членовите...
Post Views: 0
Ладнокрвно, Американец си ја убил мајката и тетката, а потоа уште три лица, а по филмска потера завршил во рацете на правдата.
Според американските медиуми, 36-годишниот Чарлс Еверет Браунлоу од малиот град Терел во Тексас, со пушка бил пет лица, мајка си, тетка си, двајца мажи и една жена, а пукал и во домот на неговата девојка каде нема повредени. Полицијата соопштила дека потерата по него била вистински акционен филм со помош на хеликоптери и специјални единици.
Најпрво,попладнето во понеделникот, полицијата открила женски леш со прострелна рана во главата. Соседите...
Post Views: 0
Вооружен напаѓач уби 12 лица, а повреди десетици во комплекс на Морнарицата во Вашингтон, пред да биде елиминиран од полицијата.Полицијата го идентификува напаѓачот како поранешен армиски работник под договор, Арон Алексис од Форт Ворт, сојузната држава Тексас. Засега не се знае како успеал да влезе во комплексот без соодветна пропусница и кој бил неговиот мотив. Градоначалникот на Вашингтон, Винсент Греј, изјави дека нема причина да се верува дека се работи за терористички напад
Полицијата и ФБИ првично мислеа дека има други двајца напаѓачи, но подоцна соопшти дека...
Post Views: 0
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган употребата на солзавец во демонстрациите во земјата ја оцени како природно право на полицијата во изјавата пред парламентарната група на својата Партија на правдата и развојот, пренесе турската приватна телевизија НТВ.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган употребата на солзавец во демонстрациите во земјата ја оцени како природно право на полицијата во изјавата пред парламентарната група на својата Партија на правдата и развојот, пренесе турската приватна телевизија НТВ. – Употребата на солзавец е најприродното право на полицијата....
Post Views: 0
Стотина приведени демонстранти и жестоки судири со полицијата ја одбележаа минатата ноќ во Турција. Локалните медиуми пренесуваат дека бројот на демонстранти станува сè помасовен. Ноќеска најрадикално расположените демонстранти во Анкара се обиделе да се втурнат кон канцеларијата на премиерот Ердоган, но полицијата го спречила обидот.
Демонстрантите го обвинуваат премиерот Реџеп Таип Ердоган за злоупотреба на моќта и обид да ја исламизира земјата. Од изутринава територијата околу зградата на владата и министерствата се опокружени од силите на редот. Турскиот премиер...
Post Views: 0
Три жени кои биле киднапирани пред десетина години и од тогаш им се губи секоја трага, се пронајдени живи во куќа во градот Кливленд во американската сојузна држава Охајо.
Во врска со киднапирањето на трите жени полицијата уапсила тројца браќа од латиноамериканско потекло. Станува збор за браќата Кастро, кои се на возраст од 50, 52 и 54 години. Тие се товарат за киднапирање и за силување на жените.Жените беа пронајдени во куќа, чиј сопстевник е 52-годишниот Ариел Кастро, кој работел како возач на училишен автобус.
Една од киданапираните жени забременила при силувањата...
Post Views: 5
Во пресметка во Илиноис убиени пет лица меѓу кои и две деца.Според зборовите на полицијата, убиени се една 65 годишна жена, нејзината ќерка со дечкото и нивните две деца на возраст од една и пет години. Едно дете на возраст од седум години е потешко рането.
Пукањата се случиле во местото Манчестер, 136 километри од Сент Луис, околу 4;30 часот по локално време. Неколку школу се веднаш затворени. Локалните медиуми објавиле дека осомничените за ваквиот напад починале во болница по пресметката со полицијата.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Напаѓач нанесе убоди рани на најмалку 14 лица во кампусот на колеџ крај Хјустон, во сојузната држава Тексас, соопшти полицијата. Четворица од повредените се одведени во болница со хеликоптер.Осомничениот е уапсен, а кампусот на колеџот „Лоун стар“ во Сајпрес e затворен, изјави портпаролот на полицијата во округот Харис.
Нападот бил извршен додека студентите биле на предавања.Напаѓачот се префрлувал од зграда во зграда, поради што се појавиле првични соопштенија дека напаѓачите се двајца. Според првичните извештаи, 12 студенти се превезени во болница, четворица од нив...
Post Views: 2
Повеќе од 10.000 литри „Ожујско пиво“, со вредност од околу 13.000 евра, е украдено од магацините на фирмата „Рото Динамик“.
Според некои претпоставки, кражбата се случила минатиот викенд, за време на Велигденските празници, а откриена е во вторник.Полицијата работи на расчистување на случајот.
{loadposition content9}
Post Views: 10
Најмалку 42 лица загинаа во немирите во Бангладеш, кои избувнаа откако Судот за воени злосторства во Дака го осуди вчера на смртна казна со бесење потпретседателот на партијата Џамат е Ислами, Делвар Хусеин Саједи. Тој е осуден поради осум злосторства поврзани со ослободителната војна со Пакистан во 1971 година.
Поради таа пресуда неговите приврзаници излегоа на улиците, каде се судрија со полицијата, ги напаѓаа владините згради, оштетија железнички шини во некои делови на земјата и запалија десетици куќи на провладини луѓе. Полицијата возврати со куршуми и солзавец.Демонстрантите...