Tag: куќа

Златната маска и рака, од денес повторно се изложени во „Златната соба“ во Музејот Куќа на Робевци

По завршувањето на ексклузивната меѓународна изложба „Сто години од Требенишката некропола”, која успешно беше претставена пред јавноста во Археолошкиот Музеј на Република Северна Македонија, каде учество со свои артефакти имаа и Народниот Музеј од Белград и НАИМ при БАН од Софија, ритуалната златна маска и рака, како и сите прилози од гроб 132 од локалитетот Горна Порта во Охрид, од денес повторно се изложени во „Златната соба“ во Музејот Куќа на Робевци. По завршувањето на ексклузивната меѓународна изложба „Сто години од Требенишката некропола”, која успешно беше претставена пред јавноста...

Continue reading

Карпа се одрони во двор на куќа во Радожда

За среќа нема повредени. Камењата уништиле помошни простории. . Карпата се одронила  најверојатно поради мразот и  ниските температури. Од општината најавиле расчистување на одронот но семејството Пејоски  и нивните соседи стравуваат од нови одрони.   Голем  одрон  на карпи  срамни неколку помошни објекти во близина на куќите  во струшко Радожда.  Веднаш до пештерната црква, Свети Архангел Михаил на влезот од селото,  вчера утрото околу 7 часот силна бучава,  која наликувала на земјотрес го разбуди семејството Пејоски. Распаднатите карпи од планината  им ги уништија помошните просттории во дворот...

Continue reading

Голем интересот за Купи куќа-купи стан, изготвен и нов прирачник

За неполни три месеци откако стапија на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем. За неполни три месеци откако стапија на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем. Намалените каматни стапки, новиот модел Купи стан за млади, како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете е причината за големиот интерес. Согласно новите услови каматната стапка за моделот „субвенција на рата“ за првите три години ќе изнесува 2,9%, а за третата и четвртата година 3,9%. Намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество“. Истата...

Continue reading

Жители од населбата Исток реагираат надлежните дозволуваат да се гради куќа со спорна висина

Градбата со висина од 13,5 метри го затвара видикот пред нивните домови, а надлежните минатата година кога го издале решение за реконструкција и надградба не ги почитувале законските одредби. На овој атрактивен дел од Охридското Езеро имот поседуваат и странски државјани кои сега стравуваат дека на пазарот на недвижности ќе се обезвредни нивниот имот. Во населбата Исток која се наоѓа над х.Гранит се гради куќа која го попречува видикот на Охридското Езеро на три семејни куќи, реагираа на прес конференција Алан Роу, англиски државјанин и Данчо Аврамоски од Охрид. Тие упатија обвинување за урбан...

Continue reading

За годинава планирани се пет премиери, а Охридскиот театар станува се поактуелна тетарска куќа за режисерите

Оваа година двете тетарски претстави „Метод“ и „Каде е пиштолот“ кои за прв пат се поставени на репертоарот на охридскиот народен театар, ќе ги види и публиката од другите градови на државава. За годинава планирани се пет премиери, а Охридскиот театар станува се поактуелна тетарска куќа и за режисерите кои сакаат да доаѓаат и да режираат тука. Во годината која е зад нас, Охридскиот народен театар реализира две претстави кои за прв пат се поставени во Македонија, по текстови кои за прв пат се преведени во земјава. Ова претставува убава можност, театарската публика од останатите градови да се...

Continue reading

Изгоре куќа во населба Видобишта, Охрид

Во пожар што завчера избувна во куќа на Ристо Чадо, целосно изгоре приземјето на Роберт Николовски. Засега не е позната причината за пожарот, кој направи голема материјална штета и не му остави ништо на нашиот сограѓанин. Изгоре куќа во населба Видобишта, Охрид. Пламените јазици за миг ми одзедоа се, цела покуќнина, облека, документи, низ солзи раскажува сопственикот на куќата нашиот сограѓанин Роберт Николоски. Тој до пред еден ден живеел сам во оваа куќа која што му ја оставиле неговите покојни родители. „Се враќав од чаршија, имав некои работи да ги завршам и кога влегов дома вратата беше...

Continue reading

Опожарена куќа на улица 15 -ти Корпус

Опожарена куќа на улица 15 -ти Корпус. На улицата 15ти Корпус е опожарена една куќа. Дојавата за појава на пожар била примена вчера во утринските часови  во 8 и15 минути.  Противпожарните  возила пристигнале за 5 минути и пожарот го  локализирале во 8 и 40 минути, а го ликвидирале во 9 и 30 минути. Во гасење на пожарот  биле вклучени 4 возила и дванаесетмина пожарникари, информира заменик командирот Горан Маркоски. „Посебни отежнувачки околности при интервенцијата е што во куќата  имаше складиште од гуми и високо горив материјал  бои и лакови и целокупна документација од правен субјект, хартија...

Continue reading

Руинирана куќа во старата охридска чаршија опасност за минувачите

Руинирана  куќа во старата охридска чаршија   опасност за минувачите. Над главатa на минувачите во охридската стара чаршија од еден кров на стара и руинирана куќа виси железен предмет. Најверојатно станува збор за дел од рѓосан и искршен олук кој  секој момент може да се откине и падне. Покрај металниот предмет кој букавлно виси во воздухот, во ништо подбра состојба не е и стреата и металната ограда од некогашниот балкон. Во нејзина непосредна близина се наоѓаат продавници, угоситетски објекти, фризерници. Надлежните, пред се инспекторите од општинскиот комунален инспекторат, како да замижале...

Continue reading

Главните кандидати за Белата куќа сѐ поблиску до номинација

Њујоршкиот милијардер славеше голема победа во матичната држава Главниот републикански кандидат за номинација во трката за Белата куќа, Доналд Трамп ги освои во вторникот републиканските претседателски предизбори во државата Њујорк, приближувајќи се до освојувањето на доволен број кандидати за добивање номинација, но вечерта беше нешто понеизвесна за Хилари Клинтон за номинација на американските демократи. Главната демократска кандидатка Хилари Клинтон исто така отствари победа во Њујорк и направи голем чекор кон добивањето партиска номинација за претседател на САД. Но, американските телевизии...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top