Post Views: 11
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.М.(46) и Н.С.(48), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење расиситички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 15.12.2020 година, пријавените на социјалната мрежа „Фејсбук“, напишале коментари со кои поттикнувале омраза, дискриминација и насилство према група граѓани со што, ја загрозиле нивната безбедност и предизвикале чувство на страв.
Post Views: 6
На 16-ти јануари 2022 година околу 02.30 часот, во СВР Охрид приведени се 24-годишниот К.Н. и 25-годишниот Р.Д. двајцата од Охрид.
Двајцата, пред угостителски објект лоциран на спортскиот центар „Билјанини извори” во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување кон полициски службеници. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 5
„Рибарски алманах“ ќе биде прикажан на видео бим на охридскиот плоштад на 19 и 20 јануари за Богојавленските празници. Охридскиот Историски архив и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на архивски материјал од регистар на лиценцирани рибари кои ловеле на Охридското езеро. Со првата дигитална верзија на алманахот се претставени 150 рибари од вкупно 480 регистрирани рибари. Станува збор за единствен архивски материјал од таков вид во нашата земја од периодот 1934 – 1941 година, информира Никола Митровиќ Бабе, в.д директор на Историскиот архив Охрид.
„Во...
Post Views: 7
Во Охрид досега нема регистиран нити еден електричен автомобил. Регистрирани се само хибридни возила и тоа во многу мал број, едвај само десетина возила, информираат од охридското Автомото Здружение за технички преглед. Охриѓани засега не возат електрични автомобили ама покажуваат интерес за купување, вели Снежана Митреска менаџер од Автосланот „Инсаид ауто“ . Информира дека електричните автомобили досега ги немало во автосалоните во земјава, а на пазарот можеле да се купат само хибридни возила. Од оваа година автосалоните може да увезуваат и да продаваат и електрични...
Post Views: 2
Христовото раѓање, Божиќ е највеселиот празник во Христијанската вера и се слави три денови. Каде и да си за Божиќ дома да си! Е добро позната македонска изрека.
Овој ден сепоминува дома со семејството, со богата трдиционална трпеза. Вториот ден на Божиќ се нарекува „Божји ден“, кој е посветен на Мајката Богородица. Тогаш луѓето се дружат, одат на гости кај роднини и пријатели и се поздравуваат со поздравот „Христос се роди!“ Вистина се роди!
Нашата богата традиција изобилува со многу обичаи поврзани за Бадник и Божик. Палење на Бадниково гранче, посна бадникова вечера...
Post Views: 10
Жителите на улицата „Абас Емин“ бараат санирање на куќа која е во распаѓање и од која паѓаат делови на коловозот. Куќата стара 200 години е надвисната на самата улица, нема троатоар и претставува опасност и за пешаците и за автомобилите. Од непознати причини, сопственикот не ја поправил, па дел од покривот се заканува да се урне.
За овој проблем граѓаните на Охрид пријавија во рубриката „Ти си твојот град“.
Неколку куќи во распаѓање кои се опасност и за минувачите и за туристите има и во Стариот дел на Охрид. Дел од нив имаат нерешени имотно правни односи, дел се заштитени...
Post Views: 3
Примероци од Новогодишните честитки се чуваат во депото на охридскиот Историски архив од повоениот период. Во пред новогодишниот период се потсетуваме на начинот како охриѓани некогаш си ја честитале Нова година, потсетува в.д. директорот Никола Митровиќ. Зачувани се новогодишни честитки од пред 7 децении помеѓу најразличните документи од минатото .
„Честитките биле создадени од некои фотографи како што бил Коста Андоноски. Процедурата била едноставна.Позначајните личности или претпријатија побарувале од фотографот да направи еден концепти и да направи фотографија од...
Post Views: 3
95 пациенти позитивни на ковид 19 се лекуваат во охридската болница, а од нив 40 се на кислородна поддршка, информира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница. Постојано се менува состојбата со болничкото лекување на пациенти позитивни на ковид 19, а во моментов има 15 слободни болнички кревети. Дополнителен број на болнички кревети ќе се добијат со поставување на модуларната болница. Во меѓувреме, доколку има потреба од болничко лекување, ние нема да оставиме ниеден пациент без болнички третман, вели директорот Балевски. Болницата се очекува да биде ставена...
Post Views: 0
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 104 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-34, Струга-23, Кичево-28, Дебар-19).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 17 контроли врз угостителски и други објекти.
Post Views: 3
Охриѓани имаат можност да добијат психолошка поддршка по телефон од тим психолози од одделот за ментално здравје при Општа болница Охрид. На овој начин стручните лица ќе дејствуваат побрзо и ќе бидат подостапни и за лицата засегнати од ковид 19 , покрај секојдневната стручна помош која им ја даваат на граѓаните, информира Светлана Илоски, специјалист по медицинска психологија. Може да се јавуваат на посебната телефонска линија на бројот 070 405 961. Граѓаните се почесто се соочуваат со панични напади, депресивни и анксиозни состојби со пролонгирање на времетраењето на...
Post Views: 2
Охриѓани не знаат каков воздух дишат. Нема официјални податоци и анализи за квалитетот на амбиенталниот воздух во поглед на загадување со ПМ честички. Во Охрид нема мерна станица во рамки на Државната мониторинг мрежа за квалитетот на воздухот со која управува Министерството за животна средина и просторно планирање. Во декември минатата година беа поставени 11 мерни сензори за квалитет на воздух на неколку локации во Охрид. Тоа беше направено во рамки на проектот Interreg Airthings финансиран од Европскиот фонд за регионален развој кој завршува денес. Од државниот...
Post Views: 1
Охриѓани бараат активирање на семафорите кај училиштето „Христо Узунов”. Светлосната сигнализација на крстосницата меѓу улиците „Питу Гули” и „Марко Нестороски” во близина на Горна влашка маала е надвор од фунцкија подолг период.
Граѓани од оваа населба се пожалија во рубриката „Ти си твојот град“ и бараат надлежните да ги стават семафорите во функција поради поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Крстосницата е без сигнализација, во училиштето има стотици деца, сите се загрозени. Се плашиме кога минуваат улица. Надлежните веднаш да преземат...