Ознака: куќа

Опожарена куќа на улица 15 -ти Корпус

Post Views: 2 На улицата 15ти Корпус е опожарена една куќа. Дојавата за појава на пожар била примена вчера во утринските часови  во 8 и15 минути.  Противпожарните  возила пристигнале за 5 минути и пожарот го  локализирале во 8 и 40 минути, а го ликвидирале во 9 и 30 минути. Во гасење на пожарот  биле вклучени 4 возила и дванаесетмина пожарникари, информира заменик командирот Горан Маркоски. „Посебни отежнувачки околности при интервенцијата е што во куќата  имаше складиште од гуми и високо горив материјал  бои и лакови и целокупна документација од правен субјект, хартија која дополнително...

Continue reading

Zalpie

Најубавото село на светот

Post Views: 2 Малечкото античко село во југоисточна Полска наречено Залпие е дефинитивно едно од најубавите и најпосететните туристички атракции на Полска, не поради тоа што има хотели со пет ѕвезди, туку напротив, поради малите дрвени колиби, кои се исцртани со различни бои. Оваа прекрасна традиција започнала пред повеќе од еден век, кога секоја жена од селото започнала да го црта својот дом со цветни мотиви, со кои покривале некои од урнатините на нивните куќи. Бидејќи жените не можеле да цртаат професионално, ниту пак имале професионална опрема, тие ги создавале четките самите,...

Continue reading

logo

Тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Струга – Дебар

Post Views: 1 Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на регионалниот пат Струга-Дебар загина 29-годишниот Агрон К. од Струга. Несреќата се случила околу 3 часот и 50 минути во близина на струшкото село Велешта. Стружанецот кој управувал автомобил БМВ изгубил контрола над возилото и удрил во ѕид од куќа по што починал на лице место. Повреден е и неговиот сопатник, 42-годишниот Б.В кој бил веднаш  пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Струга. {loadposition content9}

Continue reading

sporna kuka

Трнлив пат до сопственост

Post Views: 0 Туѓото не го сакам, моето не го давам. Борис Коркутоски од Струга, неможејки повеќе да молчи и сам да се справи со неправдите кои му се нанесуваат, како што самиот вели, решил за помош да се обрати до сите релевантни субјекти во државава. Тој кажа дека согласно Судската спогодба и Договор за поклон донесени и заверени од струшкиот суд, површината на градежната парцела каде се наоѓа неговата куќа изнесува 308 м2, а со приватизацијата изнесува 264м2. Додава дека 44 м2 му се украдени од комшиите, а со благослов на државните институции. Коркутоски вели дека и од геодетските...

Continue reading

СВР со соопштение за вчерашниот пожар во куќа на „Дејан Војвода“

Post Views: 4 На 13.02.2022 година во 16.40 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар во куќа на улица „Дејан Војвода” сопственост на М.А. (75) од Охрид во кој, нема повредени лица.Интервенирала територијалната против пожарна единица од Охрид а увид извршија полициски екипи – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

Руинирана куќа во старата охридска чаршија опасност за минувачите

Post Views: 0 Над главатa на минувачите во охридската стара чаршија од еден кров на стара и руинирана куќа виси железен предмет. Најверојатно станува збор за дел од рѓосан и искршен олук кој  секој момент може да се откине и падне. Покрај металниот предмет кој букавлно виси во воздухот, во ништо подбра состојба не е и стреата и металната ограда од некогашниот балкон. Во нејзина непосредна близина се наоѓаат продавници, угоситетски објекти, фризерници. Надлежните, пред се инспекторите од општинскиот комунален инспекторат, како да замижале пред проблемот.  Не презеле  мерки со кои ...

Continue reading

Jubilej Strushki veceri na poezijata

Јубилеј за паметење

Post Views: 1 Струга, еден од највоспеаните градови во светската литература во Македонија, е прагот низ кој поминале илјадници поети, кои на илјадници јазици ги испеале своите поеми. Со музичката изведба на антологиската поема Т’га за југ, од страна на тенорот Благој Нацески и палењето на фестивалскиот оган, синоќа беше означен почетокот на 50-то јубилејно издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. На свеченото отворање на манифестацијата кои се случи на Мостот на поезијата,  беа прочитани и стихови од досегашни добитници на Златниот венец на поезијата како и од годинешниот...

Continue reading

Најмладиот светски милијардер тврди дека животот не е фер

Post Views: 6 Snapchat е популарна апликација за споделување на фотографии и е проценета на скоро 15 милијарди долари, што ја чини за една од највредните стартапи на светот. CEO на Snapchat е 24-годишниот Evan Spiegel, кој Forbes го прогласи за најмлад милијардер со богатство од 1,5 милијарди долари. Студирал на престижниот Stanford, но го напуштил факултетот само неколку испити пред да дипломира за да може целосно да се посвети на својот Snapchat. Денес живее лагоден живот, ужива во скапоцени автомобили, а во ноември минатата година купил куќа во квартот Brentwood во Лос Анѓелес...

Continue reading

conjuring

Кога хоророт ја имитира реалноста

Post Views: 3 The Conjuring, е најновиот филм на талентираниот Ван кој стои зад одличните Insidious и Saw, а овој пат главните улоги ги толкуваат Вера Фермига, Патрик Вилсон, Лили Тејлор и Рон Ливингстон. Во The Conjuring кој наводно е базиран на вистинската приказна за семејство кое најмило истражувачи на паранормалното за да откријат какво демонско присуство има во нивната куќа. Вилсон и Фермига ќе ги портретираат Ед и Лорејн Ворен истражувачите на паранормалните активности, а Лили Тејлор и Рон Ливингстон, брачниот пар кој живее во опседнатата куќа во Њу Ингланд. Како сценаристи...

Continue reading

д сарај

На Долни Сарај ќе се гради градска репрезентативна куќа

Post Views: 1 Градска куќа ќе се гради на просторот на Долни Сарај. Во тек е постапката за избор на идејно архитектонско решение кое го објави локалната самоуправа, информира Томе Џамтоски портпарол на општина Охрид. Просторот ќе се оплеменува, а идејното решение треба да има историска нишка и да  го претставува поранешниот објект кој тука некогаш постел. „ На овој простор во минатото имало градба поврзана  со големата карпа и езерото. Според некои документи се излегувало и на мало пристаниште на езерото. Идејата на ЛС е благородна од причина што на цел овој простор сакаме да му дадеме...

Continue reading

Голем интерес на охриѓани за проектот „Купи куќа за млади“

Post Views: 2 Охриѓани со голем интерес околу условите кои се нудат со владиниот проект „Купи куќа за млади“. Тие лично од претставниците на министерството за финансии слушнаа што се е потребно и какви им се можностите да дојдат до решавање на едно од најважните животни прашања, станбеното прашање. На младите охриѓани им стојат на располагање два модели за решавање на станбеното прашање,  субвенционирање на меечата рата и субвенционирање на учество. Според пресметките младите можат да добијат до 33 000 евра неповратни средства. „Има поволни услови, само да видиме како ќе е со рати,...

Continue reading

logo

„Купи куќа за млади“ во Охрид

Post Views: 1 Министерството за финансии и општина Охрид на 24.02 2016 година (среда) во големата сала при општината со почеток во 17 часот ќе одржат јавна презентација на проектот Купи куќа за млади. На средбата ќе се дискутира кои се условите за купување куќа и каде младите може да најдат државни плацеви. На средбата меѓу другото ќе стане збор и за  понудата на плацеви  за таа намена во Охрид,оние кои во моментот општината ги има предвидено за таа намена  или кои ќе ги понуди во блиска иднина. Се покануваат сите заинтересирани граѓани во среда да земат учество на настанот затоа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top