Ознака: општина

znaci

Охриѓани совесно да се однесуваат кон сообраќајните знаци

Post Views: 24 Се уништува и краде сообраќајната сигнализација низ охридските улици. Локалната самоуправа само пред неколку дена започна со акцијата за поставување нови сообраќајни знаци низ улиците во Охрид. Тие беа поставени на местото на старите, уништени или искршени од неодговорни граѓани, со што на овие сообраќајници беше загрозена безбедноста на учесниците во сообраќајот, вели Љупчо Танески од  Сектор за комунален развој и сообраќај. Додава дека за жал оваа појава продолжува и понатаму и сериозно биле загрижени поради тоа. „Претставув смешно и трагично, меѓутоа такви се навиките...

Continue reading

creshi

Прво издание на „Црешнобер“

Post Views: 1 Најубавите цреши од Требеништа, најубавата староградска музика и најубавите ликовни дела од ликовната колонија во Белчишта, на едно место. За прв пат одржана манифестацијата „Црешнобер“ во селото Требеништа, општина Дебрца. Локалната самоуправа од Дебрца, смета дека токму преку ваквите манифестации присутните ќе можат да се запознаат со значењето на традицијата на ова поднебје, со продуктите кои се негуваат, со песните и ората кои од колено на колено се пренесувани. Основната цел на оваа манифестација, според локалната самоуправа од Дебрца е да се промовира црешата како...

Continue reading

tura velosipedi

Јубилејна петнаесетта манифестација за Денот на Охридското Езеро

Post Views: 3 15 годишнина од одбележувањето на 21 Јуни, Денот на Охридското Езеро. Уште од  2000та година, овој ден се одбележува со посебна манифестација во еден од трите града кои лежат на Охридското Езеро, Охрид, Струга и албанскиот Поградец. Годинава, токму Поградец е домаќин на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро. За посетителите од крајезерските градови, домаќините организираа саем на традиционални производи, културни и спортски манифестации. Во агендата е поместено и свечено отворање на два хотелски капацитети. Од Охрид, на настанот во Поградец ќе учествува заменик-градоначалникот...

Continue reading

kolonija

Јубилејна ликовна колонија „Дебрца“

Post Views: 1   Денес отпочна интернационалната ликовна  колонија Дебрца, која годинава е во знакот на 30 тото јубилејно издание.  Селото Белчишта преку уметничките дела од колонијата претставува бисер на општина Дебрца нагласи Игор Трајкоски, првиот човек на општината. „Ова творештво во изминативе години претставува особено богатство каде мотивот е земен од самата општина без разлика на какви техники на творење се земени битно е претставено тоа што се наоѓа во нашава општина Дебрца“ – рече Трајкоски. Манифестацијата уште од самиот почеток имаше цел, на пошироко ниво да го развива...

Continue reading

ubistvo

Сите убиени во Аеродром биле мета на убиецот Денковски

Post Views: 0 Мета на автоматската пушка на Тони Денковски биле сите тројца настрадани во минатонеделното пукање во скопската населба Аеродром – објави телевизија АЛФА . Според нивни извори во истрагата Денковски првично имал намера да стрела во велешаните Јордан Јорданов и Владо Андреевски. Кога забележал дека на масата во кафеаната Биг Фиш седи и полицаецот Владо Милошев не се предомислил, напротив, тврдат извори од истрагата, помислил дека нарко мафијашите имаат полициска заштита и се решил да пука во сите. Ваквите сознанија се спротивни на информациите пласирани од полицијата...

Continue reading

Општина Дебрца набави механизација за чистење на вегетацијата околу општинските и пристапните патишта

Post Views: 9 Со средства од буџетот на општината набавена е приклучна механизација – мулчер, кој се приклучува на ровокопач и првенствено ќе се користи за чистење на вегетацијата околу општинските и пристапните патишта, со што значително ќе се подобри прегледноста и безбедноста при сообраќајот. Средствата за набавка на мулчерот, во износ од 355.950,00 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2021 година.

Continue reading

logo

Хуманитарен концерт со младите охридски музички таленти

Post Views: 6 Во организација на Фестивалот „Охрид те сакам“, ЛК „Лихнидос“ и медиумската заедница од Охрид, во среда, 04.06.2014г. во големата сала на општина Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт. Настапуваат младите музички таленти: Христијан Јовановски – кларинет и Даниел Мојсоски – виолина. На програмата ќе бидат дела од Е. Илиевска. Бара, Вон Вебер, Монти, Вивалди, Черкин и други.Почеток на концертот е во 19.00 часот. Влез 100 ден.  Дел од собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид кое боледува од ретка болест, а на кое му е потребна...

Continue reading

opstina

На Охрид му треба подобро претставување на саемите

Post Views: 6 Како да се продолжи туристичката сезона во градов, да се збогати понудата на содржини за туристите и поуспешно настапување на саемите за туризам, дел од темите на денешната работна средба на градоначалникот Никола Бакреачески со првиот човек на  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Христијан Џамбазоски. Како што кажа Бакрачески на средбата биле изнесени заклучоци за понатамошната соработка на Агенцијата со општина Охрид на полето на работата на Секторот за туризмот, како и низа активности кои во иднина треба да се реализираат како плод на таа соработка. „Ги...

Continue reading

logo

„Комуналец“ ќе подига кабаст отпад во нас. „Гоце Делчев“

Post Views: 3 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 31.05.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.„Гоце Делчев„ (населба „Бараки„). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. {loadposition...

Continue reading

poligon

Охрид конечно ќе добие автопазар

Post Views: 0 Охрид конечно ќе добие автопазар. Дел од паркингот кај градските гробишта ќе биде уреден за оваа намена. Охриѓани во исчекување на отворањето на автопазарот. -Ова е убава иницијатива се што се прави е добро, вели еден охриѓанец-Супер ја поздравувам иницијативата. На Охрид му требаше автопазар, вели друг. Зелено светло за оваа иницијатива дадоа и  членовите на Советот на Општина Охрид на последната седница. По се изгледа пазарот за продажба на половни автомобили ќе почне со работа кон средината на наредниот месец. – Двете јавни претпријатија, „Градски пазар“ и „Градски...

Continue reading

hor

Дански културен настан во Охрид

Post Views: 3 Општина Охрид и НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид заеднички организираат концерт на “Хорот Копенхаген” од Данска. Концертот ќе се одржи на 29-ти Мај (Четврток) во 18:00 часот во Центарот за култура во Охрид. Влезот е слободен. Хорот Копенгаген е формиран во 1951 година и има богато концертно искуство. На Програмата се дела од скандинавски автори, како и на Хендл и Вивалди.На концертот ќе настапи и Градскиот Хор од Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

sovetnici

24-та седица на Советот на општина Охрид одложена за понеделник

Post Views: 7 На барање на советникот Јоне Станкоски од ВМРО- НП, кој е припадник на Влашката етничка заедница, со образложение дека утре 23 мај се одбележува Денот на Власите во Република Македонија, одложена е дваесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид. Дваесет и четвртата седница е закажана за понеделник 26 мај со почеток во 12 часот и 30 минути, а продолжението на дваесет и третата седница е закажано за истиот ден во 13 часот. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top