Ознака: кои

spomen odbelezje

Три години од бродската несреќа

Post Views: 0 Со полагање свежо цвеќе пред спомен-плочата на жртвите од бродската несреќа, денеска во Охрид се одбележа тригодишниот помен за настраданите од несреќата со бродот „Илинден“.  Во спомен паркот и пред плочата изградена од камења извадени од Елешец,  местото каде што се случи трагичниот настан, почит на жртвите им оддадоа делегации од општина Охрид, Бугарската Амбасада во земјава, здружението „5 септември“, од Ротари клубовите од Охрид и Пирдоп, како и двете лекарки Гордана Димитриќ и Жаклина Спасиќ кои сосема случајно се затекнаа на местото на насреќата и им укажуваа...

Continue reading

ambrozija

Амброзијата ја има и кај нас

Post Views: 0 Секое лето и на почеток на есента, амброзијата создава проблеми кај лица кои се алергични на неа, а таа секоја година ја има се повеќе. Амброзијата цвета од јули до октомври, а концентрацијата на нејзиниот полен е најголема во август и септември. Само едно стебло од амброзија, произведува од 1-8 милјарди спори, кои може да патуваат и до 40 км, а за силна алергиска реакција се доволни од 8-20 спори на кубен метар воздух. Примариус Д-р Елпиника Марин од Медицинскиот центар од Охрид, која се бави со алергиски испутвања објаснува дека амброзијата е широко распространета...

Continue reading

благодарница за Илинден

Благодарници за докторките кои спасуваа животи во бродската несреќа

Post Views: 0 Еден ден пред поменот за жртвите, градоначалникот на Охрид Александар Петрески денеска се сретна со двете докторки од Србија кои нештедејќи се први пристапија пружајќи им помош на повредените во бродската несреќа на 5 септември 2009 год.  Првиот човек на Охрид им врачи благодарници на д-р. Гордана Димитриќ и д-р. Жаклина Спасиќ, од Србија кои учествуваа во спасување и жртвите од бродот „Илинден“. Д-р Димитриќ и д-р Спасиќ, се присетија на кобниот 5 ти септември кога сосема случајно во Охрид дошле на одмор. Раскажуваат дека кога се случил немилиот настанан тие  биле на...

Continue reading

trotoari

Улицата „Питу Гули“ заборавена од надлежните

Post Views: 0   Улицата „Питу Гули“ заборавена од надлежните. Ова го тврдат граѓаните кои живеат на оваа улица која се протега од кружниот тек кај болницата па се до новата автобуска станица. Тие додаваат дека оваа улица е многу прометна како за сообраќај така и за пешаци посебно сега кога започна учебната година, а тука се наоѓа едно од најголемите основни училишта, „Христо Узунов“. Учениците сакаат што побрзо да се направат тротоарите за да не газат во дупки. Повозрасните пак велат дека улицата наликува на селски пат. Од Секторот за коминален развој објаснуваат дека „Питу Гули“...

Continue reading

spasuvaci

Успешно лето полно работа за Црвениот Крст од Охрид

Post Views: 0 Зад Цревниот крст од Охрид уште едно успешно лето полно со работа. Спасителите на планина и непристапни терени, спасителите на вода и медицинските тимови на Црвениот крст од Охрид, оваа туристичка сезона со рекорден број интервенции, речиси дупло повеќе од лани. Така Спасителите на планина кои го обезбедваа Европското првенство во прецизно слетување со параглајдер, имаа три посериозни интервенции и преку десет интервенции на укажување на прва помош на самите учесници.Спасителите на вода пак забележаа дваесет и три интеревенции на извлекување давеници од Охридското езеро...

Continue reading

knigi

Школската година започна

Post Views: 7 На првиот училишен час на кој на децата им беа поделени учебниците, наставниците и професорите уште ги информираа основците и средношколците и за останатите наставни помагала кои ќе им требаат за непречено одвивање на наставата. Најсовесните уште утрово ги затекнавме во книжарниците низ Охрид. Раководителот на книжарницата „Просветно дело“ во Охрид, Димитар Саков, вели дека уште рано утрово се почуваствувала училишната атмосфера. Тој додава дека нема потреба од гужви и нервози за набавка на училишен прибор и работни тетратки, затоа што од се што треба за учениците, имаат...

Continue reading

Fejzo Shemo-DZS

Фејзо Шемо-единствен ром-државен службеник во Охрид

Post Views: 0 Ако не се обидеш, нема ни да успееш. Веројатно никој не го знае тоа подобро од Фејзо Шемо од охридската канцеларија на Државната дирекција за заштита и спасување. Се чини полека станува минато времето кога припадниците на ромската заедница беа закотвени на маргините на македонското општество. Благодарение на Декадата на ромите, но и личната упорност, Фејзо Шемо веќе четврта година е државен службеник и посветено и успешно ја врши својата работа на помлад референт за обука, тренинг и мобилизација. За оваа позиција тој случајно аплицирал на отворениот конкурс на Дирекцијата...

Continue reading

fontana

Градската фонтана позелене

Post Views: 9 Фонтаната кај Чинарот наместо да го краси го нагрдува Плоштадот, велат граѓаните. Тие додаваат дека уште со нејзината изградба во 2003-тата е направена голема грешка. Фонтаната со нејзиниот многуаголен облик  на граѓаните и туристите им наликува на НЛО објект. Но, не е само изгледот она што им пречи на минувачите. Тие реагираат и на нејзината чистота. Некои од нив велат дека фонтаната е вистински жабарник.Други додаваат дека за нејзината чистота треба да се грижат и граѓаните ,а не само надлежните. Од ЈП „Комуналец“ велат дека состојбата со фонтаната е ваква кава што...

Continue reading

drvo

Надвисната гранка опасно демне над паркинг простор

Post Views: 8  Повеќе од два месеци скршена гранка е  надвисната  врз паркинг просторот  во близина на Горица 3. Гранката е сериозна опасност за капачите кои доаѓаат на плажата и ги паркираат возилата без да ја забележат. Оштетените гранки и дрвја ги отстрануваат службите на комуналец, но  само со дозвола од комисијата од одделението за животна средина,  кажува директорот на комуналното претпријатие Сашо Алче. „Проблем се дрвата кои се  наоѓаат на површини кои се во приватна сопственост без разлика дали станува збор за правни или физички лица. Јавното претпријатие нема право да...

Continue reading

mulj

Наместо муљ кој ја загадува околината, квалитетно ѓубриво

Post Views: 1 Проектот кој пред неколку години го започна раководството на Р.Е Колектор  е во завршна фаза и дава одлични резултати. „ Може отпадот од пречистување на отпадните води да биде ресурс за одредени производи. Ова ни отвори многу интересни врати и за време на тие испитувања кои ги направивме во многу институти и надвор каде се обративме да ги утврдиме нашите резултати дојдовме до констатација дека отпадната муљ како тежок ризичен отпад за околината дојдовме до констатација дека со многу ефтина инвестиција и технолошки капацитет лесно за изградба и доизградба во делот на...

Continue reading

blinker

Се враќа блинкерот во Охридското езеро

Post Views: 23 Се враќа ловот на пастрмка и белвица со блинкер во Охридското езеро. Овој некогашен, можеби и подзаборавен начин на лов на риба, охриѓани, стружани па и останатите страсни риболовци, со душа го чекаат околу осум години. Директорот на Пастрмка 2012 Ристе Танасоски, кој деновиве и официјално од страна на Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски, беше назначен за концесионер за стопански и рекреативен риболов, вели дека им претстои период на одговорна работа. Танасоски за 8 ми септември го најави стартот на блинкерот и појасна што треба да направат...

Continue reading

sovet

ЈП Ниско Градба ќе го поднови возниот парк

Post Views: 5 Советниците ја подржаа предлог одлуката за набавка на товарни возила –фургон и со тоа му овозможија  на ЈП Ниско Градба да го поднови својот возен парк. Директорот пак на ЈП и пред советниците и пред новинарите ја објасни потребата од купување на овие возила. Тој вели дека само на овој начин можат да се ослободат од старите возила и со парите кои ги даваат за поправка да набават нови.   „Се работи за набавка на товарни возила Фургон по пат на лизинг, кој би траел 5 години, а ратата  по возило би била околу 10 000 денари месчно. Тие возила би ги заменале сегашните стари...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top