Охрид конечно ќе добие автопазар

Во Охрид ќе се отвори автопазар. Дел од паркингот кај градските гробишта ќе биде уреден за оваа намена. Граѓаните задоволни од оваа иницијатива.

 |  Јаковлева Лионела  | 
poligon
полигон

Охрид конечно ќе добие автопазар. Дел од паркингот кај градските гробишта ќе биде уреден за оваа намена. Охриѓани во исчекување на отворањето на автопазарот.

-Ова е убава иницијатива се што се прави е добро, вели еден охриѓанец
-Супер ја поздравувам иницијативата. На Охрид му требаше автопазар, вели друг.автопазар

Зелено светло за оваа иницијатива дадоа и  членовите на Советот на Општина Охрид на последната седница. По се изгледа пазарот за продажба на половни автомобили ќе почне со работа кон средината на наредниот месец.

Двете јавни претпријатија, „Градски пазар“ и „Градски гробишта“ постигнаа меѓусебен договор околу локацијата која е во сопственост на „Градски гробишта“. Делот од паркингот кај градските гробишта кој е предвиден за ваквата намена, се уредуваше деновиве, вели секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески.

Директорот на јавното претпријатие „Градски пазар“ Тони Коталески рече дека веднаш ќе започнат со градежните активности за да се исполнат минимално-техничките услови за работа на автопазарот. Планирано е тој да биде отворен само во недела од 07:00 до 12:00 часот.
Инаку, во другите градови каде што има вакви авто пазари состојбата со нивното функционирање не е розова. Веќе три години наназад опаѓа увозот на половните возила, а се бележи и пад на продажбата на нови автомобили.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top