Акцијата за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје продолжува во Елешец, Канео и Студенчишта

Привршува уредувањето на плажата Лагадин. Заврши уривањето сега просторот хортикултурно се уредува.

Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје

Инспектор од Државен инспекторат за животна средина, по дојава на Министерство за внатрешни работи, на 5-ти март направи контрола на запалена трска на струшкото крајбрежје на потегот кон с. Калишта. Оваа нелегална активност на палење трски, со цел формирање плажи или платформи на крајбрежјето, е честа во март и април.

Охрид остана празен и за зимските празници, надежите се свртени кон пролетните месеци

 Ретки беа похрабри гости кои уживаа во парзничниот период од годината. Надежите на туристичкиот сектор  се свртени кон пролетните месеци кога очекуваат вакцинацијата да ја смири пандемијата и постепено нормализирање на животот и  економијата.

Хотелиерите на охридското крајбрежје ги почитувале пропишаните мерки за заштита од ковид 19

При  контролите на пазарните инспектори не се пронајдени групирања и организирани прослави на Новогодишната ноќ  и во деновите од викендот. Контролите ќе продолжат за претстојните Божиќни празници и потоа. 

Општина Струга мора да ги спроведе препораките на Унеско за заштита на Охридскотo крајбрежје

Општина  Струга не презема активности за одстранување на нелегалните градби на крaјбрежието  според препорките на Унеско за разлика од општина Охрид.  Министерот за транспорт и врски, Бочварски,  најави посета на општината и разговори со струшкиот градоначалник за да  види кои се намерите на општината во спроведување на препораките за заштита на езерското крајбрежје. Порача дека не е поборник за одземање на ингеренциите на општината во сферата на урбанизмот, но  законите мора да ги почитуваат сите.

Бочварски: Државата ќе ја презема обврската да ги реши проблемите на Охридското крајбрежје

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари прва  официјална посета на општина Охрид. Со охридскиот градоначалник  ги разгледаат потребите и проблемите  на општината кои се во надлежност на министерството. Во урбанистичката сфера е најавена помош од државата при изработка на Урбанистички планови за  крајбрежјето и за рехабилитација на  патниот правец кон Св.Наум. 

Се планира доизградба на колекторскиот систем на струшкото крајбрежје

Зафатите ќе се со средства од Европската унија. Охридската ЛС треба да изгради пречистителни станици во Трпејца и Љубаништа за делот од  охридското крајбрежје каде што не можно да се поврзе колекторскиот систем. 

Туристите кои летуваат на охридско струшкото крајбрежје не носат заштитни маски

Летувалците биле подисциплинирани на почетокот од отворањето на хотелските капацитети, а потоа ретко кој ги почитувал пропишаните протоколи. Некои од посетителите на овој регион не покажеле основно ниво на еколошка свест и отпадоците завршувале каде што не им е место.

Гостите на охридското крајбрежје зад себе оставаат големи количини отпад

Посетителите на плажите оставаат големи количини смет. Од Комуналец  апелираат до граѓаните и посетителите на плажите да внимаваат каде фрлаат отпадоци. Од Јавното претпријатие велат дека ангажиран е нивниот целосен капацитет и во човечки ресурси и механизација.  

Сугарески: Не се калкулира при уривањето на дивогардбите на охридското крајбрежје

Примена на законите и неселективност во справување со диво градбите во регионот, порача  Горан Сугарески, министерот  за транспорт и врски. Доколку градоначниците и општинските градежен иснспоктрат ккао што е слуачјто со струшкото јарјбржје не  постапуваат  по законите ќе постапува државниот градежен инспекторат. Од минатата недела тие веќе се на терен и во Струга, информира Сугарески.