Post Views: 5
Општина Охрид започна со подготовка на планот за одржлива урбана мобилност, наречен ПОУМ. Во овој паметен вид на планирање, за разлика од традиционалниот пристап на планирање посебен акцент се става на активното вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот.
Овие активности се преземаат со цел да се оптимизира ефикасноста на сообраќајот, да се подобри мобилноста на пешаците и велосипедистите, да се промовира значењето на е-мобилноста во насока на намалување на емисиите на CO2, да се растовари сообраќајот во централно градско подрачје, да се зголеми нивото на...
Post Views: 10
Добиена првата битка во активностите што ги спроведува општината Дебарца против плановите за изградба на регионалната депонија за цврст отпад во атарот на селото Годивје. Општината добила позитивно решение по жалбата што општината ја поднесе против начинот на кој била донесена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за оспоруваната локација кај Годивје.
Градоначалникот на општина Дебарца, Зоран Ногачески, информира дека е добиено позитивно решение по жалбата што општината ја поднесе против начинот на кој била донесена Студијата за оцена на влијанието...
Post Views: 8
Општина Охрид го имплементира проектот “Интер-регионално управување со културното наследство, Е –систем” (Inter-regional Cultural Heritage Management e – System ), од програмата “Interreg Balkan – Mediterranean 2014-2020”, на Европската Унија.
Главна цел на проектот е дигитализација и промоција на културното наследство, развој на културниот туризам и едукација на младите и туристите за значењето на културното наследство. Проектните активности опфаќаат дигитализација на културното наследство на општините Охрид, Ѓирокастро, Самос и Крф сите места...
Post Views: 0
Транспарентноста е една од најважните принципи врз кои се базира работата на Општина Дебрца.
Низ двегодишниов период сведоци сме на огромен број реализирани проекти кои се од витално значење за Општина Дебрца. Таквиот принцип на работа Локалната самоуправа го продолжува и понатаму па својствено на тоа, во оваа прилика, како Градоначалник на Општина Дебрца би сакал да Ви ги најавам и следниве круцијални проекти кои ќе започнат со реализација:
Прв проект-Канализација во с. Велмеј.
Изградбата на системот за фекална канализација во село Велмеј ќе се состои од главен крак,...
Post Views: 1
Општина Охрид во соработка со Јавното претпријатие „Градски горобишта“, започна градежни активности за адаптација на тротоарите со цел да им се олесни движењето на лицата со инвалидитет.
Денеска, активностите се одвиваа на тротоарите што се наоѓаат на пресекот на улиците „Партизанска“ и „Јане Сандански“.Предвидено е во наредниот период да се продолжи со адаптацијата, најпрвин да се опфатат по фреквентните улици, а подоцна и другите.
Post Views: 4
Градоначалникот Ногачески заедно со Директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи потпишаа два договори со кои општина Дебрца обезбеди средства за изградба на водоводна мрежа за Сл. Чифлик од Програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за уредување на улица во село Оровник, од Програмата за развој на села.
Со средства од програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа до крајот на годината ќе бидат реализирани 74 нови проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во 54 општини....
Post Views: 0
Кај ни е мостот, дали ни треба, запрашаа стружани на денешната трибина, која ја организираше Центарот на заедницата на општина Струга. Станува збор за мостот изграден 1987 година оној кој се наоѓа меѓу централниот и мостот на поезијата или мостот на љубовта како што го нарекуваат стружани. Најпрво модераторот Христијан Томаноски одржа говор за значењето на мостовите.
„Мостови меѓу брегови мостови меѓу живи и меѓу светови се е тоа едно исто бескрај кој одавна постои го знаат тоа жителите на градот бидејќи уште од палавите детски години ги носат со себе секаде по светот,...
Post Views: 5
Државната комисија за спречување на корупција денеска укажа дека фирма на советникот од ДУИ Нефи Усеини не може да има деловна соработка со општина Охрид каде тој е член на градскиот совет. „Фирма што е во сопственост на лицето Нефи Усеини, или во сопственост на негови блиски лица, не може да воспостави деловни односи со Општина Охрид, каде истото лице е член на совет. Доколку, службеното лице постапи спротивно на овој член, на склучениот договор се применуваат одредбите за ништовност на договорот од Законот за облигационите односи“, – велат од антикорупциска повикувајќи...
Post Views: 4
Центарот на Заедницата на Општина Струга организира панел дискусија на 26 Декември 2014 година (Петок) во 14:00 во Арт Кафе – Струга со тема: „Кај ни е мостот?!“
Дискусијата ќе се состои од три дела и тоа:Воведен говор и видео презентација со слики од поранешниот дрвен мост во Струга-Споделување на мислење од поканетите панелистиОтворена дискусија со присутните
Овој настан ќе претставува можност да го кажете вашето мислење и став во врска со темата, да предложите идеи како да ги вратиме изгубените вредности на градот и и мерките кои треба да бидат преземени од страна...
Post Views: 4
Поради дегфект на водоводната мрежа некои села од оваа општина и денес ќе имаат проблем со водоснабдувањето.
Поради дефект на главната водоводна мрежа, во близина на с.Горенци, ги информираме жителите на с.Горенци, с.Оровник, с.Подмоље, дел од с.Требеништа, аеродром св Апостол Павле, дека во вечерните часови на 21.12.2014 Недела, и попладневните часови на 22.12.2014 Понеделник, ќе нема вода за пиење.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Делегација на Општина Охрид составена од членовите на Советот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, Лидија Петкоска и Снежана Стефаноска, од 3-ти до 5-ти јули престојува во работна посета на Веспрем, Унгарија.
Посетата беше во насока на зајакнување на соработката помеѓу Охрид и Веспрем, кои веќе имаат воспоставено одредени билатерални односи.
Овој унгарски град е прогласен за Европски град на културата за 2023 година и за таа цел локалните власти, организираа Конференција, за презентација на своите планови, размена на искуства и концепти за подобрување и зголемување на понудата...
Post Views: 7
Претседателот на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска денеска оствари протоколарна средба со делегација од Комитетот за социјални развојни работи на Националниот народен конгрес на Народна Република Кина. Делегацијата беше предводена од директорот на комисијата Хе Итинг.
На средбата беше разговарано за развиените пријателски и билатерални односи помеѓу Охрид и Република Северна Македонија со Народна Република Кина, како и за можностите за идна економска соработка. Гостите од Кина изразија задоволство за вчерашната одлука на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО,...