Post Views: 4
Тлото во Охрид и Охридско не мируваше ниту ноќеска. Во текот на ноќта беа почувствувани седум земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтер ги вознемири жителите на охридското епицентрално подрачје четири минути по полноќ.
Епицентарот бил на 9 километри источно од селото Косел на длабочина од 2 километри. По овој потрес следеа уште неколку земјотреси во 00.37 со магнитуда 2.7, во 00.54 часот со јачина 3.5, во 1.02 часот со интензитет од 2.9 степени и во 1.10 часот со јачина од 3.3 степени по Рихтер.
Во 23.45 часот измерен е земјотрес со јачина...
Post Views: 9
Медијаторот Метју Нимиц во наредните десетина дена ќе свика нова рунда разговори за да ги слушне финалните оценки на Македонија и на Грција за неговите идеи за решавање на спорот за името што ги изнесе на последната средба со преговарачите на двете земји.
Нимиц по средбата со претседателот Бранко Црвенковски што се одржа доцна синоќа по македонско време во Њујорк, не прецизира дали на следната рунда разговори ќе излезе со формален предлог. „Ќе разговарам со претставниците на двете земји и ќе решиме што ќе правиме. Ако има нов предлог ќе бидете известени“, рече медијаторот....
Post Views: 1
Силен земјотрес го потресе Охрид пред полноќ, чија магнитуда беше 4.1 степен според Рихтер. Пред и по него имаше помали потреси со магнитуда помеѓу 2 и 3 степени.
И утрово во 6.30 Охрид и околината почуствуваа силен земјотрес со магнитуда од 3.8 степени според Рихтер, а епицентарот бил помеѓу селата Косел и Јанкоец, ресенско.
Вознемиреноста кај граѓаните е голема. Изминатата ноќ многумина решија да ја поминат на отворено, а се бројат и штетите на објектите кои засега се од помал обем и најчесто се работи за обрушувања на оџаци, доградби, оштетени балкони, ѕидови и слично....
Post Views: 1
Медијаторот на ОН Метју Нимиц на денешната нова рунда македонско-грчки разговори со амбасадорите Никола Димитров и Адемантиос Василакис, предложил нови идеи за рeшавање на спорот во врска со името на Македонија.
По двочасовната средба со двете делегации, Нимиц изјави дека претставил „нови идеи, кои содржат нови елементи и во кои се вклучени идеите дадени од двете страни“.Нимиц најави и дека подоцна во текот на денов ќе има одвоени средби со двајцата преговарачи и ќе очекува првични одговори на предлозите од неговите соговорници.
Тој рече дека следната рунда преговори...
Post Views: 4
Од новиот избор книги кои библиотеката ги набави со средства од Министерството за култура оваа среда издвојуваме уште девет нови и интересни наслови кои ќе го најдат патот до читателите.
Се работи за книгите: „Анонимна девојка“ од Грир Хендрикс, „Девојката од писмото“ Емили Гунис, „Изгубеното писмо“ од Џилијан Кантор , „Тивката жена“ од А.С.А Харисон, „Доказ за љубов“ Памела Клер, „Мојата прекрасна сопруга“ од Саманта Даунинг, бестселерот според Њујорк Тајмс „Американски брак“ од Тајери Џонс , „Сопруга на хартија“ од авторката Лајла Ибрахим и „Изгубената ќерка“ од Џил...
Post Views: 4
Иран можеби се соочува со потешкотии околу продажбата на нафта поради се’ построгите санкции на САД и Европската унија, но за залихи не треба воопшто да се грижи. Како што пренесува иранскиот весник “Техеран тајмс“, министерството за енергетика потврдило дека се пронајдени нови големи залихи на нафта во југозападниот дел на земјата.
Министерот Ростам Ќасеми наведува дека станува збор за околу шест милијарди барели нафта.
Досега се сметало дека Иран има 154,8 милијарди барели резерви, а сега бројката се зголемува на 160 милијарди. Со големите залихи на нафта Иран има...
Post Views: 1
Одредени брендови на цигари поскапеа пред празниците за пет денари, иако поскапувањето се очекуваше да биде по четири денари и да се случи некаде на почетокот на летото.
За овој износ поскапеа цигарите „Вест“ (силвер, ред и вајт), „Волтер Вулф“ (блек и вајт) и „Ронхил Вејв“ (голд и блек).
Во наредните седум години, акцизата ќе се зголемува за 0,20 денари за парче.
Post Views: 0
По еден мал застој поради Ковид -19 НУ Библиотека во рамките на Годишната програма отпочна со збогатување на книжниот фонд.
Од недела во недела континуирано како што Одделението за обработка ќе го заврши својот дел од работата ви ги преставуваме новите наслови кои ќе можете да ги побарате и да ги прочитате ако сте член на установата.
Од овој месец достапни се хрониките на Боб Дилан, „Разделба“ на Силвија Арси, „Килибар и свила на Неџма, „Голмите скиачи“ на Меодија Фотев и многу други.
Post Views: 2
Во последните 24 часа се регистрирани 14 нови случаи на охриѓани заразени со корона висрусот. Во струга 2 новоинфицирани. На ниво на државава од направени 1384 тестирања, регистрирани се 99 нови случаи.8 починати лица е црниот биланс од Ковид во последново деноноќие. Починаа двајца охриѓани, двајца пациенти од Тетово, еден од Струга, еден пациент од Делчево , Скопје и од Дебар. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти од кои 8 стружани и еден охриѓанец. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата...