Ознака: овој

odroni

Одрони на патот

Post Views: 1   Внимание, опасност на патот. Овој сообраќаен знак треба да биде поставен на патниот правец Охрид Св. Наум, поточно над Хидробиолошкиот завод, поради тоа што на оваа сообраќајница многу често има одрони на патот. Возачите кои ја поминуваат оваа магистрала секојдневно ги демне голема опасност.И поставената мрежа на еден дел од ридот не може да ги спречи одроните на карпи и поситни камења. Горниот дел од патот постојано се рони. Овој проблем треба еднаш за секогаш да се реши,а не само да се импровизира. Камењата кои се ронат не само што преставуваат опасност за возачите...

Continue reading

depresija

Центарот за депресија во Охрид започна со работа, охриѓани недоволно информирани за неговото постоење

Post Views: 2 До 2020 година депресијата ќе биде втора болест по честотата на јавување, по кардиоваскуларните заболувања, а антидепресивите и сега се меѓу најпродаваните лекови.  Секој човек барем еднаш во животот поминува низ период на депресија а според официјалните податоци на СЗО секој 4 возрасен човек во светот пати од некоја форма на депресија. Нерасположеност без причина е прв аларм за депресија. Тогаш е од голема важност навремено да се добие  советување, можност за разговор и помош. Ова на охриѓани им го нуди Центарот за депресија кој од месец јануари започна да функционира...

Continue reading

green tea

Зелениот чај го брка грипот

Post Views: 1 Освен вакцинирањетo, против сезонскиот грип постојат одредени чекори кои можете да ги превземете за да се заштитите од оваа заразна болест и да си обезбедите безгрижна зима. Еден од тие производи е зелениот чај, кој може да го намали ризикот од зараза со грип за дури 75 отсто.Здравствените благодати на овој пијалак се препишуваат на катехините – фитохемикалии со својствени антиоксиданси кои на овој чај му го даваат карактеристичниот, помалку горчлив вкус. Една студија покажала дека гргарењето зелен чај поделотворно ја спречува појавата на грип од пиењето. Се смета дека...

Continue reading

бекатон

Локалната најавува градежна пролет

Post Views: 8 Ќе се подобрува патнат инфраструктура во градов. Локалната најпрво започна со санација на дупките на Булевар „Туристичка“, дел од улицата „Крали Марко“, „Јане Сандански“, а денес интензивно се работи на „Димитар Влахов“, „Абас Емин“ и на делови од „Богомилска“ и „Даме Груев“. Дупките се пополнуваат со бекатон коцки, но тоа е само привремено, велат од Секторот за комунален развој и  сообраќај. Заради неработењето на асфалтните бази во овој период од годината поради ниските температури ние ги закрпивме дупките со бекатонки, но штом почнат да работат базите веднаш ќе бидат...

Continue reading

златна маска

Охриѓани незаинтересирани за посета на Златната соба

Post Views: 5 Слаб интерес за посета на уникатната Златна соба во Музејот на Робевци. Два месеци по нејзиното отварање  ј авидел мал број луѓе велат незадоволно од Завод и мзуеј. Од  таму  негодуваат, дека и покрај сите пристисоци на медиумите псокоро да се отвори  Златаната соба, охриѓани  непокажале интерес помасовно да ја посетат. Во овој период Музејот на Робевци каде што е сместено Златото на Лихнитида го видел едвај 200 луѓе. Златаната соба вопоголем број ја виделе стружани од колку охриѓани. Отпечатен е луксузен каталог, па дури е воведено и ново работно време за посета се...

Continue reading

sveti trifun

Чаша добро вино и многу љубов, денес се празнуваат Св.Трифун и Св.Валентин

Post Views: 4 Три зарежани пенушки со надеж дека тоа ќе донесе здравје, бериќет, многу грозје и вино. Лозарите денес ги посетуваат своите лозја и ги закројуваат незапупените гранчиња. Ова се верува дека ќе донесе богат род, благо вино и дека ќе го штити лозјето од штетници и невремиња. По зарежувањето, стеблото од лозата се полива со вино и ракија од ланската берба. Во православното христијанство, свети Трифун е познат по чудата што ги правел. Една од приказните вели дека свети Трифун ја спасил царевата ќерка која била болна. „Тој на еден чудесен начин преку своите молитви ја избавува...

Continue reading

jabolka

Мал интерес за откуп на компири и јаболка во Дебрца

Post Views: 7 Мал интерес за откуп на дебрчкиот компир и јаболко. Мештаните се задоволни од квалитетот на реколтата на годинашниов род на компир, но сеуште се загрижени за неговиот пласман, бидејќи засега нема организиран откуп и никој до сега не понудил ни минимална откупна цена. Од овој проблем засегнат е и првиот човек на општина Дебрца, градоначалникот Игор Трајкоски. Тој вели дека проблемот е евидентен и тоа не само околу откупот на компирот туку и на јаболкото. Додаде дека како Локална Самоуправа се трудат да изнајдат инвеститор кој ќе отвори откупен пункт, за да се олесни пласманот...

Continue reading

sporni stanovi

Нова закана од извршител за станарите од „Карпош Војвода“

Post Views: 11 И после една година останува неизвесна битката на пет охридски семејства за нивните станови на ул „Карпош Војвода“.  Правната голгота на овие семејства која започна минатата година поради имотно правен спор  помеѓу Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ и АДГ Трудбеник продолжува. Иако тие по судски пат ја докажаа сопственоста врз становите  сега извршителот им се заканил со ново насилно попишување на истите. Денес тие јавно запрашаа, до кога ќе трае малтретирањето од страна на извршителот на АД за стопанисување со станбен простор,...

Continue reading

EMUC

Со кариерен центар, ќе се откриваат афинитетите на средношколците од ЕМУЦ

Post Views: 5 Средношколците од ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ќе добијат помош во бирањето на нивната професионална определба. Ова, нивното средно училиште ќе им го овозможи преку проектот за креирање на кариерен центар кој ќе функционира во рамките на училиштето. Директорот на оваа образовна институција, Јане Цаноски вели дека формиран е тимот кој ќе работи со децата во кариерниот центар, а во моментот ја подготвуваат просторијата во која ќе се работи. Цаноски додава дека веќе започнале и со опремување на истата, донесени се масички, столчиња за десет работни места, ормарчиња, а доставена...

Continue reading

korita

До Корита не се стигнува

Post Views: 4 Граѓаните кои сакаат да ја посетат Галичица подобро два пати да се помислат дали да го сторат тоа бидејќи можат да влезат во една несакана авантура. На патот кој води до местото Корита на неколку места има високи наноси на замрзнат снег па тешко со возило може да се помине, се жалат граѓани кои неодамна се упатиле до ова излетничко место. Тие биле затекнати од ваквата состојба на патот бидејќи пред почетокот на зимската сезона од страна на Македонија пат беше ветено дека ќе се одржува овој патен правец и дека граѓаните слободно ќе можат и зимава да одат на Галичица....

Continue reading

lebed

Лебедот со скршено крило заглави во институционалните лавиринти

Post Views: 1 И после еден месец од алармирањето за состојбата на лебедот со скршено крило никој не се најде надлежен за да помогне оваа ретка птица да се спаси. Уште еднаш на површина излегоа пропустите на институциите кои не знаат што се нивните ингеренции. Лебедот со скршено крило сеуште никој не го згрижи. За повредениот лебед  Телевизија ТВМ пишуваше уште пред еден месец, но надлежните сеуште се прават слепи и глуви. Информирано е Министерството за животна средина и просторно планирање, Локалната самоуправа, еколошките друштва, но никој не превзема ништо, велат од „Анималија“,...

Continue reading

болница

Охридските пациенти три месеци немаат реагенси за проверка на тироксин

Post Views: 2   Пациенти повеќе од три месеци не можат во болничката лабараторија да го проверат хормонот тироксин. Се жалат дека во  лабараторијата нема реагенс за проверка на функцијата на тироидната жлезда. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов потврдува дека во нивната лабараторија нема ваков реагенс. Образложи дека проблемот настанал кога Фондот за здрвствено осигурување им го проширил пакетот на услуги на приватните ординации и лабаратории. Тоа им го  зголемил приливот на пациенти во нивната лабараторија, а количините не им биле планирани за таа година. „ За конкретната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top