Ознака: оние

stefan dimovski

Охриѓанец олеснет за 1,2 милиони денари

Post Views: 2   Охриѓанец олеснет за 1,2 милиони денари. Вчера попладне од неговиот дом на улица Дејан Војвода украдени се повеќе златни предмети и пари. По пријавување на тешката кражба стручни полициски екипи извршиле криминалистичко технички увид при што констатирани се сите аспекти на ова тешко казнено дело. Интересен е податокот дека при увидот не се пронајдени знаци на насилно влегување во станот, вели портпаролот на СВР, Стефан Димовски. Сторителите или сторителот на ова казненоп дело нема долго да му се радува на пленот. Набрзо ќе бидат изнесени пред лицето на јавноста. Тоа...

Continue reading

maica

Невообичаени и исклучително креативни маици

Post Views: 12 Маиците со кратки ракави ги носат сите генерации, од 7 до 77. Бидејќи на пазарот постојат безброј различни видови, дизајнерите на маиците со кратки ракави мора да бидат исклучително креативни и тренди за да ги задоволат и привлечат купувачите токму на нивниот бренд. Маиците што ви ги претставуваме, сигурно се на вистинскиот пат да го постигнат тоа. За оние кои секогаш имаат нешто да кажат За оние кои сакаат да спортуваат За оние кои НЕ сакаат да спортуваат За оние кои го сакаат спортот од трибините За оние кои се изнавежбале и сакаат да се покажат {loadposition...

Continue reading

Часовникот од Apple ќе има повеќе од 10 сензори

Post Views: 5 Паметниот часовник од Apple, за кој се зборува подолго време, ќе биде дизајниран во повеќе различни изведби, пишува Wall Street Journal повикувајќи се на неименувани добро упатени извори. Тие тврдат дека уредот ќе биде претставен во октомври а производствот ќе започне за два до три месеци во погоните на тајванската компанија Quanta, долгогодишен соработник на Apple. Новиот уред од Apple ќе има повеќе од 10 сензори, вклучувајќи ги оние за здравјето и формата на корисникот. Изворот рекол дека Apple сака да одговори на критиките со кои досегашните паметни часовници не нудат...

Continue reading

Се менува магнетното поле на Земјата

Post Views: 12 Првите слики со висока резолуција кои ги направиле ESA сателитите Swarm, откриваат дека во магнетното поле кое ја штити нашата планета, неодамна се случила голема промена. Лансирани во ноември 2013 година Swarm сателитите нудат сосем нов увид во сложеното функционирање на Земјиното магнетно поле кое не чува од “бомбардирање” од космичката радијација. Мерењата во последните шест месеци потврдуваат општ тренд на слабеење на магнетното поле, а најголемото опаѓање на неговата снага е приметено над западната хемисфера. Меѓутоа во други делови, како јужниот Индиски океан,...

Continue reading

knigi

Возбуда за децата главоболки за родителите

Post Views: 7 Се ситнат деновите до почетокот на новата училишна година. Овој период им создава возбуда на децата пред се на првачињата, но и главоболки на родителите.  Сите оние кои имаат првачиња од својот буџет ќе треба да одвојат од 700 до 1500 денари за да го обезбедат само школскиот прибор . Само за илустрација тетратките од А5 формат чинат 60ден., тетратките од А4 формат чинат 30 ден., дрвените боици во зависност од квалитетот и производителот чинат од 90 до 140 ден., фломастерите се од 70 до 200ден., моливите и пенкалата можат да се купат по цена од 10 до 20 ден. Тука секако...

Continue reading

plazi

Концесионерите на плажите ги кажаа своите маки на локалната самоуправа

Post Views: 20 Локалната самоуправа денес се запознаваше со актуелните проблеми на концесионерите на охридските плажи. Локалната од една, концесионерите од друга страна заеднички разговараа со претставници од Охридската капетанија, полицијата, Црвениот крст како и јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и МЈП „Проаква“. Од локалната самоуправа велат дека целта на оваа средба е да се подготви една успешна, но и безбедна летна туристичка сезона. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски потенцираше дека направиле безбедносни анализи на лице место и откриле што според...

Continue reading

zgradi

Нерегистрираните станоиздавачи, најголемите непријатели на охридскиот туризам

Post Views: 5 Иако во Охрид постојат околу 2000 регистрирани станоиздавачи, сеуште огромен е бројот на викенд становите, кои што во текот на годината се напуштени, не се одржуваат, но функционираат два или три месеци за време на летната сезона и со тоа  стануваат нелегална конкуренција за сите оние кои што регуларно се занимаваат со туристичка дејност. Штетата која од ова ја трпи туризмот како главната стопанска дејност во нашиов град, е огромна. Во Законот за такса за привремен престој, децидно е наведено дека од плаќање на туристичка такса ослободен е сопственикот на сместувачкиот...

Continue reading

avtobus

Странските туристи збунети од сезонскиот линиски превоз

Post Views: 4 Ќе се става поголем ред во сезонскиот линиски превоз. Нема веќе да ја гледаме честата слика кога странски туристи збунето прашуваат од еден до друг кога им тргнува автобусот или до каде ќе ги носи.Во тоа не им помагаат дури и оние мали табли на кои е испишана дестинацијата, а кои стојат на средствата за јавен превоз. Често проблем е и тоа што тие се испишани на кирилично писмо кое е неразбирливо за туристите кои не доаѓаат од Балканот. За таа цел локалната самоуправа ќе поставува информативни табли со возниот ред и дестинациите до кои се патува по теркот на неодамна...

Continue reading

invest in ohrid

Со брошурата „Инвестирајте во Охрид“ ќе привлекуваме странски инвестиции

Post Views: 2 „Invest in Ohrid“, краток и јасен наслов за брошурата која ја подготвува секторот за туризам и локален економски развој за привлекување на странски инвестиции. Во неа ќе бидат систематизирани сите материјали и податоци со кои располага општина Охрид во однос на интересот на странските инвеститори. Досега, во работната верзија се вметнати податоците за локациите и проектите кои се во сопственост на општината, а од денес стартуваше и јавниот повик до сите заинтересирани граѓани кои имаат некоја нереализирана бизнис идеја која би можела да се вметне во брошурата. „Со јавниот...

Continue reading

agencija za vrabotuvanje

Со заеднички сили против високата стапка на невработеност

Post Views: 1 Поискусните земји ги пренесуваат своите искуства, а останатите своите планови за справување со овој проблем. После Австрија земја со најниска стапка на невработеност е Германија. Претставникот од  сојузното министерество за труд и социјлни работи од Германија, Волвганг Ондорг,  вели дека земјата се соочила со сериозно намалување на  економскиот раст по кризата од 2008 год, но додава дека се спревиле со овој проблем и веќе по една година од кризата успеале да постигнат подобра регионална соработка и раст од три проценти кој следел во следните години, со што успеале значително...

Continue reading

Roj hotel

Бакрачески: Сахарајан Македонија, ќе се гради по сите еко-стандарди

Post Views: 9 „Сахара груп“ сеуште заинтересирана за изградба на големиот туристички комплекс „Сахарајан Македонија“ во Љубаништа. Вака уверуваше градоначалникот Никола Бакрачески. Уште кога прв пат беше најавен, овој голем градежен зафат наиде на остри критики кај дел од екологистите, но и кај граѓаните кои беа загрижени околу ефектот кој би го имал објект врз Охридското езеро. Во таа насока, градоначалникот Бакрачески дециден дека овој туристички комплекс ќе се гради според сите позитивни туристички, градежни и еколошки стандарди. „Околу тој аспект можам да упатам еден смирувачки...

Continue reading

carsija

Дали високите кирии ги затвораат бизнисите во чаршијата?

Post Views: 2 Купи ден-помини. Така за жал функционира последниве години нашата сакана охридска чаршија. Се помалку се луѓето кои поседуваат дуќани во чаршијата, а се повеќе оние кои земаат дуќани под наем. Но и тоа не е најстрашното. Најстрашно е што за разлика од минатото кога чаршијата беше место на кое бизнисите цветаа, сега се повеќе од дуќаните се затвораат. Многумина ја обвинуваат светската економска криза и беспарицата за затворањето на бизнисите, но голем дел од дуќанџиите се жалат и на превисоки кирии. Можеби тука лежи и причината зошто добар дел од дуќаните кои се на добри...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top