Ознака: Охридско

НУ Фестивал „Охридско лето“ забрзано се подготвува за да понуди уште едно успешно издание

Post Views: 1 Се интензивираат подготовките околу овогодинешното издание на Фестивалот „Охридско лето“. Останува да се потпишат уште неколку договори после што ќе биде обелоденета и целокупната програма во која ќе може да ужива публиката од 12 јули до 20 август. Директорката на НУ Фестивал Охридско лето, Сузана Вренцоска ветува успешно фестивалско издание и квалитетно селектирана програма. Фестивалот „Охридско лето“ интензивно веќе подолг период работи на програмата и прибирање понуди од врвни уметници, нивна поширока селекција. Сега останува уште да се дофинализираат некои ставки...

Continue reading

Водата во селските водоводи во охридско небезбедна за пиење

Post Views: 0 При повторената контрола и анализа на квалитетот на водата за пиење од селските водоводи во општина Охрид извршена на 14 и 15.03.2018 од страна на Центар за јавно здравје Охрид констатирано е дека во селата Свиништа, Завој, Куратица, Опеница и Косел водата за пиење од системот за водоснабдување сеуште е без дезинфекционо средство и со матност поголема од законски пропишаната вредност. Првичните микробиолошки анализи на овие води покажаа и присуство на патогени бактерии.  Според тоа и согласно законските прописи, водата за пиење од системот за водоснабдување во горенаведените...

Continue reading

vengerov

Максим Венгеров за крај на „Охридско Лето“

Post Views: 2 Рускиот виолинист Максим Венгеров, вечерва ќе го затвори музичкиот дел на програмата на 55. издание на  „Охридско лето“. Венгеров во црквата „Св.Софија“, ќе настапи во придружба на ерменскиот пијанист Ваг Папиан, а билетите за концертот се веќе распродадени. На концертот кој започнува во 21 часот ќе бидат изведени дела на Јохан Себастијан Бах, Сергеј Прокофјев, Цезар Франк, Еуген Иаси, Хајнрих Вилхелм Ернст, Николо Паганини и Џоакино Росини. Според музичките критичари Венгеров е еден од најдинамичните изведувачи во светот, добитник е на Греми наградата и настапувал заедно...

Continue reading

morales

Кубанскиот пијанист Леонел Моралес вечер на Охридско лето

Post Views: 7 Леонел Моралес критичарите го опишуваат како изведувач со брилијантна техника, леснотија, елеганција и неверојатна прецизност во свирењето. Секој негов настап е испратен со громогласно ракоплескање и воодушевување од публиката низ целиот свет. Дипломирал на Универзитетот во Хавана, под менторство на пијанистот Франк Фернандез, инаку студент на еминентниот руски пијанист Виктор Мерзанов, следејќи го методот на традиционалната руска школа. По завршувањето и на своите постдипломски студии, Моралес се сели во Шпанија, каде што почнува активно да настапува и да учествува...

Continue reading

efa

„Охридско лето“ презентирано на Генералното собрание на ЕФА

Post Views: 6 Најголемата и најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија – фестивалот „Охридско лето“, од 4 до 7 овој месец се презентира на Генерално собрание на Европската фестивалска  асоцијација (ЕФА) што се одржува во чешкиот град  Острава. Според  претседателот на УО на Фестивалот „Охридско лето“,  Зоран Вељаноски Летра, кој како делегат на  Собранието престојува во овој културен центар,  покрај предвидените средби со претседателот на ЕФА Дарко Брлек, како и со претставници на останатите европски фестивали-членки на Асоцијацијата, конференцијата во Острава...

Continue reading

karmina burana

Carmina Burana ќе го отвори „Охридско лето“

Post Views: 2 Со музичко сценскиот спектакл „Кармина Бурана“ на Карл Орф во изведба на светски познатиот ансамбал од Шпанија „La Fura Dels Baus“ ќе биде отворено годинешното 55-то јубилејно издание на фестивалот Охридско лето. Режисер на ова дело е Карлус Падриза од Шпанија, а на сцената ќе настапат актерката Лука Еспиноза и споранот Хозе Мануел Диаз исто така од Шпанија. За музичката изведба на ова дело ќе се погрижи оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија под диригентската палка на Василиј Корошев од Русија и Јозеф Винсет од Шпанија.  

Continue reading

Zeljko Joksimovic

Јоксимовиќ ќе пее за Водици во Охрид?

Post Views: 11 Во четврток, на 4 декември, на свечена седница на здружението на граѓани „Богојавление“, треба да биде објавен новиот годинашен кум на Водици и на богојавленските празници, во јавноста познатата манифестација – фрлање на свет крст во водите на Охридско Езеро. Дотогаш, до црковниот празник Митровден, тече конкурсот за избор на кум на Водици 2015, манифестација што охриѓани ја организираат со поддршка на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ-ОА. Иако пријави од кандидати можат да пристигнуваат уште три дена, практично изборот ќе биде направен помеѓу двајца бизнисмени (по...

Continue reading

Во охридско-струшкиот регион се регистрирани околу 16 илјади луѓе со дијабетес

Post Views: 4 Во охридскиот центар за дијабетес се регистрирани 7000 дијабетичари, а во Струга и Вевчани 9000 дијабетичари. Од регистираните дијабетичари во Охрид 1900 се на инсулин, а останатите се на таблетарна терапија, вели Димче Панџакоски претседател на охридското Здружение на дијабетичари. Панџакоски информира дека голема е бројката на граѓани кои и не знаат дека имаат дијабетес или не се регистрирани бидејќи се водат во евиденција на матичните лекари. Од ден на ден расте нивниот број. На еден починат од компликации од дијабетес се регистрираат 2 нови случаи на заболени. Иво...

Continue reading

Во охридско преполовен родот на грозјето и јаболката

Post Views: 2 Преполовена годинешната реколта на грозјето во охридско од пролетните мразеви. Лозарите ќе претрпат големи загуби од годинешната берба на грозјето. Големи штети има врз локалните сорти грозје како што е вранецот, а како поотпорна на мразот се покажала сортата хамбург, информира агрономот Мирослав Трајчески. „Ситуацијата не е сјајна родот е намален во зависност од регионот некаде од 50 до 60 посто. Погоден е регионот каде што гравитираат селата Косел, Лакочереј, Вапила. Штети има и во Требеништа и Мешеишта иако за нијанса помали, но и таму има големи штети и родот е преполовен“,...

Continue reading

Фестивалот Охридско лето помина во беспрекорна организација

Post Views: 10 Полни гледалишта, позитивната критика и задоволните уметници се доказ дека годинешново 57 издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“, помина во беспрекорна организација, истакна директорката на оваа установа Сузана Вренцоска, на денешната завршна прес конференција. Вренцоска нагласи дека политиката што ја води установата е доближување на културата до граѓаните, збогатување на културните содржини со нови како и развој на културниот туризам со промоција на културното наследство. „Со тимска работа, почитувајќи ја традицијата продолжиме да ја градиме вредноста на...

Continue reading

Звуците на кинеската култура вечер на „Охридско лето“

Post Views: 4 Камерниот оркестар „ЕЛК“ е релативно нов оркестар, основан во септември 2016 година, а неговите членови доаѓаат од најпрестижните музички установи во Кина, како Кинескиот конзерваториум и Колеџот за музика „Капитал“ од Пекинг. Оваа динамична група ја сочинуваат млади професори по музика, студенти и независни музичари. Нивна идеја е да создаваат музика која преставува рефлексија на нивните индивидуални музички гледишта, традицијата и современото живеење, националниот идентитет и космополитизмот. Ваквиот пристап кон музиката резултира со ревидирање на кинеската национална...

Continue reading

Затворањето на Охридско лето со театарската претстава „Ничија земја“ ќе се одигра во некогашната охридска касарна

Post Views: 3 Затварањето на Охридско лето со театарската претстава  „Ничија  земја“ ќе се одигра во некогашната охридска касарна Михајло Апостолски. Од неколку локации овој простор е избран  како најавтентичен  за да се одигра завршната претстава на Охридско лето.  Деновиве ќе започне сценското адаптирање на просторот за кој дал согласност и режисерот на претставата Александар Морфов.  Охридската касарна избрана како најавтентична локација за претставата „Ничија земја“. За локацијата согласност дал и Александар Морфов , во моментов најпознатиот европски режисер. Театарската претстава...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top