Ознака: комисија

sednica

Прекината седница во Струга

Post Views: 1 Урбаната опрема, зголемувањето на цената на водата и незаконското работење на паралелките во Подгорци, главни теми на менито забелешки на струшките советници, кои денес ги изнесоа на 40 есеттата седница на советот. Јулијана Зуноска координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, вели дека неможе во континуитет да се предлагаат точки кои се за покривање на претходно донесени незаконски одлуки и точки кои се спротивни на интересите на граѓаните на општина Струга. „Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ загрижена од состојбата со поставувањето на поставувањето на урбаната опрема, од начина...

Continue reading

Општинската комисија за сечење дрва издала решение да се исече исушеното дрво на градскиот плоштад

Post Views: 1 Исечен е повеќегодишен кедер на охридскиот Плоштад. Просторот остана без зеленило од уште едно дрво. Дел по дел беше исечено стеблото на зимзеленото дрво кое го разеленуваше овој дел од центарот, на местото познато меѓу охриѓани како „Кај Муренкана“. Кедарот ужива голема популарност како украсно дрво и е мошне застапен во хортикултурното уредување во поднебјата каде што зимската температура достигнува до −25°C. Исековме дрво кое минатата година се исушило, а за тоа имаме решение од надлежните за негово сечење – информираат од ЈП Охридски комуналец. Од Локалната...

Continue reading

Dauti

Комисии, дебати, заклучоци или работа на терен?

Post Views: 2 Нетрпеливост, тензии и инциденти помеѓу припадниците етничките заедници се дел од секојдневието. Било да се на национална, верска или политичка основа, овие појави ги зафаќаат сите старосни структури на населението и се реален проблем на нашето општество. Една од алатките за справување со овие појави е и Комисијата за односи меѓу заедниците, која иако има советодавна улога, сепак не постои само про-форма. Делува на терен активно. Ова тело е формирано од страна на Советот на Општина Струга, со претставници од сите етнички заедници и може и тоа колку да придонесе во намалувањето...

Continue reading

pumpa

Од синоќа поефтинија бензините

Post Views: 7 Согласно одлуката на регулаторната комисија за енергетика, од синоќа на полноќ, малопродажната цена на бензините поефтинува за денар, а на дизелот за денар и половина. Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар па така  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 77.50 ден. за литар, на  ЕУРОСУПЕР БС-98 79 ден. За литар додека малопродажната цена на  Екстра лесното масло за домаќинствоќе изнесува 57.50 ден за литар. Малопордажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1,50 ден и сега дизел горивото се продава...

Continue reading

Регулаторната комисија ќе биде надлежна за цената на водните услуги

Post Views: 4 Од 1 јануари следната година Регулаторната комисија за енергетика ќе биде надлежна за утврдувањето на цената и тарифите на водните услуги на јавните комунални претпријатија и водостопанствата кои се производители на сирова вода во општините со повеќе од 10.000 жители, а од 1 јануари 2019 година и за сите општини во Македонија. Регулаторната комисија одржа јавна расправа на која се разгледуваа Предлог правилникот и Предлог методологијата за утврдување тарифи за водните услуги и сите засегнати можеа да достават забелешки и мислења. Во наредниот период ќе следува подготвителна...

Continue reading

MJP Proakva

Документите на шпанците пред комисија

Post Views: 1 Не е малку не е многу да ја видиме судбината на МЈП „Проаква“. Истече и последниот рок за доставување на понуди за концесионирање со МЈП, 16 ти јануар. Во текот на меѓународниот конкурс кој траеше околу 5 месеци имало огромна заинтересираност на фирми., Три од нив подигнале тендерски документации, а до последниот рок за пријавување, понуда доставила само фирмата од Шпанија „Аквалија“, Мадрид. Претседателот на тендерската комисија Владо Чингоски вели дека комисијата веќе одржала состанок, на кој присуствувале и претставници од фирмата од Мадрид. Додава дека понудата на...

Continue reading

Nikola Rilkoski

Никола Рилковски нов претседател на ДИК

Post Views: 6 Пратениците на денешната 77 седница го избраа Никола Рилковски за претседател на Државната изборна комисија, а Вангелина Маркудова за судија во Уставниот суд на Република Македонија. Маркудова доаѓа од одделот за организиран криминал во Основниот суд 1 -Скопје. Пратеникот Павле Трајанов го повлече Предлог-законот за заштита на сведоци. Од Демократскиот сојуз појаснуваат дека причина е чувствителноста на материјата која се регулира со Законот за заштита на сведоци, како и потребата од дополнителни консултации. {loadposition content9}

Continue reading

potpisi

Охриѓани и стружани со поддршка за “Манифестот на Македониумот”

Post Views: 3 Оваа иницијатива е дело на група македонски спортисти и уметници, а како реакција поради изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.Масовната подршка на „Манифестот на Македониумот“.  Во него стои дека Македонците се шокирани од актот на бришење на придавката „македонски“ и оти Македонците се рамо до рамо, ако не во економијата, тогаш во уметноста, науката и спортот со европските народи. И граѓаните на Охрид и Струга со подршка на оваа граѓанската иницијатива.„Праќаме апел до сите граѓани без разлика...

Continue reading

Амбасадорот Џес Бејли во работна посета на Општинскиот комитет на Вмро Дпмне и Општинската изборна комисија во Охрид

Post Views: 2 Амбасадорот Бејли во Охрид се сретна  со првите луѓе на ОК на Вмро Дпмне и со Општинската изборна комисија. Посетата на ОК на Вмро Дпмне  беше на иницијатива на американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли , а при тоа оствари средба  со претседателот  на ОК Љубен Арнаудов и  пратеникот Сашо Василески.  По едночасовната  средба амбасадорот Бејли не даде изјава за медиумите, а  со изјава се огласи поранешниот пратеник Сашо Васиелвски  , кој при тоа истакна дека средбата резултира со единствена цел фер и кредибилни предвремени парламентарни избори. „На Македонија на ...

Continue reading

pumpa

Нови цени на горивата

Post Views: 2 Како и секој втор понеделник, така и денес Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата. Од денес ќе купуваме поскапо гориво! Согласно методологијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени на бензинот и дизелот се зголемуваат во просек за 0.18 проценти. Преведено во реални бројки, тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поскапуваат за 1 денар и ќе се продаваат по цена од 80, односно 81.50 денари за еден литар. ЕУРОДИЗЕЛ останува со истата цена, и ќе се продава по цена од 67.50 денари за литар.Новите цени стапуваат на сила...

Continue reading

dik

ДИК прифати четири приговори за Струга

Post Views: 7 Државната изборна комисија усвои четири приговори поднесени од ВМРО- ДПМНЕ за изборни нерегуларности во вториот круг од гласањето во Струга. Поради тоа, членот на ДИК предложен од ДПА, Бедредин Ибраими, се закани дека ќе ја напушти седницата, а Субхи Јакупи од ДУИ обвини за етничко гласање.– Јас ќе излезам, а вие продолжете да си гласате сами. Вие мислите дека сте патриоти. Не сте вие патриоти. Не е добро што гласате така ни за вас, ни за ДИК, ни за државата. Вие се повикувате на државата, но јас се повикувам повеќе на државата. Патриот е тој што работи за својата...

Continue reading

Изборите во Стуга досега течат во најдобар ред

Post Views: 5 Според податоците во Единствениот избирачкиот список, во општина Струга своето право на глас ќе го остварат 59.460 граѓани. Претседателот на Општинската изборна комисија од Струга, Џенгис Хани не информира дека на предвремените парламентарни избори кои денеска се во тек, стружани  гласаат на 78  избирачки места. Хани потенцира дека сите избирачки места се отворени точно навреме, а до 11 часот, според податоците со кои располага Општинската изборна комисија од Струга, излезноста била околу 10%.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top