Ознака: мерки

cinar Ohrid

И после две недели скршената гранка од Чинарот никој не ја отстранува

Post Views: 5 И после две недели од расцепувањето, дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. Чинарот се скрши на 06 декември во четврток и иако од министерството за животна средина тврдеа дека експертски тим уште во понеделникот на 10 декември ќе направи увид, сепак до ден денеска увидот не е направен, а тоа значи дека ни гранката сеште  никој не смее да ја отстранува. Од министерството за животна средина објаснуваат дека  експертскиот тим сеште не дошол во Охрид, затоа што експертите кои треба да направат увид се од научни институции,  професори...

Continue reading

traktor

Земјоделците можат да ги обноват старите трактори

Post Views: 29 Младиот фармер, 27 -годишниот Ристе Василевски од Горно Лакочереј набавил трактор со помош на владините мерки за поддршка на земјоделците. Обработката на земјоделските и овоштарските површини му е полесна откако го  заменил тракторот стар околу 20 -тина години, вели Василевски. Цената на еден нов трактор е околу 8000 евра. Половина од цената ја плаќа земјоделецот, а останата половина е неповратен износ од државата. Младиот фармер Василевски е крајно благодарен на владината мерка и поволноста што ја добил за да ја обнови земјоделската механизација. „Аплицирав за трактор,...

Continue reading

deca

Инцидентите во училиштата опаѓаат-мирот го чуваат агенциите за обезбедување

Post Views: 1 Редот и мирот во охридските основни и средни училишта е на високо ниво. Оваа година биле регистрирани само 3 помали инциденти, 2 во средните и еден во  основните училишта.  Советодавната група граѓани составена од психолози, педагози од средните и основните училишта, полицијата, невладини органзаиции и центарот за социјални работи се задоволни од безбедносната состојба во охридските училишта. Ситуацијата е резултат на преземените превентивни мерки, укажува портпаролот на СВР, Стефан Димоски.  „ Улогата на агенциите за обезбедување е крајно поволна Очекувано е оваа мерка...

Continue reading

agencija

Невработените ќе се пререгистраат

Post Views: 8  Околу  30-тина  лица, годинава, отпочнале сопствен бизнис како молери, козметичари, занаетчии, трговци и  земјоделци, со финансиска поддршка од Центарот за вработување. Вработувањата биле реализирани  преку активни мерки за самовработување со кредитирање и грант со неповратни средства за набавка на опрема. До 1 декември  во Центарот за вработување може да аплицираат  невработени лица за поддршка при  вработување како почетници практиканти,  обука за дефицитарни занимања за познати работодавачи и финасиска поддршка за мали и микро претпријатија кои ќе вработуваат невработени...

Continue reading

Resen

6 милиони швајцарски франци за заштита на Преспанското езеро

Post Views: 4 Заслужни за оваа финансиска инјекција за Ресен се Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП за нивната континуирана техничка и стручна помош како во изработка, така и во спроведување на овие проекти, и се разбира огромната помош од министерството за животна средина и просторно планирање на Р Македонија.    Денеска во Ресен, претставници на овие овие институции потпишаа два многу значајни документи и тоа Меморандум на соработка помеѓу општина Ресен и донаторот – швајцарската агенција за обнова и развој,  документ кој го потпишаа Швајцарскиот амбасадор во...

Continue reading

suma

Пламна шумата над Кошишта

Post Views: 9   Се случи тоа од што се плашеа и на што предупредуваа кошиштани. Во саботата навечер околу 11 часот вивна ниската вегетација од десната страна на улицата Кирил и Методиј која води од Горна Порта до пумпната станица. Среќа во несреќa e што мештаните брзо забележале дека гори сувата трева па пожарот не зафатил големи размери. Димитрије Блажески, жител на оваа улица раскажува што се случувало во саботата. Тој вели дека 20тина луѓе кој по пижами кој по влечки истрчале да го гаснат пожарот. „Гасневме со кофи вода, со црева кој соо што најде“, вели Димитрије. „За среќа брзо...

Continue reading

suma

Шумата над кошишта, темпирана бомба

Post Views: 0 Шумата која се наоѓа на потегот од Горна порта до амбулантата Воска, потенцијална опасност за жителите на Урбаната заедница Кошишта. Мештаните  велат дека особено во летниот период во секој момент би можело да дојде до пожар кој би имал катастрофални последици. Жилески Крсте, жител на оваа месност, инаку шумарски инжинер во пензија, вели дека шумата претставува темпирана бомба. Бидејќи голем дел од стеблата се суви и стари, а има и сува ниска вегетација условите за пожар и негово брзо ширење се идеални, предупредува Жилески. За овој проблем жителите од Кошишта алармирале...

Continue reading

carsija

Музиката во Охрид под контрола

Post Views: 3 Општинските инспектори работат двосменски во борба против бучавоста. Проблемот е евидентен, но во споредба со изминатите две години драстично е намален, објаснува Танас Танасоски, раководител на општинскиот инспекторат. Тој додава дека инспекторите кои се под негова капа, излегуваат на терен од 22 до 4 часот наутро, за да ги контролираат угостителските објекти и тоа допринело да се намалат проблемите околу бучавоста. „Но сепак морам да истакнам дека неколку кафичи и понатака не се придржуваат до законските прописи односно бучавата е над онаа нормала која што е предвидена...

Continue reading

evn Ohrid

Граѓаните гневни поради поскапувањето на струјата

Post Views: 13 9,83 проценти. Ова е релативната бројка која апсолутно секој граѓанин деновиве ја сонува како најстрашен кошмар. Токму за 9,83 проценти поскап стана најкористениот енергенс во земјава, електричната енергија. Заедно со новото поскапување, како сол на рана дојде и одлуката на Регулаторната комисија  да се укине ефтината тарифа, која важеше од 13 до 16 часот секој ден освен недела. Од сега, изгледа ќе си готвиме во доцните вечерни часови. А Септември е толку блиску. Токму во Септември ќе пристигнат и првите сметки по новата цена, а граѓаните, уште сега во шок и неверување....

Continue reading

sostanok Svr

Со здружени сили до зголемен степенот на безбедност во езерото

Post Views: 5 Ќе дадеме максимум за да имаме безбедна туристичка сезона и нема да дозволиме годинава да имаме било каква дамка во поглед на безбедноста која ќе го наруши имиџот на градот“, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски на состанокот инициран од СВР насловен како „Превентивни мерки за поголема безбедност на вода и заштита од кражби“ . Инаку денешниот состанок е уште еден обид да се зголеми степенот на безбедност во езерото, но и во Охрид. Состанок имаше превентивен карактер и на него присуствуваа сите чинители кои имаат директна инволвираност во безбедноста на вода....

Continue reading

sudenje_obljuba

Кривична пријава за обљуба врз немоќно лице

Post Views: 2 СВР Охрид поднесе кривична пријава за Ѓ.М роден 1976 год. Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице. Настанот се случи вчера на улицата 15 Корпус, кога осомничениот ја сретнал оштетената и ја зал на својот мопед со цел да ја префрли до одредено место. Наместо таму, осомничениот се упатил кон бензиската пумпа Билјанини избори, каде и го извршил делото. Настанот во СВР го пријавила жртвата, а инаку станува збор за лице со заостанат душевен разво, по што СВР Охрид веднаш превзеде мерки и за кратко време Ѓ.М беше лишен од слобода. Дознаваме...

Continue reading

komo

Во Охрид ќе се прска против комарци

Post Views: 6 Наездата од крлежи и се поголемата напаст на глувците и комарците е аларм надлежните институции да стартуваат со мерки за заштита на луѓето од заразни болести кои ги пренесуваат овие инсекти и глодари. Службите од Центарот за јавно здравје и охридската Локална самоуправа веќе се состанале и разговарале за спроведување на мерките за заштита кои произлегуваат од Законот за Јавно здравство. Најави има дека во градот ќе се прска против комарци во два наврати, во мај и јуни, а против глувците во септември. Градоначалникот Александар Петрески нема дилема за преземањето на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top