Земјоделците можат да ги обноват старите трактори

Младиот фармер, 27 -годишниот Ристе Василевски од Горно Лакочереј набавил трактор со помош на владините мерки за поддршка на земјоделците.

 |  Валентина Неловска  | 
traktor
traktor

Младиот фармер, 27 -годишниот Ристе Василевски од Горно Лакочереј набавил трактор со помош на владините мерки за поддршка на земјоделците. Обработката на земјоделските и овоштарските површини му е полесна откако го  заменил тракторот стар околу 20 -тина години, вели Василевски. Цената на еден нов трактор е околу 8000 евра. Половина од цената ја плаќа земјоделецот, а останата половина е неповратен износ од државата. Младиот фармер Василевски е крајно благодарен на владината мерка и поволноста што ја добил за да ја обнови земјоделската механизација.

zemjodelec Lakocerej „Аплицирав за трактор, го добив брзо и едноставно, ги подмирив сите документи, сега чекам да го доисплaтиме. Ништо не е страшно кој има желба да се регистрира вреди да се биде земјоделец. Перспективата е во земјоделието, човек си работи за себе, земјодeлството е најисплатливо“, вели Василевски.

Во охридските села, како што се Требеништа, Мешеишта, Лакочереј, Косел, Лескоец  каде што се обработуваат земјоделски површини, земјоделците  располагаат со застарена механизација. Тие работат со стари трактори и механизација, ја појаснува состојбата, советодавачот од Агенцијата  за поттикнување и развој на земјоделството, Билјана Ѓорческа.  

„ Во нашиот регион до пред 2-3 години со воведување на програмите малку се  подобри состојбата со тракторите и механизацијата. Трактори имаше и од времето од војната, од 1945 година, има толку многу стара механизација. Со овие програми почна обновата затоа што се многу поволни“, кажува Ѓорческа.  

Земјоделците од  охридскиот регион сега имаат можност да ги искористат  владините мерки насочени кон  обновување  на застарената земјоделска механизација. Тие  можат да аплицираат за нови трактори,  мотокултуватори и култиватори, механизација за садење, ѓубрење, берење и транспорт, генератоти и агрегати. Вакви слични  мерки се применуваат  во последните 5 години, а сега предност ќе имаат жените и младите фармери од руралните подрачја. Тие треба да исполнуваат неколку критериуми. Покрај тоа што треба да  бидат регистрирани земјоделци мора да имаат определени површини засадени со земјоделски, овоштарски и житни култури, напоменува Ѓорческа.
zemjodelie
„ Владата и оваа програма  им нудат на жените и младите фармери до 40 годишна возраст, поволни субвенции зголемени и до15 посто и им даваат предност во програмите. Сега земјоделците го препишуваат имотот на  жените и во Агенцијата има голем број жени – фармери што ги пријавуваат програмите и се јавуваат како носители на земјоделското стопанство“, вели советодавачот во Агенцијата , Ѓорческа.

Охридските земјоделци за најновата програма со мерки   може да побараат совет и да аплицираат во Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството. Програмата за поддршка започна од 30 ноември, а ќе трае до 28 декември. Земјоделците кои ги оставриле условите по програмата  и кои ќе ја добијат земјоделската механизација ќе бидат познати во февруари идната година.

{loadposition conten9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top