Вкусот на заборавената боза

Низ охридските улици одамна  не се слуша некогашниот повик на  бозаџијата „ајде народе на ладна медена боза“. Бозаџијата опашан со престилка, со лимена канта и канче, бил честа појава низ охридските маала  нудејќи го својот освежителен пијалок.

 |  Валентина Нелоска  | 
boza
боза

bozaНиз охридските улици одамна  не се слуша некогашниот повик на  бозаџијата „ајде народе на ладна медена боза“. Бозаџијата опашан со престилка, со лимена канта и канче, бил честа појава низ охридските маала  нудејќи го својот освежителен пијалок. Меѓу повозрасните охриѓани и денес кружи анегдотата за некој  бозаџија кој во некогашното   сиромашно  време за да ја продаде бозата ја трампал канче боза – за канче вино.  Во минатото време кога биле непознаница  денешните  безалкохолни пијолци, на нашите простори луѓето по макотрпната тешка работа се разладувале со омилената  боза. Пијалокот бил омилен не само за возрасните туку и за децата.

Денес бозата сеуште се продава по слаткарниците.

И вкусот е ист поблаг или покисел. Но, муштерии  најчесто се повозрасните. Бозата покрај брендираните светски пијалоци полека  паѓа во заборав кај младата генерација.

Бозата е освежителен ниско алкохолен  пијалок со 1% алкохол. Тоа е густа течност со светло жолта боја. Се  добива со ферментација на брашно од пченка, пченица или просо, шеќер, квасец и вода. Бозата не може долго да го задржи слаткиот вкус бидејќи доаѓа до вриење на мешавината од квасец и шеќер па се претвора во алкохол и  се губи  вкусот.

Рецептот за подготвување на овој пијалок е стар стотици година, а кај нас е пренесен со поробувањето од страна на Османлиите.

Некогашните мајстори ја правеле бозата од  просо. Брашното се печело, па се варело во казани  по три часа. Смесата се истурала во буриња направени од црна муренка, па се додавал квасецот. По осум часа варење се мешал  шеќерот, течноста се прецедувала и се продвала поблага или покисела во зависност од вкусот на клиентите. Денес  производството на бозата се одвива по високи Хасап стандарди.

Овој пијалок е карактеристичен и се смета за традиционален во Македонија, во Турција и Албанија, но и во другите балкански земји кои биле дел од  Отоманската Империја, Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Македонската боза се разликува од останатите по тоа што е посветла и има поблаг вкус.

bozadzija

Прататковина на бозата е Месопотамија, но најмногу  податоци за најзиното производство добиваме од времето на Отоманската Империја кога пијалокот  стекнува голема популарност. Заради содржината на алкохол  бил вбројуван во  алкохолните пијалаци и во некои периоди  бил забрануван од султаните.

Во 16 век поданиците во Османлиската Империја почнале бозата да ја мешаат со опијум, па султанот Селим II ја забранил за употреба. Во друг период од Империјата  пак, бозата била вклучена како основна храна на војската  зарди високата хранлива вредност.

Во балканските земји бозата се сервира различно. Во

Турција се пие поросена со цимет, додека во зима се јаде со леблебија.  Во Бугарија е познат оброкот  Баница со боза. Во Македонија пак, бозата во летно време се служи со топчина сладолед. Во Босна и Херцеговина најчесто се меша со лимонода.

Засега единствен споменик во светот посветен на  бозата е оној на бозаџијата изгрдаен во  бугарскиот град Радомир.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top