Ознака: овој

До каде е основањето УЗ?

Post Views: 2 Заменувањето на некогашните месни заедници со сегашните урбани заедници и натаму во застој. До овој момент се оформени само 4 урбани заедници, а процесот заглави во место уште во месец Декември минатата година. Кога ќе продолжи процесот на основање на урбаните заедници останува неизвесно. Оние урбани заедници кои ја имаа среќата да бидат формирани, сега веќе активно работат и нормално функционираат. Формирањето на урбаните заедници сеуште тапка во место. Откако започна процесот на замена на некогашните месни заедници со новите месни заедници изминаа повеќе од 7 месеци,...

Continue reading

Охридски пиво фест, втор пат

Post Views: 1 Од вечерва па во наредниве три дена, Охрид ќе се забавува во ритамот на второто издание на Фестивалот на пивото. Сите љубители на пивото и урбаната забава ќе може да уживаат во богатата музичка понуда со Тони Зен, Сека Алексич, Парти Брејкерски, Супер Хикс и други, а сите љубители на пивото и урбаната забава, овој мега-ивент ќе може да го проследат бесплатно. Второ издание на Охридскиот „Пиво фест“. Веќе традиционално, по втор пат „Герила Маркет“ од 28-31 јули на локацијата Биљанини извори ќе го организира „Пиво фест“ каде на повеќе од 8000м2 организаторите очекуваат...

Continue reading

Бродот амбуланта конечно заплови

Post Views: 3 Секоја секунда е важна кога е во прашање спасување на човечкиот живот. Петгодишните напори на О.О На Црвениот Крст од Охрид конечно вродија со плод, па така за прв пат во водите на Охридското езеро, почна да оперира брод-амбуланта. Сашо Точко, претседателот на О.О. на Црвениот Крст кажа дека ова пловило е прво од ваков вид на Охридското езеро и на останатите водени површини во РМ, кое треба да биде поттик до сите институции да вложуваат понатака во овој сегмент зошто ништо повредно нема од човечкиот живот. Но сепак станува збор за привремено решение на долгорочен проблем. „...

Continue reading

Одделение за заловување на животни

Post Views: 6 На повидок решение на проблемот со животните скитници. Во рамките на Јп „Охридски Комуналец“ формирано Одделение за заловување на животни. Сашо Алче директорот на ЈП, вели дека првично идејата била да се формира привремен меѓуопштински центар кој би бил лоциран во старата ветеринарна станица во Општина Дебрца, кај селото Белчишта, а во чие формирање би учествувале општините Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани. На оваа локација со многу малку зафати би се создале услови како што предвидува Законот за заштита и благосостојба на животните. Во овој центар заловените животни...

Continue reading

Дваесет септички јами, на еден километар квадратен

Post Views: 1 Четириесет години со септички јами во дворовите. Жителите од т.н источна трансверзала која е дел од улицата „Момчило Јорданоски“, повеќе од 30 години како живеат со септички јами во своите дворови. Иако како што самите велат, од 1980 година имааат платено аконтација за комуналии и уредно ги плаќаат давачките кон Јавните комунални претпријатија, овој проблем останува во нивниот двор. Додаваат дека единствено нешто што досега добиле, се само предизборни ветувања од надлежните.„Не сме приклучени, аконтација за комуналии имаме платено, секој ветува пред избори а после никој...

Continue reading

profesija kelner

Преку преквалификување до нови вработувања

Post Views: 0 Угостителската струка, келнер-гастроном ќе добие нов бран на стручно подготвени лица. Четиримесечната обука заврши токму денес, со што лицата кои успешно ќе ја поминат проверката, ќе се стекнат со титулата келнер-гастроном. Оваа обука е дел од заедничкиот проект на Владата на Република Македонија, Агенцијата за вработување и Центарот за средно стручно образование и обука, додека како реализатори на овој проект се јавуваат училиштата. „Ние како угостителско туристичко училиште од Охрид изготвивме програма за профилот келнер-гастроном бидејќи немаше таква програма. Таа...

Continue reading

opshtina

Градоначалникот не е на летување туку во лов на инвеститори

Post Views: 2 Реакција од кабинетот на градоначалникот во врска изнесеното на денешниот прес на ОК на ВМРО- ДПМНЕ. „ Претседателот на општинската организација на ВМРО- ДПМНЕ , Атанаско Михаилов ,на денешната прес конференција покажа дека има кукавички менталитет , а  нема  речиси никаков политички кредибилитет. Наместо храбро и аргументирано да се соочи со градоначалникот Петрески , тој однова ја користи можноста , првиот човек на Охрид , да го напаѓа тогаш кога е надвор од градот. Претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Атанаско Михаилов , нека не очекува дека градоначалникот Петрески...

Continue reading

toaleti

Поставени подвижни јавни тоалети

Post Views: 38 На шест локации во градот се поставени 24 јавни мобилни тоалети. Граѓаните и туристите ќе може да ги користат на локациите кај Горна Порта, во центарот на градот , во близина на мостот, кај  спортско рекреативниот центар Билјанини извори. После долго време секторот за урбанизам најде соодветни места на кои постави јавни тоалети и со тоа реши еден сериозен комунален проблем. Долго време Охрид беше град без јавни тоалети, а тоа секако  не доликува на еден туристички центар. Тоалетите иако се од привремен карактер сепак ќе го решат донекаде овој комунален недостаток....

Continue reading

kamp dijabet

5-ти летен едукативен камп за децата со дијабетес

Post Views: 14 Започна петтиот летен едукативен камп за децата со дијабетес од целиот свет. Тие на овој камп ќе учат како да бидат посамостојни во животот, како да спортуваат безбедно и како полесно да се справуваат со оваа болест, без тоа да им го намалува квалитетот на нивното живеење. Овој летен камп веќе традиционално е организиран и е под покровителство на Лајонс Интернешенел или поточно Дистрикт 132 од Македонија, чие мото е „Ние служиме“. „Ние служиме на тие што им е потребно. Вечерва сме собрани за 30-40 деца кои се дојдени од повеќе земји. Ние ќе служиме наредните 10 дена,...

Continue reading

bazen

Охриѓани после долги години, повторно на базен

Post Views: 5 Охридскиот базен наскоро ќе биде ставен во функција. Во завршна фаза е монтирањето на опремата за овој објект, а неодмна заврши и фарбањето на самиот базен, велат од ЈП „Биљанини извори“. Директорката на ЈП Гордана Јовановска кажа дека опремата од Словенија веќе е на царина и од утре почнува монтирањето на истата.  Јовановска додава дека причина за тоа што малку се издолжи периодот на реконструкција на базенот, се временските неприлики, односно големиот број на дождливи денови, кои било пречка за успешно спроведување на самото фарбање на базенот, кое бара одредени оптимални...

Continue reading

Непочитувањето на сообраќајните знаци-редовна пракса во летните месеци

Post Views: 1 Почетокот на секоја летна туристичка сезона редовно ги носи карактеристичните проблеми. Зголемена фреквенција на возила чии сопственици често и не обрнуваат внимание на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Сообраќајните знаци буквално како да не постојат. Еден ваков пример ни беше посочен од загрижен граѓанин кој забележал дека многу често не се почитува знакот за еднонасочна улица на пресекот на ул. „Партизанска“ и „Димитар Влахов“, односно кај Домот на АРМ. За овој случај ги информиравме службите во СВР Охрид кои ни потенцираа дека тие најпрво се обидуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top