Ознака: на

boza

Вкусот на заборавената боза

Post Views: 4 Низ охридските улици одамна  не се слуша некогашниот повик на  бозаџијата „ајде народе на ладна медена боза“. Бозаџијата опашан со престилка, со лимена канта и канче, бил честа појава низ охридските маала  нудејќи го својот освежителен пијалок. Меѓу повозрасните охриѓани и денес кружи анегдотата за некој  бозаџија кој во некогашното   сиромашно  време за да ја продаде бозата ја трампал канче боза – за канче вино.  Во минатото време кога биле непознаница  денешните  безалкохолни пијолци, на нашите простори луѓето по макотрпната тешка работа се разладувале со омилената ...

Continue reading

vmro-np

ВМРО НП обвини: Власта примени невидени методи врз нашите членови

Post Views: 9 Од општинскиот комитет на ВМРО НП, една недела по завршување на изборите ги сумираа резултатите од предвремените парламентарни избори. Претседателот на ОК Ванчо Костоски, кандидат за пратеник од оваа политичка партија од петка, рече  делумно се задоволни  од освоените 2725 гласа иако првично очекувале 4000. Костоски  тоа го објаснува како резултат од методите кои  ДПМНЕ ги примени во предизборниот период. „Наши луѓе беа повикувани на информативни разговори и беа заплашувани, а им беа контролирани  и фирмите. Освоените 2700 гласови се на членовите кои одолеаа на тие...

Continue reading

cveke

„Цветни балкони – Цветен Охрид“

Post Views: 0 Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, втората недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на  животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности. И годинава ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Даме Груев“ од пресекот со „Туристичка“ до „Питу Гули“, „Јане Сандански“ од пресекот со „Туристичка“ (Маркет Макси Д) до „Сирма Војвода“ (кружен тек кај болницата),...

Continue reading

dvd Ohrid grad galerija

Промовиран мултимедијалeн проект „Охрид град–галерија“

Post Views: 1 Животното творештвото на пет охридски уметници- Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Јордан Манасиески, Живко Пејоски и Славко Упевче се најде на  ДВД – проект насловен како „Охрид-град галерија“. Изработката на  ДВД–то е  дело  на охридскиот радио новинар Милчо Јованоски, кој е и претседател на НВО „Култ дам“. Проектот „Охрид- град галерија“ е финасиски поддржано од Локалната самоуправа со 130 000 денари. Градоначалникот Александар Петрески, на денешната промоција истакна дека и покрај финансиските потешкотии секогаш ги поддржувале  проектите од културата и уметноста кои ...

Continue reading

bazen

100.000 евра за реконструкцијата на отворениот базен

Post Views: 9 Започна реконструкцијатат на отворениот  базен кој се наоѓа во рамките на ЈП Билјанини Извори. По десет години негрижа и негово пропаѓање Локалната самоуправа сега ќе го  рестартира. Од околниот простор и од базенот биле подигнати  неколку камиони отпад, а се очекува  пристигање на филтер станицата и негвото пушѕање во употреба до крајот на јуни најавува Гордана Јованоска, директор на ЈП кое ќе стопанисува со објектот.„Старата опрема се отстрани, дното има оштетувања заради долгогодишното некористење, потребно  е заварување  по што ќе отпочне монтирањето на филтер станицата...

Continue reading

Изборна хроника 26.05

Post Views: 1 Образованието не е детска играчка туку премногу сериозна работа, истакна на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од 5 –та ИЕ , од редовите на СДСМ, Митре Вељаноски. По 5 години цунами во образованието му престои долг период на опоравување и вети воспоставување ред во настанатиот хаос на сите образовни нивоа. Вељаноски, помеѓу другото порача, новата Влада на СДСМ ќе ја врати изгубената автономија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, ќе ги наградува професорите, ќе ја поправи безбедноста во училиштата, ќе гради детски градинки, а не споменици. Носителот...

Continue reading

akcija

Бизнис на иднината

Post Views: 1 Монитори од компјутери, тастатури, мобилни телефони и полначи, екрани од Тв приемници секојдневно завршуваат на градските депонии. Сите овие апарти кои го отслужиле своето кај нас сеуште не се селектираат и не се рециклираат. Отпадот содржи пластика, бакар метал и фрлен на  депонија никогаш  нема да се распадне па стануваат опасни загадувачи на животната средина, вели Јасмина Момироска, виш соработник во секторт за урбанизам и заштита на животна средина. Во светот, пак  одамна пронашле начин како да се справат со овој вид опасен отпад. На практичен начин ги споиле ...

Continue reading

vakcina

Каде треба да се вакцинирате против морбили?!

Post Views: 5 Согласно заклучоците на Kомисијата за заразни болести при Министерството за здравство, по донесената одлука за прогласување епидемија на морбили на целата територија на  Р.Македонија, против морбили треба да се вакцинираат сите деца на  возраст од 6 до 12 месеци, а доколку не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани и сите лица на возраст од 13 месеци до 40 години. Од Центарот за Јавно здравје – Охрид ги информираат граѓаните кои не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани дека: – Децата на возраст од 6 месеци, до 18 години, ќе бидат вакцинирани...

Continue reading

skulptura jagula

Конечно се најде место за скулптурата Jагула

Post Views: 25 Најдолгата скулптура јагулата, во нашата земја и во светот, конечно ќе биде изложена на соодветен простор. Јагулата ќе биде лоцирана на почетокот од  шетачката патека кај Горица, на просторот околу плажата Куба Либре. Скулптурата  ќе биде изложена како  туристичка атракција најдоцна до почетокот од мај. Уметникот кој ја изработи јагулата Сергеј Цингулоски задоволно вели дека конечно најдоа заеднички јазик со Локалната самоуправа. Деновиве  од секторот за урбанизам ќе започнат со постапката за издавање дозвола за партерно уредување на просторот. Сопствениците на Куба...

Continue reading

Dragan Cvetansoki

Се размрда синдикатoт

Post Views: 1 Сојузот на синдикатите на Македонија, на кој припаѓа и охридскиот, со доаѓањето на пролетта се  размрда. Она што повеќе години било пропуштено во синдикалната заштита на  работниците ќе го решаваат  пролетва. Македонските работници заедно со Србите, Црногорците и Косовците со години  работат според   незагарантирана најниска цена на трудот. Единствено Хрватите се пред нас на овој план. Од синдикатот се оптимисти дека ќе најдат решение за ова прашање иако скоро една деценија работодавачите и владата немаат слух за утврдување на висината на  најниската цена на трудот. ...

Continue reading

cinar -upevce

Кога би можел да зборува Чинарот

Post Views: 0 Бутурниот Чинар, како што сакаат од милост да кажат постарите охриѓани за најпознатото дрво во центарот на градот, крие многу историја за некогашното  живеење во Охрид. Повеќе вековното дрво е сведок на многу случувања, настани и личности кои   одбележале едно минато  време на  градот под Самоиловите кули. Симболот на Охрид, платановото стебло, Чинарот, со латинско име Platanus orientalis L е високо 25 метри, распонот на гранките исток -запад е 16,40 м, а на север- југ 12, 60 метри. Обемот на кореновиот систем е 26,7 метри, а обемот на градната висина на 1,30 метри...

Continue reading

opshtina

Финансиски рапорт на јавните претпријатија

Post Views: 11 На утрешната 31- седница на советот на Општината, охридските советници ќе расправаат околу финансиското работење на јавните претпријатија  и општинските училишта. Исто така, на дневен ред ќе се најде и Предлог одлуката за усвојување на дополнувањето на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид. Финансиското работење на охридските јавни претпријатија, тема на утрешната седница на советот на општината. Покрај јавните претпријатија, извештај за своето работење пред советниците, ќе поднесе и Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат. И усвојувањето...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top