Post Views: 5
По повод Денот на дрвото-Засади ја својата иднина учениците заедно со вработените од ОУ ,,Дебрца” с. Белчишта и вработените во Општина Дебрца на чело со градоначалникот Г-дин Игор Трајкоски засадија повеќе од 300 декоративни садници.
Беа засадени садници од чемпрес и други украсни дрва на локации во училишните дворови како и на територија на Општината.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Улицата Егејска, 4 месеци со раскопани тротоари од двете страни. Жителите од станбените згради на овој потег се жалат дека голтаат прашина а навечер поради лошото улично осветлување загрозена им е и безбедноста затоа што мора да се движат по коловозот на улицата. Велат дека не треба да се одоловлекува со месеци санација на улица која има должина од само 500 метри но е многу прометна. Од локалната пак велат дека имало мал застој но дека на терен повторно се работи.
„Ако сега одите таму ќе забележите дека се работи. Имаше застој од технички причини, веројатно имаше потешкотии...
Post Views: 0
Председателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска , денеска имаше протоколарна средба со Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија. На средбата се разговараше за досегашната и можноста за продлабочување на идната соработка.
Амбасадорот Тимоние, покрај другото, потенцира дека без разлика каква одлука ќе биде донесена на конференцијата на УНЕСКО во Баку, неговата земја во иднина ќе ги подржува сите напори кои ќе бидат насочени кон заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион.
Post Views: 1
Согласно со препораките кои беа нотирани од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Сесија 41 COM 7B.34 ), по налог на градоначалникот Константин Георгиески, Локалната самоуправа изработи посебен Регистар на нелегални градби за подрачјето на Општина Охрид.
Во оваа елекронска база на податоци внесени се вкупно 1076 предмети за кои, во периодот од 2006-та година до мај 2019-та година, инспекциските служби имаат констатирано прекршувања на Законот за градење и имаат донесено некаков акт со кој се утврдува нелегална градба. Од нив, вкупно 409 се лоцирани во...
Post Views: 1
Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во посета на село Оровник каде се изведуваат градежни работи за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во дворот на основното училиште во селото.
Изведувач на работите е АД ,,Илинден,, Струга. Исто така се планира и изградба на асвалтен полигон заграден со метална конструкција и мрежа. Во тек е првата фаза од изградбата асвалтирање на полигонот.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Општина Охрид упатува апел до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас во „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок.
Пловните објекти треба да се отстранат заради тековно одржување, уредување и чистење на крајбрежјето во овој потег од општината.
Post Views: 0
Во врска со инцидентот на вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, на кој поради физичко насилство беше прекината самата седница, денес од Локалната самоуправа, пристигна соопштение во кое се вели:
– Локалната самоуправа го осудува вчерашниот инцидент меѓу советниците и смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните. Советници се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој треба и мора да работи во интерес на граѓаните и решавање на нивните потреби. Сметаме дека ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори...
Post Views: 3
Општина Струга, во соработка со МВР Струга, со цел подобрување на условите за престој на туристите и посетителите во текот на претстојната летна сезона 2019, во заедничка активност помеѓу овластениот инспектор за туризам на општината и претставник на МВР Струга, ќе вршат редовна контрола на правните и физичките субјекти, кои даваат услуги за сместување на гостите на територијата на Општина Струга.
Од локалната и МВР Струга велат дека безбедноста и сигурноста на туристите, посетителите и гостите од земјата и од странство, кои престојуваат и ја посетуваат Струга, е најголем...
Post Views: 7
Прекината дваесет и осмата седница на советот на Општина Охрид, поради тепачка помеѓу двајца советници.
Од СВР Охрид потврдуваат, и информираат дека лицето Џ.М. телефонски пријавило дека во просториите на општина Охрид, физички бил нападнат од лицето Н.У. и двајцата од Охрид.
Др. Димитар Арнаудов од хируршкото одделение при Општа Болница Охрид, вели дека пациентот бил примен со лесни повреди на грбот и лицето и дека веќе е пуштен на домашно лекување.
Во соопштението се вели дека се преземаат мерки за расчистување на овој настан.
Post Views: 0
Преку Програмата за рурален развој, која се спроведува од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, од буџетот на Република Северна Македонија, обезбедени се финансиски средства од околу 38 милиони евра, за реализација на 202 проекти во сите општини и плански региони.
Со овие средства директно ќе се овозможи подобрување на условите за живот во малите општини и руралните средини.
Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче...
Post Views: 0
На ден 10.06.2019 година со почеток во 11:00 часот, во зградата на Општина Охрид ќе се одржи дваесет и осмата седница на Советот на општина Охрид.
Нa почетокот на наредната седмица градските советници ќе тѕреба да дадат зелено светло за одобрување на финансиска поддршка за реализација на проект „Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“. Најголем дел од дневниот ред на ова издание на седницата на совет го сочинуваат предлог програмите за измена на програмит, за поттикнување на развојот на туризмот,за активностите на општина Охрид во областа на...
Post Views: 6
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска оствари протоколарна средба со висока бугарска делегација предводена од амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, неговата екселенција Ангел Ангелов, генералниот конзул на оваа земја во Битола, Димитар Иванов и министерот за образование и наука, Красимир Влчев.
Во фокусот на разговорите беа образовниот процес, проектите од областа на здравството и социјалата. Главен акцент беше ставен на проектот кој се однесува на отворањето на Центарот за аутизам во Охрид. Се разговараше и за предвидените...