Уште еден масакр во САД

Ладнокрвно, Американец си ја убил мајката и тетката, а потоа уште три лица, а по филмска потера завршил во рацете на правдата.

 |  Голабовски Крсте  | 
ubiec
убиец

Ладнокрвно, Американец си ја убил мајката и тетката, а потоа уште три лица, а по филмска потера завршил во рацете на правдата.

Според американските медиуми, 36-годишниот Чарлс Еверет Браунлоу од малиот град Терел во Тексас, со пушка бил пет лица, мајка си, тетка си, двајца мажи и една жена, а пукал и во домот на неговата девојка каде нема повредени. Полицијата соопштила дека потерата по него била вистински акционен филм со помош на хеликоптери и специјални единици.

policijaНајпрво,попладнето во понеделникот, полицијата открила женски леш со прострелна рана во главата. Соседите кажале дека таа е тетка на убиецот. Половина час подоцна, во куќата на мајката на убиецот биле детектиран пожар,а пожарникарите ја пронашле неа мртва во една од собите.

По неколку часа на другиот крај од градот се слушнало пукање, но немало повредени. Подоцна било откриено дека тој пукал и во куќата на неговата девојка, но за среќа никој не е повреден. А само 30 минути подоцна, тој убил маж и жена, а нивниот тригодишен син е неповреден. Малку подоцна, во локалната продавница со неколку куршуми бил убиен уште еден маж.

Полицаец кој не бил на должност го видел убиецот како бега со автомобил кој го украл, па храбро тргнал по него, барајаќи засилување од колегите. Убиецот стигнал до слепа улица, па избегал во шума каде го фатиле припадници на специјалните единици. Потерата во шумата траела околу два часа. Конечно, околу два часот по полноќ тој бил приведен во полицска станица.

Локалните власти соооштиле дека работат на откривање на мотивите за масакрот. Од таму додаваат дека убиецот и е познат на полицијата и имал дебело криминално досие.

Градоначалникот на Терел истакнал дека ова е шок за сите жители на нивната мала заедница.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top